Море море тапани, веселење пеење то не се знајше кој плаќат кој пијат. И то да ти кажам све приклучивме на струја. Море електричен тапан, море кларинетот на струја, море гајда електрична, кавал на трофазна….абре директно на пејачот струјата в гас му ја уклучивме наместо микрофон зш така појќе се трошело.
И само менвевме пејачи. Зш испеј една песна спржисе, ајде нов и така..неколку менавме. Абре јагнето на струја го вртевме. Ко ти викам. Четири прасиња на електричен ражен праевме. Две фрливме многу ни беа ама шо те болит бре. Шибај. Нека вртит струјомерон. Алооооо…поевтина струјава. Алоооооо. Све менав дома на струја….ко ти викам. Сега не ми се исплаќат пљачки да сушам на тераса. Не бре. Данк на едно столче пред релнана, нејзе на 300 и од горе и од долу и од средина да бучит да грејт и ќе си се исушат.
Ах бе ми идат да си каснам од едно место шо неможам да го стигнам шо не беше зима. Тииииии…со олку големо поевтинвење на струјава имат дома ко Адама да шетав. Три – четири клими, пет –шест радијатори, сите рингли од шпоретот в крај…..абе на тераса ак не клаев седум калорифери еве на. Си сејш сред зима по гашчи на тераса те шибат топло во газот, а ти си пушиш и гајле немаш. Идат гости , маф то пљачките, по гашчи сите, ваљда чисти и на тераса во декември. Мајко мила. Убајна. Да не знајш кај е потопло. Дома или надвор.
И види. Ги фрлив сите дрва онака. Сакав да им ги дам на некој, ама одма реагирале сите. Ги мафнале шпоретите на дрва, ја испуштиле нафатат за парно да течит по шахтите и сите зеле апарати за греење на струја, термо печки кој осмица кој десетка. И одма го викнав Шулета на сотанок од наша мала да се дововориме за василица колку шпорети и електрични скари да зејме за колбасите. И немат она ко порано оган палење со дрва наредени како купа. Јок брате. Дадовме од сега пари за некој електричен камин. Како ам. Е не ќе му се мислам ќе му се прднам ќе се чадам со чадој, а овие препоептемнај многу ја спуштија ценава на струјава. И да не чујам мрчење дека 4.48% е мал процент. Процент си е процент. Е ај замисли тебе да ти го скратет за 4.48 %?А? Колку ќе ти останит?
Е сега искрено не е све погодено баш така. Ако струјава поевтини ете поскапе шишањето. Да бе. Бар во Охрид. Од 150 на минимум 390 денари, а можда и појќе. Зш то зависит од то колку време ќе те шишет и од липине. Да бе. Шо како зависит од времетраењето и од липине? Е вака. Ојш паркираш во центар и одма матинаш 40 денари на оние алигаторине шо ти се фрлет со фискална. Како трчет пустине јас мислев се залетвит да ме оптегнит со фискалнана в гла и кренав рацеве да се бранам, а тој идел да ми наплатит.
Значи летнаа 40. Ојш кај Иљо да те шишат. Е само кај него е фиксно….150. Немат мрдање. Се сторија 190. Е сега ако имат ептем гужва ….си наебал. Се враќаш кај ламјана со фискалниот апарат и те репат уште 40. Ајде мајкааааа стигнавме до 230. Е сега фала фала , пријатно пријатно, да би се сопнал на лентата , ама не завршивме.
Ако успејш да ја отклучиш колата зш целата ти е кашкајнца од липине, залепена и брава и мава и стакло и све, леташ кај Ацета Батко на миење. Опаа мајка уште 200. 430 до сега. Е арно. Со толку завршвиш ако е дења, ами ако е ношја немојш да ојш кај Ацета тогаш ојш дури утре. Да брате да. И другиот ден то говното од липата така се залепвит шо после мијање Аце ќе морат да ја поминит со полир течност……данк уште 1500. Колку дојдоа?….1930 а? И на толку пари му матинам на Мети бакшиш бар до 2000 да не чекам кусур. Да бе. И ми се фаќат како да бев негде да ми спремет фризура ко да сум Бранка Станкоска, пунџосан, за да присуствувам на промоцијата на алијансана на Бучета. И сега се думам да му речам на Ило да ме манит нуларица за да не одам едно едно да давам по 1500 -2000 денари.
Тих…кај шо го спомнав Бучка. Ко слушнав за промоцијата прво искрено се посрав. Ко рекоа алијанса…си реков чоеков дал е нормален да прајт второ НАТО??? Зш колку шо знам само НАТО е единствена голема алијанса. Ама ко разбрав дека ќе биле нео-политичка движечка сила во државава ми олесна. Ама пак ко слушнав дека ќе вработеле 100 000, ќе отворале со Минчета фабрики …..искрено ојдов в клозет и навистина се олеснав. Е сега ме збуна малку зш тргнаа од Визбегово. Зш каков е авторитетот на Бучко јас мислам дека најпаметно ќе му беше да тргнит од Свирипичино. Как да е. Очеквам да ја решит кризива. Тој ко среди толку тенкој шо остана за луѓе. Знам дека ќе се борит. Баш е нео политичар. Прв пат стапвит на политичка сцена. Само едно му љубоморам. Тој неморат да ојт на шишање како мене….зш одавна е бос….во глана мислам.
[email protected]