Си седам јас така си гледам Сител и дур беа рекламите реков Џанам да завршам некоја работа. Зедов испеглав, иштиркав, го исчистив бурето од расолница, замесив за погача, гашчите беа извриени в лонец ги истрзав на рака, ги спружив, доплетов левата чорапа за зимава, се издепилирав ама само на препони зш немав појќе време продолжи филмот.

И убо шо рекламиве ме начекаа спремен. Знам еднуш ми се деси неспремен да ме фатат, се бев нешто навалил и го имав поткренато троседот да земам нешто од под него и водетилот рече:“останете така после краткиот блок на реклами продолжвиме“ и после 45 минути, после блокот, јас уште останав така неможев да се испрам и завршив на физикална 20 дена. Зато секогаш требит да си на штрек ко ќе гледаш телевизија.

А гледајќи телевизија слушнав нешто шо ме потсети дека некогаш некој рекол „останаа да се испитет вселената и чоечкиот мозок. Вселената ќе се испитат ама за мозокот не сум сигурен“. И стварно е така. Ела најдиму го крајот на мозоците например ко ќе произведвет глупости кој навистина те терет да поднапишиш нешто во колумна.

И сега не е крива мама Есма шо и се паднала таков мозок кој и произведвит глупости преобразени во зборој на малограѓанштина, завидливост, глупост, кој како нус појава кај слушателот можат да доведат до дијареа. Ам пустана мама Есма како немат сфатено дека мозокот и е програмиран за пеење, а за друго а отвори уста, а скина зелена.

Шуќур шо во советот не се зборвит српски кизнајт како ќе изгледаше ова зелена на мамичка Есма. Ај шо беше против салата да се крстит на Тошка туку даде свој предлози како: Васка Илиева, Александар Сариевски, Виолета Томовска, Никола Бадев….е сега зш убо ја разбрав овде фалит уште едно име…Есма Реџепова. Дан у том грму лежи зец?

И конечно задоволство од фрлањето на крстот. Сегде низ НСРМ посебно во Охрид. Ете немат појќе шо да се јајт трици наместено ова она. Конечно го менавме фрлачот, конечно се фрли на неутрално место и конечно за прв пат го фати варошанец. Аферим. Нека ќутат сите.

И така ќе е од сега во Охрид зш се отвори пионерска школа за тренинзи за фрлање на крстој. Алал да му е на тој шо шо му текна да се тренират во градинката “Јасна Ристеска“ во Охрид. Деца облечени во мантии, демек свештени лица, крст кој се фрлаше во корито кај шо ги капет оние од бебешкиот одел, џанум и им го мијат газето ко ќе се покакет и нормално фаќач на крстот. Толку било убо шо од година и Љотевци ќе скокале во коритото. Само едно не разбрав. Дал “свештеници“ беа донесени во објектот со Ленд Ровер или Ленд Крузер.

Ќе забораев. Работиве полека полека се средвет. Еве со државнава админстрација. Се воведе една мала но ефикасна процедура за да се станит државен администратор. Не е за парите, да им се прднам на парите, шо се 300 евреи за нас, туку ќе добиеме ептем образовани административци, а пред се здрави.

Морат да знает англиски. Значи да си положет TOEFL, кој коштат само 150 евра. За него не е проблем то е вагинален дим за да да се полижит. Е малку, нагласвам, Малку ќе е подолга процедурата за другите работи.

Пред се ќе требит оние кои сакет да конкурирет да поминат некој медицински прегледи. Да добијат психијатриска потврда дал се нормални шо сакет да конкурирет во државна админстрација. После то да ги пломбирет сите заби шо имет кариес, па ќе им се зејт примерок од желудникот да се видит дали се подложни на ждригање или не. Преглед на кардиоваскуларниот систем ќе е обавезен.

Морат да се достават примероци од урина и измет, ехо на бубрези, простата (ак си машко), јајници и матка (ак си женско), проверка за дустабан и можда најбитното да се напрајт колоноскопија, како И преглед на чмарот. Ова морат да се видит ради надворешните и внатрешни хемороиди зш специфичноста на административникот во работата е седење на стол.

Е сите овие резулати се комплетирет со дипломата за зафршен TOEFL, со си фрлените 300 евреа, се редат во папка и се конкурират. Ако те примет арно ако не, цела папка со документи мојш да ја приложиш во НАСА или мојш да си ја напикаш во дебелото црево преку чмарот, кај шо ќе се и 300-тата еври и ојш на короноскопија да ти кажет кога ќе си умриш од мака.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.