Абе ко ќе ти е судено да те онадет гашчите само падинет. Пооооо шо баксуз ќе бев. На Лезбос да одам маж ќе ме масират. А таман се спремив све. Спакував куферите, то камери то апарати, нарезаци, паштети, кромид, две чешнина лук, гс папир, слика од Латас, факту за хемороидиве зш планирав долго да патувам и уште некој други работи кој секој светски патник ги земвит шо се основни…..и фурка…Министерството за надворешни работи даде препорака ради безбедност да немојме ние светските НСРМ-овски патници да ојме во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја. А окапавме таму.
Как не заминав порано ексик све да фатит да се невидит. Посебно ми е за Гвинеја. Какви журки таму имаме терано ние македонциве то не е нормално. Абе окапав во Конакру на Атлантски океан. Море капи се, море салта, море од онај мостон скокај ласта, море журки со македонски народни песни, зш ние НСРМ-овциве кисневме таму. Ама шо да прајме. Ете та ебола пуста пустина да фатит се прошорвит. Ќе мораме ова година да не ојме Гвинеја, ќе си сејме НСРМ ќе си фатиме Листерија.
Гвинејциве си ја зезнаа туристичката сезона. Е за разлика од нив ние мојме да речиме дека ова година ни е успешна. Не се смеј. Имат факти. Ова година за 35 % се намалени повраќањата на малолетните лица и испирањето на меојте. Просечната старост на посетителите во Охрид за разлика од лани кога беше 15 и пол години ова година е крената на цели 16. Шо значит дека полека се движиме кон елитен туризам.
Елитните туристи се појќе и појќе ги посетвет екслузивните ресторани како лебарите и јадат традиоционални македонски производи, како кифли и то по три, гевреци, а некогаш дури се расфрлет и со буреци. Досега никого немаме убиено од туристиве…е сега едино неколку мали тепачки и она шо беше пред некој ден со мали ноженциња. Та била та не. Една ко ниедна. Болницине од повредени скоро и да се празни.
Кај шо ја спомнав болницава во Охирд. Уба работа на Колета министеров шо објавуват кој колку прегледи од докториве напрајле. Абре да се знајт кој косит кој вода носит. Кој прегледвит кој си ја/си го драпат. И гарант на тие со шибет со многу прегледи ќе им ја кренит платата до небеса.
Зш види не е исто за една недела 82 пациенти да исчистиш во ушите од коломаст или 5. 82 по 2 уши 164 уши, по 50 грама коломаст 8200 грама или 8 кила и 200 грама таман за три кила свешти. Како ам. Или пак на урологија. Најмногу прегледал доктор кој прегледал 49 пациенти. И сега проста математика. 49 пациенти по две мадиња, то се 98 мадиња, по 50 грама прфут…..ехеееехееееее……урна со пепел.
Само вака министерот ќе имат преглед на то колку слушаме, колку ни се потечени мадињата од ветвења на политичарите, колку се скренале од сиромаштија во НСРМ…..и уште многу други битни информаци за подобрување на медицинава. Смртноста на пациентите и условите во кој работет докторите ќе ги средиме некој друг ден. Ова е сега побитно. Прфутиве и коломастот.
Убо шо Али Амети не ошол на преглед зш изгеда имат големи мадиња ко дисаѓи. Зш од негојте ќе се собереше прфут ко брашно за цела пекара. Иначе ако немат немаше да му речит на амариканскиот амбасадор во НСРМ Пол Волерс дека Хорхе за него и за неговите загрозени албанци дека е никој и ништо и немојт да носит одлуки за иднината на овај кутрички народ во нивно име. Како шо рече загрозениов појќето од неговиот народ не гласал за Хорхета и за нив тој не е легитимен председател на НСРМ. За да се спроведит рамковниот е а за ова не е. Ова му испадвит дека шок Али сакат да се таквит а да не му влезит.
Мада рака на нога и Хорхе не остана должен и му рече: “Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија“. Ќе му речит ами како. Ако Амети имат мадиња да тресит зелени Хорхе имат гс да му вратит. Ќе си пикнит едно факту ќе избројт до десет, ќе земит длабоко воздух, ќе избројт до 10 и од време на навреме ќе му го плеснит в очи на Алија.
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.