Оооооо па да. Ние веќе се спремаме, да не  речам спремни сме за Светското првенство во фудбал во Бразил во 2014 година. Да бе. Санќим ние го организираме. Аку не растуријата во групата ко каубоeцот коњот ние сме спремни. Пожолте Охрид,  а Богами и цела НСРМ. Да да. Во секој град веќе е основана група специјална на навивачи за Бразил, во секој град имат над стотици канцеларии кај шо мојте да се пријавите. И то многу лесно. На секоја канцаларија си имат жолта лента со името на групата. Да да. Пишит “затворено од УЈП“. УЈП? Чудно име за навивачка група ама пак се спремивме, се жолтосавме. Дури и во гаќите.

А да ти кажам пожолтеа и просветните работници. Ќе требеле да полагет за лиценци. Виш. Паметнотија. И така требит ами како. Зш на она ливчено шо го зедоа после факултет, шо си го викет диплома, пишит буквално вака: дипломиран печач на кикирики и семки, со љупо-продажни способности. Како ам. Иам прочитано јас. Не само лупај.

Мада неморат ич да пожолтвет и да се плашет зш полагањето за лиценца која ќе им овозможит да се вработат како копуци и ќе им ја отвори вратата кон рајот на финанските благодети да не речам е вагинален дим. Леснотија.

Ќе требит да одговорет на 50 прашања, нормално по случаен избор, да напишет домашна задача од 300 теми шо ќе му се паднет, да изигрет котката питката, џуздија, да испеат една песна народна, една забавна, една по избор, да исплетат лев чорап, десна нараквица, да напрет една зелка расол и на крајот за нив најлесното зш кој како дојде на власт ги нишат на нишалката, да изигрет една древна македонска игра …пучи гас. Е така. А сето ова ќе го пратит посебна комисија која ќе го оценит наставникот дал е способен да оддржит час, а во комисијата највероватно ќе имат компетенти бравари и машинозаварувачи со диплома од рударско-гинеколошки факултет.

Дур сум кај просветариве, да не речам кај најдолната класа во државава, ми текна дека прочитав дека некојси наставник го акнал некој ученик со глата од клупата и то без никаква причина. Јас не вервам дека е така. Морат да имат причина. Сигурно детето имат имано фризура на патец,  а то го имат нервирано наставникот. Или пак имат имано кафени пантоли, а немат имано зелени или имат немано жолти, а наставникот се ежит на кафена боја. Морат да имат нешто.

Не вервам дека детето имат бидено непристојно, дека имат зборвено на мобилен за време на час, дека му имат покажано среден прст на наставникот и не вервам дека сето ова го имат праено стално нити пак скраја да е пту пту пту детето да имат бидено невоспитано, да имат немамо култура. Да се разбериме…не го правдам професорот шо го удрил така, ама нити пак татко му шо се истрчал одма да ваѓат медицинска потврда за да ојт на суд. Можда поарно ќе е прво убо да зборнит со детето свое или тој да ја преиспитат својата родителска поставеност кон детето. Зш ако е она второто во кое реков не вервам, ко ќе се замешат детето низ улиците за понатака, не мавет глај од клупи, туку од тротоари. А наставникот да си го добиет она шо го заслужил.

А искрено да ви кажам дека едвај чекам да го фатат и да си го добиет своето крадецот од црквата Св. Атанасие. Море криминалец, хохштаплер, бездушник, крвопиец, а бе да дајт господ пролив да го фатит на раскрсница. Замисли ти се дрзнал да украдит вкупно 400 ( и со зборој….четрсто денари) и то замисли….држ се за столот дан падниш……во…..уф тешко ми е да кажам…..во различни апоени. Ц ц ц ц. Страшно. Така бар го кажаа на вести ова. Замисли во држава кај шо крадењето е  непознаница да се осмелит овај безрбетник цели 400 денари и то во различно апоени да ги манит в џеб.

Абе ако го фатет море со очите били да му игрет, од цревата ремења да му прает, со пршлените табла да му игрет, од ушите пача да му прает, од кожата церада за трактор абе да го искинет, на мадиња на чинарон да го обесет. Ќе крадел тој. 400 денари. Во различни апоени.

Ќе забораев. Пошто мината седмица беа деној за извинвење кон премиерот, нели Таулант Цапа му се извина на нашиот зш фрлал по него со неговите јајца, јас сакам да се извинам, ама не према овај премиер зш Господ знајт уште колку ќе му згрешам, ама можам према некој други. Еве јавно му се извинвам на Кљусев шо нејќев да перам веш на раце, на Бранко зш му вервев дека ќе го скинит октоподот, дека ја заебав ЈАС приватизацијата, на Хари дека му вервев зш е банкар и ќе ја опрајт државава, на Бучко шо го шинав со тенкојте, на ЉуБчо шо му дадов погрешни тренерки…..на мама шо ги жолтосвев гаќите ко помал и на децата шо сум се родил во НСРМ.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.