И додека младите од Кочани во тишина маршираа како протест за 61 загинат во шупата којa газдата си ја викал диско под мотото “Задоцнета реакција“, Инспектори се растрчаа низ Македонија во контрола на објекти. Ко јапонци.
Се растрчаа и напишаа 360 казни во вредност од околу три и пол милиони денари или во наши пари нешто помалку од 60 000 еври. И уште толку да соберат неможат калта да ја исчистат нити да му надоместат на 61 семејство за изгубените животи на нивните најмили. Зато поарно нека ги донирет и нека го напрает кокошарникон во Кочани шо уби толку млади луѓе. А ако на овие суми ги клајме и сумите фукани како мито за да можат да работат кочини шо ги нареквет диска, кабареа, кафичи …….А богами и доста ќе требет зш појќе од пола објектите се такви.
Иначе посебно секое објект бил казнет отприлика 9 500.00 денари или ти 150 еври. Многу јака казна. Мојш да го казниш газдата дестина пати во годината и ич мува да не го лазит. Да ти се прднам во државата. Но во секој случај јас лично сум воодушевен од ревносната работа на инспекторите шо толку макотрпно сработија за три недели шо би побарал и бенифициран стаж. З`ш испадвит дека дневно пишеле по 24 казни, односно или 3 за еден сат.
Ам ако ојш да пазариш нешто чаршија за еден сат немој да посетиш појќе од еден дуќан, а овие спајдермениве три. Важно владата се искина од радвење и сними видео за лифтојте во МРТВ како оделе нагоре и надолу. Само не ги викнаа Агушеви ко тогаш ко се равцепи од играње Зајко за еден километар пат. И требит да се радвет. З`ш досега шо постоеше лифт одеше лево десно.
Овдека кој колку пари дал или зел можиме само да нагаѓаме ама знајме дека Господ зеде 61-на душа. Ама пак со сигурност знајме дека Битолски Комуналец кој е во загуба милион евра даде 57 000 евра за кучешка храна. И јас незнам шо ги напаѓате. И министрите души и кучињата души. И тие сакет остриги, кавијари, коски од да речиме евроазиски мамут, а не од некое недоквакано теле. Не така? Плус ако клајш тука за мексичка текила, француско вино од винарија Жан Алези старо 40 години и друго ќе испадните дека тие 57 000 еври се само за основна исхрана. Е така се хранет нашите пци.
Ама пак Господ знајт шо со се хранит независниот кандидат кој стана В.Д. Градоначалник на Кочани Венко Крстевски. Господ знајт како врзвит крај со крај. Во анкетниот лист што го предал при стапување на функција немат ништо на негово име. Пријавил земјиште, стан и возило Опел на име на родителите и возило Форд Фокус на брат му. Ваљда живејт под кирии се возит со такси и можно е да се хранит со оние ефтинине салами шо ги јадевме ко бевме војници. Појма неам. Тешко него. Можда пак битолчани ќе го земат под свое. Кој знајт.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите