Јас дел од мојата граѓанска должност си ја исполнив. Е така. И сега сум многу среќен. Да бе. Со среќа ми почна минатата недела, уште не почната неделата. Да…. во недела, не понеделник,  зврррр телефонот во 8 сабајле. И уште ко ми кажаа зш  толку рано во недела ми звонат  уште толку се прерадвив. Санќим ја вратија дневната ефтина струја. За да ме најделе дома. Зато толку рано ме барале. Алал да им е. Зш ако свртеле во работен ден немат дома да ме најделе, шо значит јас сум битна алка во синџирот на Македонија. Мада немораше мене да ме барет, пола НСРМ е невработена и дома се кога да и ги побараш.

Нејсе…..ќе трае кратко, само неколку прашања…абе пукај девојко..сега од ко ме оџвргали во очиве ко буф од сабајле ак сакаш и судоку ќе решаваме. А види. Таман оние од Ацета шо е прает општинана за да ги растерет малку, зш само по десет се во канцаларија, потпрестанаа да ми коет клинци в теме, ете се најдоа овие со анкетиве. Најбитно беше шо и првите и последните кажаа дека не се припадници од ниедна партија. И така би. Мене ни на памет не ми падна дека се од некоја партија. Немојш да познајш.

Ете првите ме прашаа шо мислам за неколку кандидати за градоначалник во една листа во која од десет имиња девет и пол беа од ВМРО. И сега ти ојт памет дека тие шо прашвеа се од та партија???? Ма иди  бре бегај. А вторите пак….дали сте задоволни од она што досега го сработил Александар Петрески и што ви фали во малава и градот за во третиот мандат…..СДСМ? Неееее. Некоја независна анкетна комисија која со еци пеци пец реши да ме прашат за Ацета.  Гарант.

Во втората анкета бев пократок од првата. Зш не оти ми фалит нешто. Зш н живеам како да сум во сред село ко на поило со кал до колена, а не во центар. Се навикнав. Е сега се сетив. Тиии како не им реков шо ми фалит, а најбитно е за нас овде во центар но и за градот како атракција. Да бе. Септичка јама. Ете Скопје во центар ќе имат светски споменици,  а ние во Охрид, во центар спетичка јама. Е да ти се плукнам како заборајв. Ваљда ќе прочитет и ќе запишет и ќе ја напрает. Ама да пробет да ја напрает во стил на Букефала. Со сите шартој. И обавезно да клает светла за да мојме да видиме кој комшија шо јадел дента, а странците да се запознает со македонските традиционални јадења. Бинго. Саде ум сум.

 И така завршив со анкетниве комисии, шо ми се јавија пред петелон да пропејт,  кој не беа ни од ВМРО ни од СДС, а искрено немат да им одговорев зш ми рекоа дека двете анкети било анонимни. И се анонимни. Зш телефониве наши не се водет на наши имиња ами се водет под јапански псевдоними.

И таман завршив со нив, како шо реков по неделата дека цела недела ќе ти е уба, би уба. Одма после нив ме начекаа педериве. Уф…не убо се изразив. Вестите кај шо хомосексуалците се навредени од изјаватa на министерот Спире дека нема да дозволит бракој помеѓу хомосексуалци  и посвојување на деца  од истите. Мислам не го разбирам зш така рече. Зш за него то не е нормално?? Све се решвит ако имаш разбирање. Баш ќе е убо. Ќе дојт…пример….брат ти дома ти со снати…или пак можда  со зет ти и со малото. Е ако дојт со снати ко ќе му се цицат на детето таа, тој де, снати де, ќе ојт во другата соба да го нацицат. А ако пак дојт со зет ти тој ќе мезит со тебе, а сестра ти, брат ти де…тој…поточно таа брат ти ќе…..И Спире сакам да те прашам шојмат во ова збунувачки во вакво воспитвење и шо не е нормално??? Глупости.

Како на пирем шо е глупост шо се будант некој дембели не работници шо работодавците барет нова рестрикција на работничките права. Рестрикција ами како. Абре кој век сме море алоо да користиш одмор кога сакаш ти ??? Тој не е твој. Од газдата е. Кој век е море ти да работиш полно работно време, тој да те осигурат на пола, а ти да бараш да те осигурат на цело. Абе крати то правата. Абре со кој сурат бараш ти секој месец да ти давет по 6000 денари? Кај ти дават по шест пак уште секој месец. Шо ќе ти се? НА 3-4 месеци по 3000. Ам како. Не ќе прајш зимница со парите. Пак дојди во 7 на работа пак плачи ко угнетен албанец, ти биле скратени правата, те пуштил дури во 10 навечер. А кој да работит после 7 навечер.А? Кој да продајт 4 мастики, пакло цигари и пакетче куртони? Газдата? Шуплив еден.

И не само околу одморите и работното време. Морат да се напрает појќе измени. Го поддржавам то и да ти дајт отказ, а  да не  те претупредит. Така ам како. Кој си ти  бре да ти кажвит кога и зш ќе те фрлит на улица. Ај замисли си…пример….сношти жена му имала мензис и не му дала, сабајле идат тој изнервират ти ја мават клоцата. И? Да ти објасвит зш. Ам ќе го раскажиш низ цела НСРМ. Или пак идаш ти на работа исчешлан си на лево, а штандот со артикли е на десно. И ај сега кажи ми со такви шишки како ќе го гледаш штандот. Од ова имат поголема причина за отказ? Јасно немат. И шо да ти објасвит тој сега. Абре да смејт работодавецот, кога и да му се кренит притисокот да ти ја манит колоцата.

И зато требит да се пазит ко ќе се барет услови во конккурсите. Само ми е страв дан заборает да клает една клаузула, зато еве јас ќе ги потсетам. Право да имет да конкурирет само оние кандидати  кои ќе наведат во ЦВ-то дека имет по два газој. Едниот да ти служит за физиолошки потреби, а другиот да си е слободен за газдата.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.