Бев многу среќен. Кога му честитав лично и кратко професионално на Ленс Армстронг на 25 јули 2004 година за победата на Тур Д Франс. Во мал интимен коридор од ТГВ воз. Бевме единствена снимателска екипа на која и беше дозволено пред последната трка во Париз ексклузивно да ги снимаме сите учесници кои патуваа 400 километри со ТГВ. Ден пред оваа средба разговарав со Амстронг.Тогаш му поставив две прашања. Бев презадоволен од одговорите. Се траеше можеби максимално две минути.Ноќеска специјално се разбудив во 2 часот и 45 минути за да бидам сведок на долгоочекуваното интервју на Ленс кај Опра Винфри. Моментално во Македонија владее еуфорија со СП во ракомет, но во светот се случуваат други „големи“ спортски вести. Конечно и Ленс Амстронг призна се. Дека користел дрога. На крај тој испадна најголем лажго, актер.Од топ ѕвезда од највисока категорија до изгубен и збунет човек. Загушен во својот свет од фантазија.Жална и тажна слика.
Во 2004 година три и пол недели го следевме Тур Д Франс караванот.Околу 3000 километри.Од северна Франција, јужна, западна, источна до Шанзелизе. Долги денови. Прекрасни.Напорни. Незаборавни.
Со адреналин известуваш, правиш репортажи за различни теми.Се будиш во еден град, дугата ноќ заспиваш во некое село.Така си нон стоп на пат 25 дена.Како во вртелешка.Стануваш дел од таков спортски рок енд рол ритам.Се од стрст и лјубов за професијата.Од тој момент значи, вечерта 24-ти јули 2004 кога имав кратко интервју со Ленс Амстронг, од тогаш немам направено друго интервју со него.Тие 120 секунди беа моите моменти на „слава“во тој период.Такви случки се ретки и се паметат.Ама од тогаш трипати поубави моменти имам доживеано на други настани и со други спортисти. Незаборавни моменти на Олимписките игри.
Но сепак, Ленс е Ленс. Нема зафрканции. Закон беше.Светска легенда, 7 патипобедник на Тур Д Франс, херој. Се
дружеше приватно со Џорџ Буш, Боно од U2, сите директорски врати од мултинационалните компании се отвораа за него. Некои предвидуваа дека ќе биде во иднина претседател од Америка. Се му беше наместено и средено. Сјајна перфектна животна приказна. Точно како што обожаават холивудските режисери и русокоси американски мајки. Покрај ова се тој беше инспирација за стотини милиони луѓе во целиот свет. Со силната приватна приказна како екс-пациент од рак и со неговата Лајв Стронг фондација. Им даваше надеж и сила на други пациенти од рак. Мои колеги имаат правено доста репортажи, документарци, интервјуа со него. Нашиот најглавен водител и коментатор кој што има скоро 43 години пракса честопат бил во Остин Тексас дома кај Армстронг. Колку пати имаше конфронтација околу темата допинг. Армстронг стално одговараше дека тој никогаш не бил таков и стално имал чисти победи. Сабајле не знаев после сите афери, лаги, тужби, трачеви, факти, и ФБИ истраги што да заклучам. Останав смирен и ладен. Жално како ги има тој сите критичари,противници, новинари, спортисти, колеги велосипедисти, адвокати и други важни силни органи со години грубо навредувано и тужено. Пак едноставно си го режисираше цело интервју со Опра.
Одговори тактични, за да избегне судски покани. Не беше 100% отворен. Но неговата магија падна силно уште пред неколку години. Сам си е крив. Да видиме какво значење ќе има денешново интервју во иднинина. Промени или не.
Пред неколку години стартот од Тур Д Фрас беше во Ротердам, Холандија. Армстронг во тој период повторно ја продолжи кариерата. Целта му беше: со нов почеток, нов старт да најде донатори за неговата фондација. За светската борба против ракот. Што и да мислиме за него. Дали е виновен, наивен, глуп, тежок манипулатор или некоја будала. Само на стариов водител му беше дозволено (без камера) да биде сведок каде Ленс Армстронг во Холандска болница посетува мали деца со рак и каде што разговара со родители. Сите во тој простор беа здрвени, блокирани. Како да влезе Господ. Толку беа возбудени од неговото присуство. Од неговите нежни зборови и магични раце. Се радуваа со една интимна многу значајна прегратка. Како некој ангел кој ќе им донесе лек. Докторите останаа како споменици. Ленс Армстронг може ќе ги спаси децава од проклетите болки. Родителите во тие минути имаа скриени солзи пред насмеаните деца. Скриени емоции од тешки животни судбини. Се воздржуваа намерно пред радосните деца. Оваа приказна нема никогаш да ја заборавам. Од тој Ленс Армстронг. Искрено: со лаги, некоректни успеси има пренесувано надеж на тие деца и родители. Како и да е. За таков случај секој еден љубезен збор е како лек.
