Готово. Не можам појќе да гледам неправди. Се скренав. Абре ми идаше солна киселина да се напијам. И то шприцер со варикина. Се мислев едно време и стакла да јадам. Збеснав. Дури бев на мисла и најлошото да го напрам. Да гледам вести на Сител и да земам да се изнаповраќам и да ме фатит некое проливиште, да дехидрирам и да ме снемат од земјава.
Абре како можевте така бре крвопијци едни, едни едни човекојадци бре, едни никаквеци како можевте ненаситници така да напрајте. Да го остајте момичето само со 1500 еври плата во ова време невреме. Ееееее шо се за нејзе море 1500 еври. Јас пак чуди се зш Ивонче излегвит со ролки на вести, со некои џиџани, машки кравати, скраја да е како п…., пак уште критикувај jа дека не знајт да се облеквит. А та немала, пари земвела само 1500 посрани еври.
Во времето кога немат новинар кој земвит под 3000 еври во нашата благодетна НСРМ та да земвит….Срам да ви е, срам. Скриjте се таму. Не можевте побргу законот за хонорарци да го донесите и тие 35 % нејзе да и ги префрлите да живејт момичето нормално ко секој во државата?? Бедотии.
Зар не сакат момичето да возит Ауди џип металик сребрен? А како да купит со та плата?А? Ој ти купи го да те видам. А вака едвај собра кутрото 30-40 илјади еври и купи посран најобичен бел адуи 5 џип. Го праќавте момичето да ојт во пратња со Хорхета по државиве облечено ко ….., да се срамит. Шо мислевте бре која е таа? Ивонче девојчето со кибритчињата? Не бре алоооо таа е Ивона новинариштето. Абре најобичните известувачи од регионот имет земвено појќе пари од нејзините бедни 1500 еври.
Абре зато ли момичето години ви читаше куртон вести, измислени, наместени нарачани за вака да и прајте сега арамии едни? Го зедовте кутрото на душа, ама аку гледат горниов. И нејзиното куче ќе фатит зајаче.
Мада рака на нога и та е крива малце. Ја немат полагано обавезната математика без која не мојме да живејме. Одма да се воведит. Не до година, абре хитно…од вторник. Ако сегашниве матуранти полагет математика без која немој да дишит одма ќе знает дека: , ако и само ако x е смрден стан, а а= тато невработен, тогаш ∑ = стап студирање. А ако а=тато вработен тогаш n-k = 40 000 еври, тогаш ∑= ај да видам студирај.
Додуша оваа формула им е потребна и за вработвење и то: ако x = вазелин, a= дијаметар на чмарот, а = партиска книшка, ако и само = мито2 тогаш и само тогаш ∑= 10 години по улици. И јасно е све. Пресметај си ќе си видиш колку ти е заебан животот, а не само скокај, оди студирај.
Мада све ќе се средит. Еве ќе почнит полека. Најави Бранко враќање на политичката сцена. Ај ај. Не бомба….гранати тој носит со него. Само се нервирав шо кажвевте дека се кријат како курвица, како вагиница, како некоја мивка ова она. Го напаѓавте Банета неоправдано.
Тито сам јаваше на својата колона ама Баненце најави дека прв со си син му ќе тргнит во поход за враќање на демократијата во НСРМ. Све ќе си дојт на свое. Решен е да ги решит и сите пиздарии шо се и сега напраени ама појќе да работит на неговите шо ги напрај. Имат да бидит: Бане јаваше пред својата колона горд тој напред со синот свој. Богами. Ако Зајко го викате Бошко Буха ќе видите кој е Јул Бринер од “Неретва“ .
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.