Би 2014 година. Би и помина. Ќе дојдит 2015 и та ќе би и та ќе поминит. И нас ќе не немат велет старине. Да и нас ќе не немат ама Охрид Њус ќе останит. И не само шо ќе останит ами и будно сите настани ќе ги пратит и објектовно ќе извествит. Под будното око на сите во екипата нааааааа како кромид оџвргалено немојт ни слон да ни поминит во продавница за кристал, а не гашчи жолтосани. Абре втор ден да не ти се менати одма ќе приметиме и ќе те натртиме во редојве наши.
А пусто ко ќе ми текнит ова година како почна, а сега веќе поминвит, солзи на очи ми идат. Ко лешници. Еееее доживеаа и нашиве пензионери над 73 години да одат на зимовање беспари….ееее ко ќе ми текнит каков бизнис напрајв со вештачки колкој. Оф оф оф. Ама и Охрид се вклучи во то…да даааа Васе им кладе лизгалиште на плоштат. Пак пусто то лизгалиште ги раскара Димитара секретарон и Дејана Блажески од ЛДП.
Дејан му рече дека овај незнајт да лизгат зато не пробвит зш ќе го скржит мразот, Диме му врати дека Дејан незнајт да играт били, овај пак му рече дек се мочат во спијање и Димитар поднесе тужба за душевна болка. Е ако де. Дејан ќе му платит, а овај ќе ги дајт во доброволни цели, за купвење на душа некој ко ќе ти нанесит болка.
После рсна многу важна вест кај паднала парата ко сме ја вртеле. Ги спомнав сите важни политичари ама зш за мене јас си сум најважен да ве отсетам дека кај мене кај баба Дуфка му падна на стрико Ефтим, кај стрина Јосифица му падна на золвае од брачедае Ника, шо и е јатрва на стрина Коприна, жена на стрико Методи, шо му е зет од две сестри за прва брачеда на тетин Никофор. Е во то време вакви вести беа важни за просперитетот на НСРМ секако и на Охрида града.
Аааа ќе забораев. Прв пат ова година му затнавме муцките на сите шо ни велеа дека го местиме крстот ко ќе го фрламе. Да да конечно задоволство од фрлањето на крстот. Сегде низ НСРМ посебно во Охрид. Ете немат појќе шо да се јајт трици наместено ова она. Конечно го менавме фрлачот, конечно се фрли на неутрално место и конечно за прв пат го фати варошанец. Аферим. Нека ќутат сите.
И така ќе е од сега во Охрид зш се отвори пионерска школа за тренинзи за фрлање на крстој. Алал да му е на тој шо шо му текна да се тренират во градинката “Јасна Ристеска“ во Охрид. Деца облечени во мантии, демек свештени лица, крст кој се фрлаше во корито кај шо ги капет оние од бебешкиот одел, џанум и им го мијат газето ко ќе се покакет и нормално фаќач на крстот. Само едно не разбрав. Дал “свештеници“ беа донесени во објектот со Ленд Ровер или Ленд Крузер.
Една работа шо ме бендиса е то шо ги елиминарвме скопските загадувачи на дишателните и пулателнините ограни. Да да. Им забранивме да спружвет гашчи и то важеше само за нив. Зш види. Ебати гашчите шо ги носам ак не ми ги видит никој. Изнакупив секакви. Не оти разбирам шо пишит ама ми рекоа дека се модерни. Имам со Мики Маус, си купив со touch me here, после со lick it or leave it, look me in the ass уоu`ll see yourself…..и многу други ….не оти знам шо значат ама сум во тренд.
Ова беше првиот чекор кун средувањето на Охрид за спремни да ја дочекаме летната сезона. Уште во март ко му писна пајакон да креват коли една кола не беше остаена кај шо не требит. Дури ние охриѓани сме и дикатлии, пазиме на секој детал. На фискалната ко ќе те репнет за да ја вратиш колата пишевме ДОЈДЕТЕНИ ПАК.
Со пуштање на најмодерната болница во НСРМ, мислам на охридската ни се унапредија односите со задрвствените работници. Имавме редовни односи дури и преку СМС: “Мој термин“…Почитуван/а, Ве известуваме дека на…. во… часот… имате преглед на ОРЛ во Болница во Охрид. Ве молиме почитувајте го закажаниот термин“…. опс уште еден СМС од терминов: “Дополнување..почитуван/а ако не сте во можност да дојдите, во закажанио термин, пратете го вашето болно ушенце, ќе го прегледаме и ќе го исчиситиме. Истото заедно со препишаната терапија и со си коломаста шо ќе ја извадиме ќе ви го пратиме по брза пошта после коломасно-вадителниот зафат.“
Едно време малку срцето ми застана ко рекоа дека ќе го урвет мостот на желбите. Си реков да ти се прднам на судбината единствено место на планетава е мостов кај шо мојш да посакаш желба како македонец, а да не јајш по кикирка и то сега да ни го земет? Нејсе. Сватија дека нашите желби и да ги посаквиме се нормални за луѓе кои се од НСРМ, како да имаме леб кој ќе ни трајт три дена, да имам да платам за вода и нискоградба, да мојме како секој нормален чоек во светов бар еднуш на шест години да си купаме од гашчине 3 за 100 и така го остај ја.
Уф како ќе забораев. Охрид доби спасител кој до сега не се родил. Субрата Рој. И што ти е море завидлак еден низаеден одма афери за чоекот. Абре одма. Викет а тој уста отворил, а тој излажал а ние сме се посрале. Тиквари. Да не ми го чепкате македонскиот месија.
