Е многу работи ми фалеа дур не бев тука. Многу. Абре дома си е дома. Ама како ми фалеа Али Риза, Лејла, Огуз, Џеврие……ептем. Еееее денови ли се денови аргатски маки големи поминати без “Кога лисјата паѓаат“. А ми фалеа зш некако ми се блиски. Народни. Реални. И таму како кај нас имат лигаење, лоша свекрва, катаден разводи, сиромаштија и миленциња.

Е зато си седнав одма ко дојдов да ја гледам првата епизода после моето отсуство. Арно ама зш ме чекат уште една обврска, нова колумна, морав да се запознам со приликите во нашата независна, уште малку самостална и економски никош стабилна Република Македонија. Да бе. И првите 45 минути од лисјата, дур траеше “вчера гледавте“ му ја писнав на интернет по ова веснициве недели уназат, унапред, вуспич пругоре…од сегде.

Опаааааа. Излегол. А страв ми беше некоја офтика дан ме фатит пред да го прочитам. Мануал гајд за на доктор. Шуќур. И сега да си знајме како ќе ојме кај нашиве ветеринари. А не ко уплашени германци им прајме шашарма та на сестри та на доктори.

Значи……Вака. Ак ме фатат хемороидиве одам на матичен ама тој немојт да ме пратит одма на болница. Мхм. Тој ќе ми дајт, така пишит овде, упат до специјалист за хамероиди…ваљда хемороидолог. Да. Тој ќе ми ги изнапулел и ако мојт со апој арно ако не тој и само тој ќе ме пратит на специјалист за екзекуција на хемороиди. Виш како било. Абре све со ред. Зш немојш ти како ќе ти прднит да извајш то хемороидот и по ходници како со цвеќе да се шеташ. Не така? Мојш да згрешиш и да се бапниш на гинеголог. Пример.

Е сега овде пишит дека ако имаш охридски хеморид, како мојов, матичниот немојт да те пратит директ во Скопје. Виш мајката. Скопјани не примале хемероиди од внатрешноста. Премногу имале нивни. Е сега ти како пациент си имал право да бираш кај кој хемороидолог да ојш, кај онај за дебели, за посинати, кратки долги и.т.н. хемориди. Мајката. Значи мојш да си бираш кој ќе ти го гледат, хеморидот, само немојш одма да се натртиш со чмарот кај скопјанец. Скраја да е. На скопјанец да му се нартиш. Ојде и хемороид и дебело црево и све. Как да е. Важно да паднат хемороидите. Ко лисјата.

После викат вака…ако хемороидот тие е  стален, да не речам хроничен и ако ти било закажано сецкање ама ради голема побарувачка за хемороиди не ти бил твојот сецнат, матичниот можел одма да те пратит директ на сечење. Е аферим. Ова медицинава наша се средвит. Алал да му е и на Колета, мислел на нашиве хемероиди. Како шо ги среди професориве така и хемороидиве ќе ни ги зауздат. Ќе ни ги третират да ни паднет. Ко лисјата.

Опаааа…..загарантирана минимална плата. Цели осум иљадарки. Абе ова Македонија дур не бев тука се расрљала во прогрес! Само овде не разбрав една работа. Дал овие осум иљадарки се минимум загарантирани или пак минимум е надежда за осум иљадарки. Ко игра на зборој да ми е. Ама пак јас би рекол како и да е чим се спомвет бројки за плата нека си стојт. Зш та минимум и та главнимум да е, осум се осум. Осум неможат да се четири како шо сега земвет многу македончиња. Не така? Как да е амо со  помин да е. Значи уште една бариера падна. Ко лисјата.

Евааааа……. ф`тнале со болницава наша. Нц нц нц. И сега?  Ќе ја рушат? Ќе ја корегирет? Ар не играјте си алооооо. Средвите ја работата. Не ви викам за нас. Зш ние се навикнавме со без болница. Навикнавме да им го креваме наталитетот на стружани. Да ваѓаме слепи црева во Струга, камења од жолчка…Навикнавме на ренген да ти се дерит онај пашана зш сам бил остаен и дека зато е бесен како Џеврие на Нуниш ко ќе и затворит на телефон. Повисока била. Ах да беше од Фијата ко  ферари некој булдужер ќе ја збришеше. Ам чекај сега. Мирен. Сега се сетив. Кај ќе се напучиме со хемороидиве. Кај ќе ни ги кинет. Нигде? Ам тие, мислам на хемороитчињава наши, неможат сами да паднат. Ко лисјата.

Тииии да ти се пљукнам на ова лисјата. Уште не се почнати. Сега сум во трилема. Да сурфам, да свртам на прва да ја гледам прослава од 8- септември по 457 пат или да  чекам овде да почнат лисјата? Сепак лисјата. Мада да ти кажам право се дупнав од гледање и никако да паднат лисјата. Ар се менаа сто пати годишниве времиња и никако да видам како паѓет лисјата. Жими тебе. Побргу хемороидиве само ќе ми паднет отколу лисјата.