Сиромаштија, глад, се позачестени „посети“ на контејнерите, за да се преживее. Од челик да си ќе пукнеш. Не можеш да си дозволиш да избереш да живееш. Неизмерен е човечкиот напор за излез од безилезноста, за надминување на ваквото секојдневие. Пак и оваа светска економска криза мораше токму сега да не нападне? Скапотија, дојде време кога консумацијата на лебот станува луксуз. Животот е поскап.
Мамурно, откако дождот ми го разниша цврстиот сон, се разбудив со нова надеж во новиот ден.Којзнае ,па можеби токму денеска е крајот на маките? Рутински обврски, но може ли денот да се започне без шолја кафе? Секако дека не,не може да се избегне ниту прелистувањето на веб сајтовите од каде се информираме за случувањата во светот? Најнови вести, политички партии, занимливости, футурама, здравје и убавина и се разбира црна хроника. И без да трепнам зенициве патуваа долж статијата: ”Маскирано вооружено лице сред бел ден, нападнало средновечно лице изнудувајки му пари. Нападнатиот немоќен да се брани го отворил паричникот, во кој имал 250 денари. Разлутеното маскирано лице во тој момент грабајќи по парите како да се неколку илјади евра со тап удар во главата го усмртило човекот.”
Морници ми помина по телото и сама на глас се запрашав : Колку чини човечкиот живот? Дали цената на човечкиот живот ни помалку ни повеќе е само 250 денари? Дали толку треба да платиме за да живееме? Па таа сума компарирано со некој артикал од најблискиот супермаркет е еднаква на цената на една замрзната кокошка .