Си седам во Ројал со Жанчета и си пијуцкаме Старопрамен. Ми дојде од Америка, невидени 5-6 години и да си поприкажиме шо и како било за овие години. Седнати еден наспроти друг и си чатираме по фејсбук и одвреме навреме за да не пишиме на чатот “хахаххахаха“ некој ко ќе му кажеше на другиот нешто смешно поткренија глата и најсмеј му се на другиот и пак норнисе в телефон.
Едно време го викнавме Крлета келнерон не слика со двата телефони и гледам Жанче објави: ет Ројал вит Џими дринкинг ладно Старопрамен и одма ко од пушка му лајкнав. Јас ја објавив од мојот телефон пет минути попосле, зш дане е глупо сега одма ќе се познајт дека на исто место сме, абе кога стигна одма и тој мене лајк.
Си чатираме ние така, си поприкажвиме, ама мене во умот друго ми ојт. Ко шо ојдов едно време на фид њус гледам булук фискалсни сметки сликани. Си викам мајката луѓево да излегвет со фискални та вака на ангро да се сликет? Ама ко почнав да читам коменти ми стана јасно. То ти се препуцавале рајава во НСРМ кај е поскапо за летово, поточно приложвеле докази дека во Охрид ти било најскапо. А уште понајточно се препукавет охриѓани и скопјани.
Ми требеше време да влезам во штосот. И не ми сметат. Зборвам за охридските фискални сметки. Морам да признам чест на исклучоци дека Охрид не е скап. Не не не се нервирај читај понатака. Охрид дефинитвно не е скап. Абре изгор е алоооооооооо. Ко ќе ми носит келнерон сметка јас го гледам ко талибанец со базука кај шо ми нишанит в чело со она црвенана точка и ко ќе дојт до мене ко ќе видам дека имат само со обична сметка се радвам ко мајка на посрано дете.
Па да…морат да сме објективни. Реков, чест на исклучоци со пристојни цени, ќе се препознает или пак мојш сам да си видиш, чиви тераси се полни и дење и ноќе. То ме думат мене. Еве го 21 јули, а мене во однос на туристи ме потсеќат на 22 мај од пред неколку години. Морат да се запрашаме шо е финтава.
Не е само седни на фотеља, стани градски татко на туристички град, саде менви дрва и драпајго прфутот од тестисите. Очигледно туристичките работници остаени се сами на себе да се борат да донесат некој. Незнам, можда грешам, ако грешам нека изгорам, ама требит да се прашаме шо и за колку нудиме.
Ама пак и друго ме збуни. Толку скопјани беа преокупирани со постирање на сметки ваѓајќи ги од разни портали, некој беа без ДДВ, значи фалц, шо незнам како успеаја да дојдат викендов и да го наполнат Охрид.
Видов и една сметка од трета Горица. Рака на нога скапи артикли. Ама колку шо јас знам од кај нив е тој газдата, да не речам, скопјанец, така да…..Видов и сметки, демек како за споредба на цените и од Кочани и од Прилеп….не ме бендиса то. Зш и јас можам да појдам во Сарамзалино да сликам сметка, ама ќе морат во корито да се искапам. Вака Охрид во езеро можам да……Наместо то еве ви сметка скопска кај шо јас не гледам разлика. Вие?
Е сега и друго ме јајт јанѕа. Дел од тие шо постираја сметки за Охрид, делот кој ојдоја за викендов да му поможат на јужниот сосед финансиски да закрепнит дал ќе ни постирет фискални од кафе кај шо едно е две евра? Да се разбериме не од некое село кај шо спијат во пајажина и четворица спијат на два кревети. Негде од ресторан покрај море.
Да сумирам. Претервиме јадејќи се меѓу себе. То е факт. Факт е и дека Охрид ништо не е чепнато од Самоил ко влегол во градов до сега, ама дајте помалку да се гложиме како НСРМ-овци.
И зато се троумам шо да пишам. И уште ќе седев замислен ако Жанче не ми напиша на чатот дека требит да бегат. Се одлогиравме од фејсбук и прв пат прогоривме вечерта, му посакав среќен пат и на бегање јас му се насмеав, тој ме слика и така тој замина за Америка, а јас останав насмеан сликан во НСРМ.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.