Абе се потпомочав. Црцнав неколку пати. Се наежив. Се расплакав. Ќе се потпосерев од радост.  Самоуверен бев и  фацава озарен ко Бане во времето ко викаше: на петнаееееесеееетиииии….Море  да ме видеше од негде како бев среќен ќе мислеше дека  сум една од кравине од Субрата во моментот шо ја  молзет. Ко ти викам. Разгагален целиот ко Стојан Андов ко ќе дават интервју. Абре во устава раскречен ак не бев седум прсти отворен јас на.

И пази. Возам петокот низ Струга, горд, пенџерето отворено опната “Македонците уштееее се борааааат за својтееееее….“. И мафтај мафтај, свири , свири ….Шо да ти кажам. Вака горд како македонец не сум се осеќал од времето ко ја избркавме ЈНА како копуци да си одат со цела опрема од НСРМ. Ајт мрш

Еј замисли……возам така низ градот  на браќата Миладиновци и глеам на секое пенџере, тераса, врата, ќенеф…..абе сегде истакнато знаме по повод 11 Октомври. Вервиме така се тресев од среќа и ми се чинеше дека сум во Македонија. Браво бре македонче едно македончосано, браво шо собра храброст и толку знамиња истакна во сред Струга, абре ко во Македоинија да си.

Слушај немат појќе заебанции со македончето. Се стори времето ко му праевме секому фелацио  и ајде трти му се секому па купви си вазелин сам ова она. Наааааа…нацки заврши то време. Сега веќе имам храброст од ко го видов то петокот, слободно да му речам на некој шо ќе сакам да ме натртит: ...купи бре вазелин па натртиме да те видам. А? … и ај сега да го видам него.А? Он на мене, купуси вазелин и ела да те нартам. Купи си сам и после. Како ам. Ххихиих.

Море луѓе….ние македонците не сме давај газ и плачковците како грцине. Така де. Се налутија грцулинана зш Субрата, наш брат едини, не сакал да инвестират во Грција и ќе инвестирал само во НСРМ. Еми не кукајте. Дајте му на чоекот проекти кој се типични за Еладата и можда ќе финансират чоекот, како на пример градски вецеа, зш Грција е позната по големо  сераторство. Пример велам. Или ќе инвестират во фабрика за палома за бришење на очи после плачење. Или еве ми текна сега…уш поубо……знајш ти Субрата какви геј клубој мојт да им напрајт? Лепота. Дури и ќе соработвиме околу увоз – извоз за вазелин. Не така?

Зш види. Не се добиват ништо, донации, ни пари ни ништо само со плачење. Ама жити леб не е ова лотарија. На лотарија мојш да добиеш само работа. Во НСРМ. Ама за овај народ не и то да  им дајш. Одма мани најџвет.

Читам добила на лотарија работа една само храна мајка, а за добивање на работата славела со мажот и. Абре немојте така во јајцето да барате фортома. Во секој случај та ги исполнвит условите. Имат деца? Имат. Значи мајка е. Мажот и  ја ранит со лајца и вилушка или сама се ранит?А? Сама. Значи ем мајка ем сама се хранит значи автоматкски влегвит во  категорија на самохрани мамиња. Не само тампарај. Пак имале плазма телевизор, а била социјална загрозена. Ам немојте бре луѓе така. Прво кај да најт друг телевизор ко освен плазма немат други. После та била социјално загрозена а не медиумски. Не така? Не сам траскај зелени.

Не само зборви и за шо требит и не требит. Еве на пример Стварески ја нападна Шеќерка дека имала скап ѓердан. Ам ај не ќе имат Зајко???? Шеќерка е женска. И пол. Можда две. Незнам. Ај јас да речам нешто, а ако згрешам да изгорам? Зш Радуле не носеше ѓердани ко беше на власт? А? Е јас ќе ти кажам. Тогаш ги решаваше круцијалните проблеми на македоцните за да ја опрајт  државава и зш многу се напвеше да успејт можеа ѓерданите да и испукет или не дај Боже, да се подујат како жаба од секирација за народов и да се задавит. Како ам.

А да …дан заборам. Покрај шо бев во Струга и се осеќав како во Македонија да сум бев и во Тетово. Интересно ми беше да видам како изгледат то шо имет поставено табли за да напишиш “Во Тетово сакам да….“…..колку шо видов најчести барање на тетовчани беа: повеќе паркинг простор, повеќе зеленило, театар на македонски јазик, толеранција, повеќе вода за пиење……..Не прочитав некоја глупост како на пример: вработување, пари, повисок стандарт, поевтина струја, поевтин бензин……Ваљда то не ни требит. Важно собравме храброст и докажвме, дека и во Струга мојме како да сме во Македонија да истакниме македонско знаме. Абе како Струга немат друга. Абе од  македонче немат похрабро……простаче

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.