Абе немат мрдање ако сакаме да се средиме како државиште. Ама некако ме јајт јанѕа зш а се подсредиме некој одма се фаќат да се бунит и ја барат фризурана на Канго в јајце или пак греда в око. Ам немојте така. Сите морат да се сосредоточиме ( незнам шо значит ова го слушнав од Заев- ваљда на струмички некој лав) и да ја вивниме НСМР во облаците. Кој со бомби кој со бирократски динамит, само да ја крениме во воздух.
Еве сега не им било погодено на охридските кајчари му сметало шо Баки донел одлука да се регистрирет како трговци поединци за да можат да возат со кајчињата, а овие нешто мрчет не работеле 12 месеци, да возеле како физички лица, му било основен приход, ќе останеле без пари дрн дрн јарина.
Абре кајчари…..зар не гледате дека све е средено во државава, се средвит и се градит четврт век и сега ко уште вие останавте да се средите па секоја крава да ни дават мед, море секоја пчела млеко, сакате да ја заебите работата?? Не е фер. Ам гледате дека сите како НСРМ – ОВЦИ и како поединци и како стадо си ги исполнвиме обврските према државава морат и вие.
Кој редовно се тртит на УЈП со симболични 4-5 000 еври, дел од народот а прдна казна плати, дел плаќет зш шетет разбушаени во фризурине а веќе туристите нагрнаа па грда слика се остават, дел донират казна зш ко возел го почешал газот, а според законот требит со една рака да возиш, со друга да зборвиш на телефон, па ако имаш потреба ја пушташ и другата го копаш носот, никако газот, ја фрлаш кормушката низ пенџере и продолжвиш сигурно да возиш……и да не редам ред други донации на народот, и сега вие….немојте да го кочите развојот на државиштево наше и патот кон евроинтеграција, натоизација и некоја друга ција.
Абе немат мрдање. Ќе си се регистрирате, ако требит по закон и радио ќе клајте, големи бришачи за шофершајбната, петто резервно колце. На платното одма да напишите “Ние сме лидери во регионот“ или “ Ја сакам Макеоднија, ќе умрам ќе пукнам мајко во неа“ и слично…..море немат мрдање ко ќе се градит држава.
Па немојте бре да ја кочите држава кога сите ревносно се фрлени на работа да ја опрајме. Еве Зајко имаше неколку работни посети меѓу кој и во Охрид. Мада јас не оти видов некој работници на сликите, нити лопати, само кафичи видов и насмеани фаци. Мада мислам дека е глупо во медиуми да излегвит со лопати и казми иако е роден корнишовец и без мотика, тој знајт дека немојт , дури знајт дека без неа леб немат. Зато бре кајчари немојте да кочите, одвас све зависит.
Еве например и Геро се вклучи во помошта додуша тој ни помогна да си го најдиме политичкиот море и сексуалниот идентит. Алал да му е. Искрено јас мислам дека некогаш ушине му се гнасни, а то мајката мозок да му течел од шо е памете, од вишак. Ко ти викам.
Ете јасно гласно кажа чоекот дека сите шо ја поддржвеле оваа Влада биле како неа корумпирани, ненормални, никакви. Не би се сложил баш зш на пример Геро колку знам, можда грешам , а ако грешам нека изгорам, ги подржаваше и парадите за хомосексулна слобода. И сега јас да речам дека Геро е давај гас? Никако. Или ако ги подржават земјоделците да речам дека е сончоглед? За него? Боже пази. Зато кајчари….
Не ја кочите државата кога премиерот објави уште еден круцијален проект. За секое инвалидизирано лице грант од 5 000 еври за мал бизнис и уште 3 000 ако вработат двајца или вкупно 1 000 000 еври за цел проект. Фантазија. Зш сиве шо не се инвадилизирани, посебно младите ги вработивме ги вдомивме па ојме сега понатака. Џенем. Кајчари….
Се надевам јасно ви е зш барам да не ја кочите државата и да не ги спречвите ревносните спасувачи на НСРМ. Само мене не ми е јасно зш царината плени 326 литри “Ред Бул“и то го карактеризира како шверц. Зш целата количина е прекупотребна за сите НСРМ-ОВЦИ, посебно за младите и политичарите. А најпоептемпосебно за овие последниве зш голем дел од нив им требале крила зш се спремале да летнат.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.