Абе ми идаше од г`зов да си каснам шо не бев во Прилеп на пиво фест. Ама ми беше страв од од хемороидиве. Абре како си го дозволив то да не сум дел од она атмосфера. Зеленко. Абре ќе си го осетев она шо најмногу сакам. Македонштината. Како ам. Под градот на марковите кули. Ах како не ојдов. Во градот кај шо пукнала првата македонска пушка да го осетев она вистинското, македoнското,  во  друштво на Мирослав Илиќ од Мрчаевци. Море како ми го напрај ќејфот шо кажа дека војска бил Битола, а студирал во Скопје. Се потпосрав од радост. И да ти кажам убо врескаше чоекон. Море викањеееее. Алал да му се парите шо Марјан му ги имат даено. 
Алал да му е и на Џеј. Не беше пијан многу. Беше камен. Земја. За пеењето неможам да кажам ништо зш не оти нешто не се слушаше . Текстот го рецитираше, не го пееше и го рецитираше како вуста да имат копито лапнато. Едиствено нешто шо го разбрав е тогаш ко му мавна клетва и то сочна на камерманот шо седеше одстрана. Алал да му е. И не само нему ами и на Марјана градоначалникот.
Алал да му е млекото од мајка шо го имат цицано. Прво шо добро и наменски ги даде стотици илјади евра. Не е глуп тој да ги дајт за споменици во кризава. Не така? Ами ги даде за некој шо врескат и некој шо пејт пијан и вреѓат камермани. Така и требит. Море не стотици, милиони евра требит да дајт за пејачи шо пеет изворен, староградски турбо фолк. Шојмат да викат македонски пејачи. Зш нашиве не се пејачи, гревчиња се. 
 
Тие ќе ги ангажират ко ќе требит некој хуманитерен концерт да се напрајт за бес пари да пеат. Ами како. И кутричкиве ќе му појдат. Како и секогаш шо одат. Еве сега слушам ќе пееле на некој хуманитерн концерт на 19-ти  во Кичево за некоја црква во некое Мидинци. Така требит. Хуманитарен концерт за црква. Ќе се отрујам. Секоја чест на македонските пејачите шо ќе одат зш кутричките кај да ги викниш да помогнат одат. Ама….да ги викaше Марјан и на пиво фест да им дајт бар 100 евра, неморат ко на „расположенион“ Џеј, тро по нешто. Или пак дедо Стефан  една гума да продајт од џипон та црквата во Мидинци манастир мојт да ја напрајт. Или нека продајт една илјадитина од она шо лапнаја сега со денационализација шо правно шо безправно, а не некој да пејт цела вечер за со без пари. 
Уште еднаш аферим Марјане. Јак градоначачник си. А богами и паметен. И нашиов не заостанвит во то. Ацика. Ете за пракинзите ептем погоди. Протестите биле организирани од невладини организации подржани од ВМРО. Така рече. И погоди ко со прст в л…о. Јас пак можда сум ќор ама неам видено табла на некој паркинг да пишит: за СДС без пари, за ВМРО 50 денари. Пишит само 50 денари паркинг. 
И ај то шо напраја со Бора Шаин нати го дај ми го за пак кај Талета да се вратет  паркинзите ами Аце бре не репет сите охриѓани без разлика на политичка припадност. И уште кај стопанска банка се дрзна еден шалабајзер шо изгледат ко црв со мустаќи, да ме терат во на мајка ми  зш сакав да одам пари од автомат да истам за една минута. Сега банкава не ми земвит провизија а тој црвот сакаше да ми земит. Мојт и Тале малку да размислит кого вработвит по рампиве. И сега не ми какај дека од рампата до автоматот имат 50 метри и можам пешки да одам. Не сакам. То е мое право. 
И уште еден градоначалник неделава ме воодушеви. Стевица од општина Капрош. Ќе клаел споменик во Карпош. Браво бе Стив. И ти како екс ЛДП-овец сега натурализиран СДМ-овец и цело СДС пљукавте шо толку многу споменици се кренаа во Скопје а сега од друга страна ќе прајш споменик. Овде мене нешто ми смрдит, ми баздит. Или лижиш кај шо пљукаш или тераш инает. Ако тераш инает јас да сум ко тебе среде Карпош ќе го манам споменикот на Ѓорче Петров, а од Карпош Војвода нека го манет во Ѓорче. Да се разбериме. И јас пљукам на олку споменици во ова криза ама пак не барам пред зградава да ми клает споменик од Димитар Влахов. А она шо барам не само јас ами сите шо живејме на ова улица, Аце и Шикал ова улица да ја напрает баш улица, а не како шо е сега ораница. 
Дан заборам на крајот. На гас од радост ма падна и Спирче од труд и социјала. Сегашново работно време од 7 до 15 немат да останело ќе се вратело пак на од 8 и 30 до 16 и 30 од една јака причина. Ќе била отежната комуникацијата на некои наши фирми со фирмите од западните развиени земји зш и тие така работеле. И морав да го проверам и то. И во право е. Сите јаки држави со кој Македонија соработвит за да го забрзат нашиот економски просперит и се јаки како нас имет такво работно време. И Боцвана и Либиска Џамахирија и Сомалија и Буркина Фасо и Буринду и Вануату и Сао Томе и Принсипе и…..ај да не ги редам сите развиени земји.
Имаше уште многу јаки потези ова недела. Ете начнав само неколку, се срвтив и против овие и против оние, ама да му се прднам, како да се свртам газов пак ми е одпозади. Зато неможев да си го каснам. 
ЏИМИ
 
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни  се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.