Ар чекај батали то. Имаме поважни работи. Е како шо? Празник е утре? Додуше на народов наш 30 години му е. Од сите пратеници, актуелни и од минатите состави. Зато сите да се поканат на ненародна забава. Морат море да им се оддолжиме за све шо ни прает 30 години.
Ам сега рака на нога тие организираа скијање на сите пезнионери над 80 години во присуство на двата родители. З`ш пак ние да не им организираме екскурзија на велмешки дуљци. И то неморат со родители. Сами.
Аце наш ко нај јак опозиционер мораше да ги откажит масовните протести за заштита на македонските национални итереси, зш ќе не бранит од европарламентон сега . Додуша пак ќе се борит ама од таму. И можда протестите од таму ќе се најпрепоептем масовни. А јас ко ќе заминам за Дубаи ќе се искинам во борбата за просперитет на НСРСМ. Мамата ќе му плачам на Цукенберг со постој на ФБ. Ќе виш.
Е сега ме кладе во незгодно ама ќе пробам да образложам. Ако морам да бирам фаворитен премиер од последниве тројца, на прво место го редам Зајко. Да бе шо се чудиш. Одлучувачки за овај мој избор е прво шо чоекот не лажит. Уствари незнајт да лажит. Го гледав се мачеше да не лажит ама ете. Немојт. Некого ако не го биват за нешто не го биват. Не да се трудит шо сакат нека прајт. Еве Зајко многу се трудеше и ништо не напрај. Исто така од тројцава само она знају да причаме по спрсковима. Јаким добро.
Е сега. Една изјава на актуелниов Ковачески кај мене го смести на трето место. Рече дека од спортот го сакал само трчањето и кај мене падна. Прво и второ како премиер во нашава држава како премиер кај и да трчаш со глата в ѕид ќе мавниш. Прво шо е мала. А од секоја страна имат по некој ѕид. Од една НАТО ѕид, од друга ЕУ ѕид, од трета Хелас ѕид и на крај најголемиот, потпорен ЕУ ѕид.
Грујо кај мене е втор и зазеде место подолу од Зајко само заради шо појма немат од српскима, а место погоре од актулениов ради изјавата шо ја даде во времето дека све го интересират од спортот и го упражњават. Све сакат да играт. Прво сакат све и секого да возит. Да бе и точак. После: стоп мамама, котката питката, бинек, уметничко лизгање ама наназад, ѓуздија, пипни стој на мој, а нај јак испадна во криш миж.
Како? Ам кој сегмент да го земам за одлука ако не спортскиот? Во НСРСМ, само се мавет клизачи, секој секому му мават банани, секој стана судија и судит како ќе му прднит, пенали, а народов цело време ја играт македонската традиционална малска игра. Пучи газ.
Џими
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите