Вака така му дојде крајот на уште една претерано успешна туристичка сезона во Охрид. Мака ми е шо заврши заради успешноста и незнам дали уште една ваква турбо сезона ќе се повторит, во која секое ќоше, секој кревет, секој апартман, секој хотел, кокошарник, шупа, подпрдалник,  беше исполнат бар со еден туриста ако не и појќе. Мада за мене иако ова сезона беше сезона која ми донесе секирација и паднав во тешка депресија сепак сум задоволен. А паднав во депресија зш сватив дек сум ќор.

Некои релевантни фактори рекоа дека бројот на туристите се зголеми оваа година за 100 % во споредба на другите години шо би значело ако лани на плоштат на вечер имаше 2000 луѓе оваа година имаше 4000, што би значело дека не мојш да поминиш од џуба џуба туристи.

Јас ко ќе излегвев две третитини од туристите не ги гледав и така заклучив дека сум слепец или ќор. После ми текна дека така движејќи се сум ти газел на голем дел од нив, зш не ги гледав зш сум ти бил ќор. Но битно е дека сме имале туристи, а слепилото мое некако со лекој ќе го вратам.

И си реков, на крајов од оваа преуспешна туристичка сезона, за да малку ја ублажам депресијава ќе си излезам како туриста бар една вечер да си уживам. Си излегов со жена ми и Сузи, старосватицата од Скупје. И ко видов како си поминав ми идеше тестисиве како чунга лунга да си ги изџвакам зш почесто то не сум го праел истото.

Си седнав во центар во права охридско – македонска атмосвера во еден ресторан кој го кажвет дека имал убај риби. Преубај. Јас немав јадено. Ми имаше кажвено еден зет на  внук на еден другар на шураму  на брачетми. Си седнав и одма се подрасположив. Слушам од лево една стара престара народна македонска песна: кукавицааааааа, нисам знала да си таква кукавицааааа…..

Их како се расположив. Уште ме немаа послужено и ко ја зедов та пепељарата од чиментото партал ја напрајв. Е вака бе брате. И со песна да знајш дека си во срцето на НСРМ. Таман се созедов, ко шо бев така ќор, таман ми се смири притисокот и прескоциве ете пак, овај пат староградска охридска: сечаш ли се лепииииии громеееее мооооој…..па па па…..па која измикса ко ја рсна нај охридската: Главоболкеееее од винаааааа нигде аспиринааааааааа…….

Давај дете вино и лента аспирин. Скокна детето донесе за пиење и сега да јајме. И нормално во ресторан кој е за риба сакавме да касниме плашица, она охридска, та да крцат јас да јадам, вино со неа да пијам вечер да неспијам….

НЕМАТ. Молим? Немат господине плашица…не ја служиме веќе две години. А јас мислев му имат снемано или пак му немат имано, а тие појќе не ја служеле. Во прво време се шокирав, кај бев во депресија сега уште ова ми фалеше. Му реков да ојт да ја нарачат она охридскана : на страдуунуууу шетааааааааам јааааа, цила рива побиснилаааа…. Дур размислам шо ќе јадам и да се смирам. Бам блоксанот со шприцерчето да им се прднам на прескоциве.

После си викам, и как да ја имет море тиквар еден плашицава. Од ресторанов до езерово имат преку 50 метра. Од ресторанов до концесионерот имат целиииии два километри. Требит пешки да ојт едно 30-тина метри, па уше двајсет со кајче, па ваѓај јадица, па ова она , море прдни и се на плашицата заштитниот знак на Охрид. И после и да го напрајт сето то колку да ја продават?  500 денари порција? Кај му се исплаќат.

Ела дете. Кажви друго шо да нарачаме да е карактеристично за македонска пред се охридска кујна. Тргна на набројвит: Ципура со лимон декорација и компир…..даље…..октопод на скара….даље……Октопод во холандски сос со……кочииииииии.  Со шо сакат нека е. Давај дете. Е така бре брате понуди нешто охридско, македонско. Од ова по македонско каде. Посебно сосот и краците.

Е сега јес да е овај производ последниве години стана карактеристичен како традиционална македонска храна, отприлика негде последниве 25 години,  ама пусти октопод со сите свој краци го имат во сите македонски кујни. Пред се во политичките куни, во сите владини кујни последниве 25 годни, бизнименски кујни, абе сегде кај шо можат да се пуштет краците и нешто да се куват за македонскиов народ. Нарачавме.  И го кркавме.

ЏИМИ

[email protected]

 

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.