Јас зедов, а ти не знам шо чекаш. Абре не играј си со животот. И то зедов од оние најновине гас маски никогаш да не ја ваѓам. Со си нејзе да можам да јадам, пијам, пушам…..Е добро де ќе виш. Јас ти гарантирам дека ќе имат големо загадивање и ќе поцркаме ко глувци ак не носиме гас маски. Ај види го. Абре логика море логика. Јас не сум некој научник ама логичар сум.

Тро и математичар. Ама појќе логички думам. Значи вака: ако зголемувањето на бројот на дупки по нашиве патишта зависит од зголемување на надоместокот за патишта при регистрација на возилото, ако и само ако го дупиш народецов тогаш имаме правопорпорционално зголемување на загадениот воздух со зголемување на еколошката такса при регистрација. Тек шо ќе бидит ако ни акнет такса за кислород Господ знајт шо ќе бидит.

Е само разликата е то шо, ако и само ако зголеменоста на дупките зависит од дупачите во НСРСМ, добро е шо еколошката на такса зависит само од кубиците на возилотото, а не од коњите на возилото. З`ш ако земиш да пресметаш цена на чинење на еколошка такса по гла жител врз коњи во државава, ќе ти свртит во лешникот. Виде? Логика и математика. Зато ќути се и трај си. Не дај Боже имат и полошо. З`ш како македонски непокорен народ морат да ги оправдаме јуначките имиња како Трајче, Мирко, Трпе….?

А? Јунак до јунак. Македонски. Мада овие се од постаро време ама еве имаме реинкарнација во ликот на Кики Мицкоски. Виде како му се испрај на Димета? И то алал да му е на тој шо го советвит така да настапвит. Го канит на средба санќим најавит нова турска серија. Уште 003, уште 002….и на крај ќе му се раздерит ко онај на Анал 5 шо ги најавит турскине серии: утрееееееее, невидена средбааааа, за прв пат во нашатаааа државаааааа, по круцијална од средбатааааа на Зленески и Путииин утрееееее…

Абре немат мрдање со Мице. Јас досега знаев само еден Мице. Глушецот. Ама овај новокомпонованиов ти бил бре олицетворение на храброст. Ти бил аждаја. Ѕвер. Јунак. Арслан. Дури од шо сум поприштен од храброста на овај опозиционер ѕирнав во дигитален македонски речник и најдов уште два јаки поими кои ми го величет овај Мицко како храбар: мадлест и ташаклија. Само требит со тример да се поминит. Да се разголит со вистина пред македонскиот народ. Е тогаш ќе заслужвит да викаме скандираме: Царот е гол, царот е искрен.

З`ш види. Ако Димко не се појавит на средбата јасно Мице му рече дека ќе преземит радикални чекори за спас на државава. Прво немат да му креват на телефон. Ќе го блокират на месинџер. Немат да му лајкат на ТикТок, ќе му анлајк на инстаграм и на крај ќе го преземит најрадикалниот чекор за спас на држвава: на ѕидот на твитер ќе му напишит: УААААА ДИМООООО ( извини ама морам вака Диме уживај си не сум сериозен). Абе јака блокада ќе му манит.

Мада не само наши пулени се храбри и загрижени за НСРСМ. Ги имат низ цел свет. Немат кој не е заљубен во вазната….уф оазата на мирот на Балканов насушен. Храбра и насекирана е и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок која рече дека е крајно време да се почнат преговорите за влез во ЕУ.

Ко ја даваше изјавата мислев дека е „булдог“. Толку многу се лигаеше шо го затна микрофонот. Се загрижи и државната министерка за европа и клима Ана Лирман. Не љубат бе не љубат. Е колку „булдози“ се лигаеа од 22 март 2004 година кога ја поднесовме и апликацијата за во ЕУ. Ееееее. Колку булдози ни се лигаеа во 13-те препораки за преговори…..Така шо од нивното лигаење НСРСМ зарѓа пред вратата на ЕУ.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.