Велосипедскиот спорт е со децении загрозен со дрога (допинг). Во овој спорт владее режим како во мафијата. Спортистите, тренерите, менаџерите, спонзорите, докторите, никој нема никогаш да признае што се случува во позадина со медицински помагала. Тоа е нивна заедничка тајна. Новинарите ретко или никогаш немаат докази. Толку е се затворено. И еве. Готово. Сега крајно најпознатиот спортист во последните 15 години призна дека и тој бил како 90% од таа велосипедска генерација. Но за тие што го пратат спортов со години интервјуво кај Опра не е ништо ново. Конечно после толку време искреноста победува. И тој се пробуди, се освести. А ние сите според него бевме психички луди. Некои новинари дури требаа стотитини илјади евра отштета да му плаќаат. Поради, според него, лажни кривични пријави. Тешко него. Неговите деца. Неговата кариера и легенда испадна како една голема измама. Првите сигнали беа усте во почетокот.
Во 1999 година новинари прашуваа како е можно некој веднаш од нула/ништо со години по ред да победува како Супермен. Колку пати новинари од цел свет го соочија со овие сомневања. Тој секогаш се бранеше дека нема докази и дека никогаш немал позитивна крвна контрола. Значи се било според него во ред. Реалноста сега: досието Ленс Армстронг е капачето во огромна афера во велосипедскиот свет. Веќе со години негови поранешни колеги го кажаа, допинг-агенти од Америка со огромна сила ја бараат вистината со најсилни можности. Се за: вистината да се докаже. Армстронг веќе не можеше да негира се. Крај беше. Се исплетка самиот. Според Њујорк Тајмс како во драма од Шекспир. До 18 јануари 2013. Господ знае што следува и кој сандаци допрва ќе се отваарат. Или се повторно класично ќе се замачка и ќе остане во бунар?
Јас го имам зачувано мојот дневник, кратки забелешки во приватен дефтер од 24 и 25 јули 2004 година. Дали сме ние сите новинари слепи, наивни? Не, тоа е лесен заклучок. Звучи моралистички ама спортот е огледалото на светот. Голем дел од спортистите се искрени, чисти, фер и во ред. Мал дел е расипан. Со лаги, со наместени натпревари, со манипулации, со тактики, со нечисти работи, со навреди, со се најлошо. Така е и во бизнисот, во политиката, во животот. Победници и цареви спрема жртви и губитници. Ќе ги зачувам моите спомени од два пати Тур Д Франс каде што учестував како новинар. Во 2004 и 2011 година. Имам сувенири: жолта гумена нараквица од Лајв Стронг Фондација и мал жолт точак.
Која лекција можеме да ја научиме? Спортот веќе со години е постепено променет. Долари со мирис на нафта го преземаа фудбалот. Вистинската идеологија во тој спорт се изгуби. Милјардери доминираат од една страна со топ тимови. Од друга страна отепаните екипи, натпревари и играчи се поткупени. Има фудбалска мафија со манипулација на резултати. Дали е Усаин Болт чист? Да, до колку нема никакви докази дека е виновен за допинг. Зошто тенисери можат годишно многу турнири без прекин да играат? Што да мислиме за пливачи, скијачи, боксери, кошаркари? Тие искрени се? Совршени? Цела игра е; тие што користат медицински помагала тоа го прават толку професионално. Веќе со чекори се напред од спортските ловџии, анти-допинг служби. Спортот со години веќе не е спорт во широката смисла на зборот. Иако го романтизираме. Спорт е за 50% забава. Сите сме учесници во таа игра. Сакаме херои. Добиваме херој. Сакаме солзи. Добиваме солзи. Сакаме и чекаме драма. Со победи или порази. Добиваме гратис идентификација. Се занесуваме во нивниот идеален, сонуван свет. Спортскиот свет, медиумите, публиката, газди, спонзори…. сите играме улога во тој свет. Секој на свој начин. Да побегнеме, да уживаме, да се исклучиме од дневната реалност. Со играње и следење спорт. Едно од најважните споредни работи во животот. И дали победува нашата омилена екипа со допинг или не? Тоа е матна зона. Сакаме едноставно добри вести. Некогаш е подобро да не ги знаеш сите детали. Инаку ќе се побудалиш од реалноста. Нека има секогаш една идеализирана отворена средина. За да си останеме сите среќни со нашите спортски херои и спортските спомени. На стадион или дома пред телевизија.
новинар на холандската телевизија НОС Студио Спорт
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.