„Свирете ми џааалгииииии…„, маче дај уш еден комплет, литар „Периер“ со два литри „Дом перињон“! Да душо ќе мешам. Од радост ми се смеша во умов…па викат..„ свирете ми сееее од срцеееееееее…„ Куки ела, слепец еден,  седни дојди, трескај со нас европејциве. Е не е ова Русија. Не вервеше гнидо една, источњачка. А? Кукло клај во една пајнца од моцарелата ама помуфласана да е, по европ…. „…празник ми е на душавааааааа….„ Мајсторе не го слушам тапанот, ееејјј лупај сељачино балканска, лупај нека пукнат душманите.. „….денес плачам за балканооооот“.

Да ти се посерам на балканот сељачки, да ти се….Чао балканци летнав јас во Европа. Виде е, а?  Не плачи бре брат, немој бре Куљане не мрсулај се. На исекни го од машнава. Ќе напрајт друга баце Кјарден, шо лајна ќе јајт ак сакат дневница да извајт.  Ова е бре само почеток на она шо ќе се….Не се дрецкај одма. „ Бјутице, имаш од фасуласон в тавче со суви чили….Клај душо клај да се претурвит и уште две литри „Дом.“.

Леле, леле ко ја видов Рада. Весела, весела. Расцветана. И имат право бре. Зш конечно го осети резултатот од она шо го праеше. По фацана се гледаше дека го осеќат, насмеана, задоволна. Еве и јас го осеќам. Мајсторе прати сега……„Македонско Радулчеее, китка европскаааа,…“ На увце, квиско еден, да ме гагочкаш со гудалато в плешта, така, така братко. Пи брате Куљан, готово е. Еј шо ти прајт едно мислење. Све ти решават. Ар до в чера ми се чинеше, готово, ја забраздив. Си велам, од кај ќе најдам пари за кредитов, струјава како ќе ја плаќам, бајат леб јадам, кај Сашо запишан фермани, наааа…Ама све се менвит брате готово. Сега подруго е. Европски е. И да не го платам кредитов, а не ќе можам,  ќе одам бре во модерен затвор. Со телевизори, шоља со казанче и ко ќе се капам немат да ми паѓат сапунот, туку шампонот брате, Да, да…И пази. Се навалвиш и од позади баб со профилактикол, а не наголо да те…..Модернизација, братее, Европа брате. Пи сељачино, цицка ти испила.

Маестро пази…„ зашто си мииииии, украла ти детееееее…“. А за струјана. Око нашминкано не ми клепвит. Ене кај комшивкана и дојдоа, трошела малку скапа. Тие нејзе бап нов сат, таа ним бап 20 евра. Чао џаци. Тури уш една. „…а јаааа, јас сам сузама лепиооооо тапетееее…“ Тооо мајсторе не од сељачкине оние шо….Види. Во сашност нас многу не ни требеше мислење. Ние по душа сме Европски растроени и полни со препотинтет. Само јебига ни требеше некој однадвор да ни го вметнит. Слушај. Бајат леб, ама од сега завиткан  во кеса од „Рамстор“ и други такви европски драгстори. Ојш дома, дробиш фелки, електричната рендалка, рендструиш, по европски, ементалерче и готова е нафоричката. А до вчера истиот, златниот, бајат леб му го фрлавме на свињине, аме сега сме во Европа. Немат фрлање. Туку фино лепо, влегвиш в кочина, свињава зжш европска, интелегетна, те препознават и она на тебе: „ Гро, гроооо…“, џанам здраво ти велит. И ти џентлеменски и одвраќаш „Гро, Гро….“, седвиш и јајте заедно. Нафора. Европа е ова бреееее, меѓусебно разбирање на нивоу.

Мали пази сега. Еф дур….„ Не се бели Радо морииии не се…“. А модернизацијава европска уш сабајле ја осетив. И напредоков. Сале ги фрли то тефтерите и лисјата шо се запишвевме. Не ме запишвит појќе. Сега ме типкат. Да бе. Зеде компјутер Пентиум 6 со 1024 рам и двеипол килабајт -гига. Ам како. Иначе дневно по пет пенкала трошеше…..„не се црви Ратке мори, тук се глистиииииии…“. 

Мала, на она маса, кај оние шо ни го покажаа патот до Европа, да, да тие двајцата, тие двајцата шо се машки а во шасност едниот женско, да да, е на нив однеси им литар ликерче и креонче и кармин Ориф Лејм. Дечко акни сега во Му Дур„….Зоштооо си ме мајкооо родилааааа, оф…..“ Така брате, искинија виолината, весело ко секош, расположение до оргазам, тоо…„аман, леле мори, цели живот не си меее…“. Е ова го сакам. Цела кафана на ноѕе. Џумбуз ак не напрајш на ова песна Куљане брате,  на која? На она „..отишо си сарму пробо ниси…“? Селскана? 

Пеперутке, дај на сите уште по една од мене и истипкај ја сметката, па со газдата ќе се интегрираме з’ш тој е истипкан кај Салета за салфетите. Само едно не ми е јасно.Зжш овие рекоа дека требит да ги подобрам односите со соседите. Е шо да прам? Кога и да барет им се пучам. Ам ај кама сутра да им акнам или 69. Брат за крај плеснија она, македонскана, најубана, содржајнана, три – шеснајсет:….„ Ти си черко татииин сиииин…“ тооооо, ритам  „мени ни је битно што си…..“

Џими
[email protected]