Абре уште не можам да престанам да се смеам. Бев на театар. Абе се искинав од смеење ко новина. Морееееее претстава комедија, пародија шо ќе беше она. Не ми теквит как се викаше претставава за да ти кажам да ја следаш да се искиниш и ти, ама не вервам дека уште еднаш может онака да се изглумит све. Па па па. Абе цел народ шо гледавме, а ми се чинит дека цела НСРМ беше дојдена се испосравме од смеење. Само не разбрав кој беше режисерот. Абе глумциве се надминаа себеси.

Искрено не ми беше до крај јасна содржинава дека ко оџрвгален бев, ама бар се изнасмеавме. Како да ти кажам, целиот заплет беше околу овај, главниот лик, ко на сомнително лице ко началник да беше, ко некој главен не знам, напрај триста заврзлами околу то на кому да му го дајт. Важен а да го видеше во суратот ко препелица на мотор, ко вџашен.

Е сега тој му го даде на еден, ама услов беше овај да се зејт со еден, шо беа земени одавна ама сега не беа земени, ама не беа остаени, туку само неземени……и јас се избунив. Ти реков содржината…. Па се зедоа, ама нешто не се разбраа и свршена Спаса побегна. Е тој првиот, препелицата,  му го зеде назад и не сакаше поќе никому да му го дават. Си го чуваше за него.

Арно ама го нагрнаа сватојте, од онај остаенион кај давачов од шо ќе го дајт или чаре. Абе ти незнајш колку му го сакаа да им го дајт. Абре крв падна за неговиот да им го дајт. И да не те давам, на крај овај му го даде конечно на еден мислам дека беше аграрец, земјоделец кој пак не со еден, туку се зеде со три-четворица. Абе унери шо да ти кажам. Онака может да изглумет само македонски глумци. Еден пак ми викат шо сум се кикотел ко коментаторине на МТВ, ко зелен, ова било траги-комедија не комедија. Го глем и си викам да го р`снам со балгам или не? Да му залепам една зеленојна зш појма немат? Како мојт во НСРМ да е траги-комедија. Кој шо сакат прајт кај нас и само им ги заташквет трагите и траги немат.

Мада мислам дека режисерот не ќе да е од Македонија. Да смислиш вакви пиздарии морат да си од негде од надвор. Как да е. Важно се изнасмеавме. Уш ова. Ко заврши комедијава цел народ остана така насмеан. Да ја глеш ако не ја имаш гледано. Мада рекоа дека тука не завршвит. Ќе имало и втор дел.

И сега јас после едно вакво расклештено расположение ради комедијава македонска одма спиздев. Абе толку спиздев шо мислев и дека ќе ми дојт. Мореее колку криминалци имало во државичкава наша. Безобзирни. Дал го виде онај од Подгорци струшко каква пиздарија напрај. Дал виде како ја сјеба државава. Кизнајт колку милиони евра ја имат оштетено нашава самостална економски стабилна држава.

Абре се дрзнал, пази на 82 години, алоооооооо скоро стоооооо, да прајт ѕид без соодветна документација. Абре кај ојде ова светов. Да земиш да прајш ѕид долг 6,9 метри и висина од 0,35 метри, абрееее то ти се цели нецели 2,5 метри, па требит да си безрбетник. Криминалец со педигре. Узурпација да напрајш на цели нецели 2,5 метри од нашава напатена, од криминалци скоро исчистена држава и око да не ти клепвит??? Абре ич не ми се прајт муабет. Ми се посра цело расположение шо ми го приредија ова нашиве глумци.

Абре не парична казна, абре смрт со бесење за такви, абре да му се пресудит смрт со смрт да му се…..Море одма тука на ѕидот да се закојт, да се распнит, да се….Абре дај те му на чоекот медаља дека е здрав и жив. На 82 години ти мешал малтер, кревал врешчи, камења.

Мада и него не го разбирам. Абре прдни му се на ѕид од цели нецели 2,5 метри. Земи тука прај џамија среде града Охрида. Какви документ, каков бакрач. Ништо не ти требит. Па кажви дека некош минарето било 32 метри, па све дека е легално. Влакно на глата немат да ти фалит. Па то ќе е атракција и за туристите. Па и за нас е убајна како ам. Шо потреба да ојме до Саудиска Арабија, ќе си го пректрстиме Охрид во Мека и Медина и свиркај си.

Па ко ќе р`снит од висина од 32 метри оџана, односно цедето оџана шо ќе го пуштит ко ќе р`снит бичим Павароти, бичим Синан Сакиќ, бичим Фахрета Јахиќ, бичим Шериф Коњевич, бичим……ќе се слушат дууууур до Дебар. Ексик, јаз`к. Се уморив.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите