Бре бре бре по копуци, ашлаци шо ќе бевте вакви? Абре месец дена ве остајв сами и ја испосравте работата. Колку сте неспособни ќе требит по еден Македонец да идат со вас газот да го ви го бришит зш едно едно се кашкате. Само за гомнејнци сте родени. И би ви пуштил ама нас Македонците не ни е во душата, во карактерот, во менталитетот да ви ги трпит вашите гнасотилаци, а не пак 30 години да ве гласат.

Абре убо си се договоривме пред да одам на одмор. Ви го најдов најдобриот режисер на светот. Саки. Нему вода мојт и Карпентер да му ности. Карпентер потона брод од 200 метра ама Саки со брачед му Коки фтонаа држава со 26 000 квадратни километри. Подобар режисер на соне. Го реинкарниравме Милтон Манаки. Оки. Од бизнисмен, по старо, сега се викат крадисмен, стана најјак признает и докажан камерман.

Башка од Република Гулаш имавте секојдневни навремени и корисни совети од сценаристот Коки. Ете Саки го зеде сценариото и напрај невидена холивудска прикаска. Дојдовте кај мене со прекрасно сценарио и режија на чело со Саки побаравте да ви најдам глумец оскаровец кој ќе се прајт на Тошо дека Оки го снимат, ко шо е во Кокиното сценарио, и ви го најдов. Газоки алијас Боки. Е веќе подобар од него амин.

Со време го пуштивме да ојт кај Муртиноки, кај Какица и кај други окиевци да стекнит доверба за да мојме да го напрајме филмот. Ви најдов и жртва ко шо е во целово сценарио. Какица. Ајде прошетав низ народов им украдов пари на народов, како 30 години уназад дa му ги дам на Оки и да почниме со филмов.

И шо напрајвте вие? Ко даму реков на Саки, чим заминам на одмор одма да стрескотит….АКЦИЈА. Ам ви реков почекајте ме да успејме како шо нареди гулашарот преку Саки да се снимит јак трилер криминална трагедија. Ова испадна како “Снежана и седумте џуџиња“. Е не се рушит така лесно Муртиноки со детски филмој. И ви реков. Прајте шо прајте убо да го заштите Боки. Искрено му го штитевте грбот ама ви нагласив да му го штитите и газот. То ти е. Убо сценарио, ама слаба режија. Ете ви кажав и се надевам македонскиов народ не ме разбра зш зборвев во шифри. Знам глуп е.

Не…искрено не не биват. Абре немат работни, немат луѓе шо мојш да вервиш шо ќе ти се лојални, шо мојш да им остајш работа да заминиш негде, а да си сигурен дека работата ќе ти е завршена. Уф ќе се огрешев према работниците шо ги уапсија Охрид. Алал да им е. И покрај забрана дека е дивоградба луѓето напраја жртва и ризик. Уште ко рекоа дека без да знајт газдата, без да им речит тој, граделе, се мачеле, ризиквеле за дур е тој на одмор да ја завршат куќата и да го израдвет, е навистина се намовнав, се расплакав се размрсулајв и се потпосрав од радост.

Уште газда да им беше Силванева Бонева па ко ќе дојдеше да речит: Аиииииии, па ја не сам знајала дека од мојто нужник никнала куќ`та, аиииии без да знаа ам јас сега имам си куќаренце огромно на мест`то на ќенефоо мој…. малееееееее“.

Е тогаш ќе беше како “Сјај у трави“….намовнување, плачење, ред солзи ред мрсули, среќа…и да ти кажам можда ќе успееја да го менат Коста. Три градежници и Силванева ќе успееја да срушат фукнционер.

А вие? Вие ги имавте сите предиспозиции, услови, сценарија, престижни глумци, алчни луѓе и шо напрајвте ….се испосравти со газојте отворени….да ми простит ЛГБТ.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите