Паузата за спремање зимница заврши. Ајвар испржен. Потпљускaни, потпљуснати. Барени done. Карфиол fertig. Расол онаден. Корона проширена. За првите неколку работи фала јој на Видовита Станија која ради на даљину, преку Вибер, Скајп, Зум ова она ми среди све. Господ нејзе здравје да и дајт, а на оние шо и се јавувет памет зш ги репат ко ресенчанец крап.

За последното алал да му е на побратимон мој др.Караџоски. Чоекот од инфектолог стана пропелер мада мојт и она видовитана да му завидит колку све погоди личниот. Во фебруар рече дека НСРСМ немат да имат корона. Караџо рече и така би. Во мај раче: државата се надмина себеси во справување со короната. Караџо опна и тиква тропна. Eптем се надминавме.

Ко скина зелена во мај дента имавме точно 1664 заразени, а денес надминавме 30 000. Ојде прстот, пак кш не требит. Е сега морам да признам дека овај Минхаузен и пособен доктор претседател на комисија за зарази, ме воодушеви. До сега не ми беше јасно како овај вирус се ширит. И то не со зборој, ваљда и тој сфати па со мимики и пропелерски активности на рацете ни објасна.

Со мавтањето го сјеба и покојниот Екрем Хусеин еден од најдобрите балетани на балканот. Виш…стана и балетан. Според него кај да ојме мајката ќе ни се плачит, требит да шетаме шлемој од американцине шо ги користат ко носат демократија во било која држава кај шо имат нафта.

Јас искрено да ти кажам му вервам и од ко го слушнав матинам по три маски, одозгора прво хулахопки од мама преку гла, месо боја, а над нив од баба оние црни мрежести шо и се за на работа. Ко ќе е зечица на парти шо ги носит.

Ви препорачвам и вас истово да го примените. Уф…ќе забораев една препорака од мене лично. Немој да сте излегле без тапа в гас. Јас ова го заклучив како најважна мерка против овај вирус и то како резултат на образложението на дотичниот ни.

Значи прво: како шо го сфатив јас сегде е напикан вирусов, во сите пори, асфалти, ќенефи, в прашина в очи, в нос, абе сегде. И страв ми е накако шетајќи дан ми се втикачит и мене в чмар па преку дебелото црево да навлезит во крвотокот и ојдов јабана.

Друга работа: страв ми дан се самозаразам. И то мојт на два начини. Да прднам, па преку ногајца да слезит в чорап вирусот. Тука да опстанит дур си дојдам, додам. Го слеквам, ги мирисвам, сите то го прајме, да вдишам вирус и оп…..како ам. Друго сценарио според овега. Прдвам се отворат чмарот и влегвит вирусот внатре. А?

Мада ова второво ми е потешко вервателно зш например колку пати сум прднал ко ќе се капам и никогаш вода в гс не ми влегла. Тебе?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите