Ама морав вака да почнам. Без разлика на закопаноста во предизборието, без разлика на политичките кампањи, шетање низ селата, без разлика шо ќе одбираме ем нов или стариот татко на нацијата, ем нов или стариот татко на таткото на нацијата…..морав зш се воодушевив шо разбрав дека…… Ееееј дека охридската капетанија ќе ти вршела контрола на пловните објекти на огромното и прометно Тиквешко Езеро. Е браос. Браос. Па редно беше да се клајт ред на оваа преголема вештачка акумулација, заради огромниот сообраќај кој овде се вкрствит за да немат хаос. Зш пази……во Тиквешко езеро се влевет Сава, Дунав, Волга и југоисточниот крак на Темза така да се прајт огромен хаос и сега све ќе си дојт на место.

Браво. Ама браво и за насловот БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА СЛЕПИТЕ ЛИЦА, браво и за Лилето Наумовско, секретарката на здружението за слепи лица од Битола. Абре ова чупче ти имало многу вијуги во мозокот. Да бре. Заедно со Двојче ти обезбедиле бесплатен паркинг за слепите лица. Алал да ви е на умот. А процедурата е јасна. Заинтересираните само да донесат документација и ќе си добијат све шо им требит. Си идет на паркинг, излегвет кај баракана, покажвет легитимација, се враќет в кола, гледет кај имат празно место и паркирет. Еве и од мене идеја. За сите пензионерки кој со лична карта ќе докажет дека имет на 65 години да им се дајт бесплатен пороѓај па дури ако требит и гратис абортус во државна болница. Ако излегвет веќе паметни идеи еве и јас траснав една попаметна од Лилето.

Е од вакви паметни идеи некогаш неможам да пазам на предизборнава кампања и замалку не ќе слушнев дека Стево еден од кандидатине ме израдва ко рече дека ако станел претседател немат да го делел народот по партиска основа. Ко шо седев во Ројал и си кркав од посноно мени, му викам на Алек ај врати назад да слушнам убо шо рече докториштево. Пак истото. Се думав се думав и си реков: како мојт некој во НСРМ кај шо сите сме разделени како црева од локомотива згазнати овај да не не… И се сетив. Да бееееееееееееее. Да беше чоеков кандидиран од некоја партија ќе не делеше и то е нормално. Не така? Ако беше кандидиран…пример….од СДСМ ќе не делеше на СДСМ-овци, ВМРО-овци или некој други овци. Ама ми текна. Него го кандидира Баба Рада и зато тој ќе е за сите нас а не посебно за некого. Виш колку памет имам. Не вервам ама можда имам појќе и од Лилето. Зш Баба Рада е за сите нас и на сите сакат да ни помогнит без разлика на верска или посебно, партиска припадност. Дур не излезит на некој спот. Го дослушав чоеков, го анализирав и решив да побарам телефон од Баба Рада да прашам шојмат на природна база нешто наместо линекс.

Како тргнав со ова колумна само ме бендисвет некој. Еве ме бендиса многу и Зоран Попоски од ЏГРОМ….ГРОМ де. Море чоекон како е залетан та точаци возит, та мотори, та по улици шетат…..мада ме здрви ко го видов на крајон на карпана. Тииииии се здрвив. Реков овај уште не изгубено ќе се џитосат во провалија. Ам ко ќе изгубит шо ќе прајт кутрион? А убо му тргна. Убо зборвит, убо мислит и убо ќе праел. Да бе. Зш ако не е така немат онолка толпа да го пратит на сите негови митинзи. Сурија. Тој напред, а зад него па да не претерам народија ехееехееее цела опашка….од гуштерица. Како му е тргнато гарант завршниот централен митинг ќе му е во дневнана дома му со неговите најблиски.

Се забрбав. А планирав да проверам некој работи како: кои билие градоначалници на Париз, претседатели на амарикине, колкава површина е Казахстан, шо значит калиспера…и така некој други работи од најопшта култура шо секој требит да ги знајт ама ете јас не ги знам. Ама не ќе можам. Почна “Малeчката невеста“, а искрено една епизода неам пропуштено нити планирам да пропуштам. Имат да ја фатам та епизода тој момент ко ќе потпораснит па мајка Јана да е.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.