Го уапсија чоекон зш измамил некој народ за 4 милијарди евра и одма кампања во НСРМ, лажго ваков таков. Мирни. Не лупајте ко Максим по дивизија. Тој шинал некој кокошкари таму шо немет грам мозок, шо се глупи како тезгериња, а ние не сме такви. И да го осудат и да го обесат тој нас ни вети милијарди за кај нас и нашите си стоет.
Е едино шо ме изнервира годинава шо ја праќаме во неповрат е шо кладоја многу легнати полицајци. Не не ради полицајците. Туку тие напрај ја никогаш да не посакам да станам жена. Зш нејќам да сум жена. Нејќам. Не ради пораѓање мораѓање, градиште мадиште. Не ми сметат. Од пет пороѓаи два имав со царски, еден со кралски, еден со нормален рез и еден нормален природен пороѓај. Значи не се работит за то. Не се работит ни за менструалниот циклус шо е секој месец. Никако. Ехееее се имам сечено пресечено и имам крварено како кокошко в када недозаклана.
Абе едноставно нејќам да врвам на легнат полицаец со 60 км на час. Абе нејќам седиштето да ми е тргнато толку напред како да општим со воланот. Абе нејќам ко ќе го вртам воланот однадвор да изгледат дека бриџам џам. Абе нејќам ко ќе поминам на легнат полицаец со предните тркала да свирнам со цицкиве, а ко ќе поминам со задниве да манам со газов на потпирач, а со глата в плафон.
Абре луѓе чудо е ова со женскиве шофери. Да се набиеле со седиштето до шофершајбна санќим требит трага од карминот да остает. И друго не ме бендосвит. Ко ќе се разминвам со жена шофер незнам дал седит на волан и ја возит колана или на хауба седит па колана нејзе ја возит. Незнам дал та је возит колата или колата ја турката неа. Едино шо не им змаервам е то шо ќе паркирет мавет в ѕид ама не се криви тие. Зш мажите ги лажет дека 15 сантими се многу. Нејќам да сум жена. Нејќам.
Да не заборајме. Се средвит Охрид. Ааааа немат мрдање. Од лани до годинава посреден па да не речам ама многу. И уште појќе ќе се средит од годинава до година и то благодарение на то шо им текна да клает табли за ние граѓани да пишиме примедби шо не ни се бендисвит во градот , а надлежниве да менат.
Зш тие нас не` слушет. Не оти друго фаќет да работет….чекет ние да напишиме и одма да сработет. Сега не может све ама бар клучните работи. И се думам годинава шо да напишам зш лани све шо напишав средија. Еве например појќе немам киселини, им напишав да го менет ваѓањето на крлежите од газот, да е во насока на стрелките на сатот и многу други битни работи кои се средија.
А и ова финта со пишење на табла е јака работа. Нај продуктивна. Зш тие шо требит да го средет градов неможет да излезет од канцаларија и објективно неможат да видат шо нечинит. А и како да излезе ко во општина во секоја канцеларија имат по 10 вработени, а три бироа и секој да седнит по еден сат да поработит дур се наредет ќе се сноќит.
А најмногу ова година ме бендисани шо охриѓани, додуша и другите НСРМ-овци, ама охриѓани најмногу се бореа за решавање на проблемот со грците на мирен пат. Сите ко ќе се вратеа од Западно Турската Република Грција ако најдеа нивни коли им ги чкртаа ама ние охриѓани не. Паметни сме. Покрај то шо им го отворивме чмарот како Мечкина Дупка туку сами си ги средвевме работите ко ќе ојме натаму. Зш да се замервиме. Нали?
Одма не влез ќе си прашам шо сакет да напрает кај да ја изгребет шо да исчкртет и сам ќе си напрам ќејфски. Како ам. На челово со фломастер, и то син ко знамено нивно за поголем ќејф да им е, ќе си напишам СКОПЈА ПЕДЕРОДОПУЛОС, па на регистрацијана ФИРОМ и СЛАВО….Уште во меѓуграничен простор ќе си ја дупнам левава вена и ќе клам канила, за да не се мачат тие и само шо ќе влезам да почнат одма да ми ја пијат крвта. Нормално пол кило вазелин на газов, да пливат чмаров и уште едно кантиче резерва, зш ај шо ќе сум намачкан јас нек се намачкет и тие шо ќе ме качет, зш не дај боже да ги заболит срцево ќе ми се искинит од жал. И да се разбериме. Немат предавање. Ќе ојме ќе им фукаме париве а тие ак сакет и нека ни зи ги запалет коливе. Како ам. Со нас немат играње. Ние сме непокролив народ. Сега доста ни помогвити вазелинот ама и во душа сме такви.
Абе види. Имаше во изминатава година уште многу убај и паметни работи да се кажат, како палмите со куртони, фрижидери, школки од коли, машини за перење, алки, закачалки и други неопходни претставници од аквакултура во Охридско Езеро кои се битни за неговиот опстанок, како и дотични ендемични кафеави видри во истото, неколку пукања и само мал број на жртви и многу други нешта кои ќе го напрат Охрид попривлечен за лето 2015-та.
А до тогаш ви ја честитам новата 2015 година, се читаме и до година и посакувам здравје и на охриѓани и на скопјани и битолчани абе на сите НСРМ-ОВЦИ. Бидете ми така и до година.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.