Море шо прост овај народ НСРМ-оскиов. Цела недела кај и да се свртам дебати дали имало штрајк или немало во образованиево. Појма немет луѓево. Ами наместо само порничи да гледате земете гледајте вести, читајте новини, информирајте се и ќе ви станит јасно шо е работата. Али имат али немат.
Бар по медиумиве е јасно и гласно кажано и се знајт. Штрајк имат. Односно ако добро свртиш неколку телевизии ќе видиш дека немат. Да. Немат ама штрајк се држит. Уствари за да ти е појасно ќе ти кажам дека штрајк немат ама све појќе синдикални организации се приклучвет кон штрајкот шо го немат. Т.е. и тие мал дел шо штрајковет синдикалци све појќе и појќе не штрајкувет, штрајкувајќи.

Шо би се рекло како заклучок штрајкот шо го имат не се држит, зш одржувајќи се го немат. Јасно? Ами гледај вести и јасно ќе ти а не јас сега да се дробам да ти објасвам дека имат штрајк кој не се држит односно, за поточно речено немат штрјак во кој појќе синдикални организации…….Јасно? И сега имат или немат? Имат. Односно немат. Или најјасно….мојт да имат немано или да немат имано. Јасно?

А појасно и по концизно нешто не можеше никој да кажит, како и секогаш, од поглаварот на ИВЗ. Чоекот немат да не кажит нешто, а јас да не се израдвам како мајка на посрано дете. И вакви предлози на вакви умој можат НСРМ да ја тргнат од ова посрана источњачка летаргија и да не катапултират како ракета во западњачките води, дури и да не кренит на повисоко место од 12-тото на табела за мизерен живот. НСРМ со вакви луѓе срља у прогрес.

Кажа чоекот. Сите од нашава држава шо се членој на исламските терористички организации да се амнестирет да се ресоцијализирет, да се до ква или пре кваливикувет и истите според овај Ајнштајн ќе придонеселе за економски развиток на нашата оаза на мирот.

Го поддржавам. Немат тука шо. Од неколку причини. Прво види. Таквите терористи се воглавном дечиња кои се донесени во заблуда и со сила ги терет да си колат луѓе, да активирет бомби насекаде и да прает други заблудни активности но не по своја вина.

Прв чекор амнестија, втор, распоредување низ НСРМ по разни фирми и нормално највисока плата да не се наљутат. Пример ако некој во некоја терористичка огранизација колел луѓе го редиме во месара. Сакат месар сакат касап. И нормално да пазиме телиња да колит. Да не му се наметвиме ние дан го донесиме и ние во заблуда како сега шо е кај шо шетат со јатагани бомби и зољи.

Тук се забрбав ќе забораев да се јавам на “Ало докторе“. Сакав да прашам за стрина ми шо си ојде од кај стрико ми зш овај ко ќе јадел многу мљацкал, а нејзе и било грозно. Стрико ми рече дека не било то мљацкање од шо сакал туку долната вилица намерно неубо му ја напрајл Сандре забарон зш ко биле мали стрико му му ја зел стрина ми, на Сандрета му била женска, лажејќи ја дека Сандре наводно имал, нагласвам н а в о д н о, големи хемороиди како цицки и стрина ми се згрозила и го остајла.

Зато реков да се јавам на “Ало д-ре“, да прашав дали ова е можно или се само инсинуации на Пера, сегашна жена на Сандре, која стрико ми во времето ја остајл зш не се депилирала и кај препоните била ко џихадиста. Кој го знајт дал е така или не, зато реков….

Кај шо спомнав доктор ми текна. Реков на почеток јас овај народ е прост како никој. Им ошол Тодоров во некоја болница ненајавен ги фатил сестрите кај шо пушет цигари, а докторите кај шо спијат и овие ллееле мајко љути на него шо да ти кажам. Ами море прости како сакате да ви дојт….да ви пратит депеша и да ви донесит тепсија пршки и црвено вино и зелка расол. Санќим прасето го закла.

Простаци. А малку само да бевте попаметни ќе избегневте вакви страмотилаци. Ами ако имавте тро кликер ќе ви текнеше дека вие како сестри наместо да пушите цигари, можевте да му пушите на докторите, ем то не е казниво ем докторите и да сакаа не ќе можеа да заспијат и казни јок. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.