„Море Џими шо ќе беше ова последниве два три дена. Јас незнам шо ми се случвит. Бев на родителска за екстерното и од нигде никаде прднав. В земја влегов. На сиодвење на раскрсница ме фати пролив“…ми велит комшијана….„Влегов кај Аце во Даблин“ кренав рака да го поздравам го акнав келнерот по ајнцерот све ојде јабана, одам кај Јовче во „Екошпар“ да земам некое грејно тело, ми даде 100 попусти, отворам новчаникот наместо пари сум зел влажни марамици шо ги купив за проливот, ојдов на кошарка таман да забијам ми излегоа хемеороидиве и ко паднав на паркет ги цвикнав…..абе да не ти раскажвам…зш…“

Комшо кочи да те прашам: Прајш ЈОГА? Секој ден. Е па шо сакаш. Ако е така да дајт Господ децана со очите били да си игрет, од цревата ремени да си прает, да би аптека менза ти била, да би син ти зет ти донесол, хеморидите како куче милениче зад тебе да се влечкет, да би ……абе алоооооо….Анатема ти е фрлена зради јогата од пресветлиот, Божјиот апостол, свезнајкото,  Митрополитот Иларион Брегалнички, кој излегвејќи од посраниот мерцедес од 300.000 еври рече: „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес и од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.“  

И да знајш така е. Зш од извори блиски до тупоглавите дознав дека немат врска то шо Иларион еднаш ко праел јога ги штипнал мадињата. Вистина е ова. Жими алуминумските бандажи од …ма откажи се бре чоек од јогата и светиот Иларион ќе те повозит со мерцедесон, нормално ако не се плашиш од висина зш е џип. Како ам.

Уф му плеснав  влице све. Полесно ми е. Мада леснотијата ми дојде уште пред то ко дојде Коѕијас од  ПТРГ ( Поранешна Турска Република Грција) и ко рече: Постоењето на оваа држава(НСРМ) е благодет, решение за името е можно и ко слушнав дека со Попоски договориле 11 конкретни мерки за изградба на доверба меѓу двете земји, во сите сфери и то мерките се во наш прилог кој мојме да ги исполниме и јас мислам ако денеска другиот петок Грција ќе не одблокират.

Според мерките ние требит само да си купиме вазелин, од онај новион со примеси на Д витамин, ко ќе ојме кај нив на летовање понежно да кажиме дека сме од „Скопја“ и дека сме „педерс“. После ако е можно да ојме со коли кој не се металик боја, зш металикот тешко се гребит и ко ќе се вратиме во НСРМ да кажиме дека детето ни ја исчкрта колата зш заборајвме да му купиме боенка. Е то е све. Јас се надевам дека мојме како храбри македонци ова да го напрајме. А?

Додуша во прво време бев сигурен дека мојме да стегниме, поточно да  рашириме гжс и да го напрајме ова, ама некако ко  да ме разубеди еден текст во една  колумна каде за состојбата на НСРМ најмногу е нападнат македонскиот народ. Не домаќинскиот НСРМ-овски народ. Јас бар како го разбрав то не се криви ниеден политичар на државава во последниов четврт век, нити лакомоста нивна, нити корупцијата, туку народот, народот кој незнајт како успешно да се транзитират во успешната транзиција на сите влади до сега.

Мада не се сложвам баш зш не само македонските овци имат и други кривци за ваквата тешка, но сепак надежна состојба на НСРМ, како на пример Аца Лукас зш не ја мијат косана, уште покрива е Македонија пат шо е изненадена од снегот, баба ми шо редит паре на платенкине од косана, Карлеуша шо се сликат со гол газ…..и многу други работи кој се круцијални  само не владите на НСРМ.

Уф морам да одам. Ќе пишев уште ама морам да се спремам за да го слушам Бан Ки МУН ….мада ве очеквам да се најдиме сите таму зш се обележвит меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење и на друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување на некој народ или по нашки речено тортура на некој народ. Е на овај настан ако не ојме сите НСРМ-овци кој би одел зш во послениве 25 години….

ЏИМИ

[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.