Море Господ здравје да и дајт на баба Дуфка шо палардисвеше и шо се прпелкаше ко кокошка недозаклана и не ми го даде даљинското да сменам на фудбал. Готов бев анџарот в стомак да си го закачам, црева да си пресечам, ремени од нив да напрам, да ме снемат од светов. Ко ти викам. Ама ете баба Дуфка ме просветли.

Мислев дека имам посрана судбина шо потешка од мене никој немат. Мислев живеам во држава кај шо спикерки милиони вртат, кај шо спикери имет по стотина фирми, кај шо тендери така како понада се делат, во држава каде на кој никого не можам да му вервам, посебно не на Заев, кај шо се крадет милиони во еври, а пак имат и понатаму да се крадит.

Мислев дека од мене никој по заебана судбина немат, дека од мене никој по црна судбина немат, ама ете благодарение на баба Дуфка, да би Господ здравје и дал, да би пак невина станала и за млад дедо се мажила, да би пак бони и то со крилца користела да би догодина и по крстот скокала, шо врискаше ко Ивона за тендери и не ми дозволи да менам на фудбал и ме натера да гледам “Судбината на Фатмаѓул“ и да сватам дека , можда само та, ама сепак имат позаебана судбина од македонец како мене. Се утешив.

Ко очите ми се отворија, ради баба Дуфкина заслуга и јас сватив дека 25 години живеам во држава кај шо битисвит најпаметниот чоек на планетата, борецот за чоечки права….Али Амети. Јас море луѓе мислев дека ушине му се гнасни, дека со коломаст му се полни, а то замисли мозок да му течел. Ко ти викам.

Ојде кај ојде чоеков и се врати и откри дека во НАТО ќе не примеле ако сме го решеле проблемот со името. Алал да ти е бре шок, шум фалимендери шо откри топла вода. И борецот за права побарал да се вклучит меѓународната заедница, предводена од САД, затоа што страните биле многу блиску до решение на спорот за името, со оглед на тоа дека последниот предлог на посредникот Нимиц го соддржи името Македонија.

Е фалимнедири борецу за човекови права. Јас бев во заблуда до сега и сега видов најбитно е да се содржит името Македонија. А дал како претставка или наставка ќе имат, гремлинска, северозападна, југосеверна, па и грчка, за шок борец за права не е битно. И искрено, рака на нога јас би го послушал зш мојт да ни речит: јас шума…и че пукам.

И да ….во контекст на борците за права и коректна застапеност се јави агенцијата ИНА…дека и после два круга на наградната игра “фискална во рака, стап …грешка….награда без мака“ скоро и да немале албанец. И да….морат да се реагират. Дали и е познато на лотарија на НСРМ дека и овде важат 25 % застапаност на загрозените???

Да. Ами како. Молим лепо. Аман за третото коло да се корегирате зш јас шума…и че пукам. А начин и чмар да се решит имаме. Имат да му се пучиме на Амети и то како. Пример….викам пример…..ако награда земат 1000 македонци, 250 од нив на излез наградите да му ги давет на албанци, загрозени, кој ќе чекет надвор и само ќе си ги земет наградите без разлика дал учествувале. Зш…..јас шума…и че пукам…….
Е сега ние како добри напучителни македонци, ќе замолиме, неморат да е така, ама ако мојт, само немојте да се навредите и да се налутите зш не сакаме вие да јас шума…и че пукам ако можит, неморат, викам ако можит, да престаните да сте лигушите, да плачите, да се жалите и аман ако не појќе 25 % од западна НСРМ да плаќате струја, вода, одпадни води…….било шо. Ако мојте. Ако не…не. Немојте лошо да ме сватите. Јас само предлог кажав не дека се дрзнав да ви кажам дека и вие сте овдешни жители и како шо мене чмарот ми се равцепвит од сметки, еве вас нека ви се расцепит само 25 % од вашата ценета чмаровина….нас 75% зш така сме неавикнати.А?

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.