Е ме удај тапираниов. По по по тафтабита. И не е прв пат. Ѕвонеше. Му исклучив. Ѕвона пак. Му одоговорив со текст месич : Ќе ви се јавам покасно само да се доизбришам“. Море дибек. Абре ти не знајш колку е упорен и досаден. Абре по досаден и од “Малечката невеста“. Шо бе од нејзе. Дури и по досаден од Зајко бомбата. Не Ристо. Реков Зајко. Ме искина, ме битиса. А как да му се јавам дур…. Бре бре бре еве го пак. Чек малку.
О Донеееееее……ме удај ме битиса. Ам имат причина ак не ти…….кочи бре не пенај се да ти кажам. Как да ти честитам ко незнам дал е официјална победата твоја. Абре каубоец низаеден. Не сме толку ние назад со сати за да незнам. Ние со умот сме со векој незад, а не со времето бре Доне личен Доне. Знам бре знам. Слушнав и видов на милијарда телевизии, ама за да кренам телефон и да ти ти честитам требит……..абре заќути да ти објаснам……за мене уште си никој и ништо.
Светов кажа ама останвит уште Латас да те официјализират, да кажит како и то е заслуга од Сител, како неговата уредувачка политика…..е така де….па да објаснит дека тој знаел….море пицајзла си бил ти. Ама како да не се радвам бре нопак еден. Абре одма се израдвив. Ја видов Донејца твоја денеска по цицки на слики. Ак победеше Клинтоница ќе го гледав Билета по боксерици и со влакништа на градине…..е така де така.
Како? Слушам море. Ти мојш да бидиш во цел свет признат. Јас дур не чујам од д-рон по некој науки дека си станал мојш само тикви да садиш. Ај нека кажит, стани и званично и во НСРМ биди признаен предедател на светов и ќе ти се јавам. Е така. Ама аман не звони. Ти кажав кога.
По по по проливиште чоек. Се љутит. Абре ова американчиштава чудни луѓе се. Да ти кажам преку све ми дојдоа со кампањите со рекламите….пак уште на денот на гласање фали се фали се со некој глупости се испосраја. Здриснаја.
Eксклузивна вест им беше дека гласале и космонаутите и то пред време. Абре да ти пукни една жила. Ам знает бре тие дека кај нас е снимен филмон “Dead man vote“? И шо сега тие дан сакет римејк да напрет? Абре кај нас од пред 30 години мртовци гласет. И то не пред време…тие од прошлите избори ги имет ковертирано гласојте нивни. E како зш. Шо потреба пак да думет ко исти сурати се пак на листине.
Море црпнат еден…кај нас мртовци пензија земет, мртовци сведоци на суд се…..А овај ми се фалит со космонаути. Абре умрени нас 30 години држава ни ја водет, не пак за гласање.
Е зато ме чудит шо скокнаа овие од Калифорнија да се отцепеле од УСА незадоволни од то шо Доне им станал татко. Абре кај ќе најте ваква прва дама во светот. Мада сега на виделина требит да излезит најголемата демократија на светов. Америчката. Не не …не одма да им дозволет отцепвење. Си имат све со ред како. Делми тие цел свет го учет како се спроведвит демократијата.
Го учеа Виетнам, го учеа Авганистан, Иран , Ирак, Сирија па така и нас не учеа. Требит вака….прво да не им давет отцепвење. Па да си почнат демонстрации шо ќе си прераснат во војна. Па после ако се борет против нив тие да им донесет џихадисти за шо појќе народ да загинит. Неколку прекини на огнот и неколку преговарања, па прекршвење на договорот за прекин на пукањето.
Нормално во тие преговори ќе викнет од кај нас некој да е преговарач, фасилитатор, некој ептем паметен како нивните шо идеа паметните. Пример Амди Бајрам. Да ми ги измешат датумите на преговори. Откако ќе испогинат луѓе нека си напреат лабава федерација во која неколку стотини џихадисти ќе се главни советници на Донета. Посебно од нив да имат советник за одбрана. Ам така не учеа де.
Е сега дојде време пак ние нешто од нив да учиме. Односно кандидатите за мандатори да сумат како се добиват мандат за влада. Шо потреба да полнат автобуси, да носат народ како гојда, да трошат на сендвичи и да му претат на народот за гласање. И наместо да јајш трици и да лажиш во секој град, абре чапај женати за рака и на бина.
Па ете нов критериум за гласање. Ќе гласаме за идните “премиерки“. Нека извает цицките нека напикет тангите в г`с, нек се разголит бре брате и жена ти твоја. Ем ќе ги гласаме цицките ем ќе покажет голема солидарност ако не појќе со 50% НСРМ-ОВЦИ кој шетет низ држава ем голи ем боси ем гладни. Дури и такви, голи, боси и гладни пак ќе ви се натртат на 11 декември да ви дает мандат.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите