Де бре охриѓаништа аман те бре. Ме усрамивте. Ме бутуросавте. Сите колумни кај шо пишев дека скопјанишчана се за нигде ми ги фрливте како гума во Вардар. За нив викав дека со лајца ќе ни го исркет езероно, дека за 20 евра со кајшон ќе се удает, дека се нигде. И шо напрајвте сега вие? И мене и себе се испосравте. Море ова лакомија ни била ни ќе бидит.

Добрo ненасиситни бевте шо од охридско извајте толку реликтни работи и аретефакти од значење за историјата и битисувањето на нашата НСРСМ? Све негде се нурнвите и ни го расипавте најприродниот музеј во државава. Го сјебавте Паско Кузман, остана чоекот без работа. Вие ни ги зедовте и извајвте од езеро сите шпорети, плински печки, решоа, канти за нафти, маси, бандажи од Фап 13 – ка, скиине од баба….да бројам уште артефакти??

Срамота. Малку ви се тие, не осиромашивте како охриѓани, а години, викам години се мачевме да ги складираме, пак сега во Вардар ќе гњурите? Од таму ќе крадите артефакти. Пак толку седовте залет шо сега ојде по конкретен артефакт….ГУМИ ОД ВОЗИЛА….А го oпитавтте Петрета дал мојт да гo сквернавите Вардар како артефактски музеј? Стап го опитавте. Ам Скопје е село, ама не без кучиња. Ај Коста наш можда не го тајтарите, ама Перица е татко на пола милион фрлачи на артефакти и украсување надополнување на еден Артефактски Музеј втор по големина во државава, нормално после езероно наше. Имам една молба. То шо се закачивте во Вардар без опитвење се закачивте, бар дал пазевте на локалната ендемична кафеава видра која години опстанвит во Вардар како резултат на дузина скопски газој. Срамота.

Ама да знајте една работа. Да се искините вие немојте толку артефакти да извајте колку ние здушно се трудиме и ќе се трудиме да ги положиме и донираме како во Езероно така во Вардар. И друго да ве прашам сега. Абре вака се влегвит во Европа? Со вас?

Шо ќе беше ова бре македонско проклетие. Абре таман акна Бундестагот 465 гласа ЗА ( земени како податок од веб страната на Бундестагот, а не како шо објавија нашите портали 476) вие го прајте ова, уништвите артефактски музеи и ја истребвите скопскаста ендемична видра? Страшна работа.

Сакате да го зезните Стевета? Чоекот се јави во ниедно време на Колинда, ја прекина во туширање, за да по вибер му ја пратил оригиналната “Danke Deutschland “ и кога рсна чоекот пред петлите :
Danke Deutschland, meine Seele brennt!
Danke Deutschland, für das liebe Geschenk.
Danke Deutschland, vielen Dank……

И шо напрајвте? Шо сега ако Бундестагот ојт на прегласвење. Замисли: кафаевава видра да ни го одземит датумот за преговори? А? И кој ќе е крив? Зајко? Гулашорон? Бранко, Бучко, Хари, Кљусе, сите војсководци на НСРСМ шо до сега успешно ја водеа државава појќе од успешно жртвувајќи го македонскион народ само и само за европски просперитит? Не бр…вие ќе сте криви.

Абре сакајте си ја државава, и да ја делат и да ја парчат и да ве дупат. Не ми јасно како е можно од вас, Македонци, појќе да ја сакат ова држвава еден холтикултурен работник кој одгледвит лалиља. Еден Стеф Блок, како Холанѓанец, појќе го ценит нашиот просперитет од албанскиот. И шо е најбитно согледвит дека нашава држава е каде каде понапред од Албанија. И то во секој поглед. Најмногу сме понапред во поглед на карта. Посебно како фрлиш поглед на картатата на балканот ако ојш од север кон југозапад прво погледот ќе ти застанит на државиштево наше, зш сме понапред, па на Албанија. Ам како!!!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите