Добро е. Една недела помина од промоцијата на новиот проект, пензионерите беспари на скијање и мислам дека е ептем успешен. Не прашав костозглобна како помина персоналот ама џева не се крена. Успешен проект. Немојт да не е успешен ко е паметен. Некако овај проект да ми и е еквивалентен ко…на пример…..до почнат да носат деца од градинка на кино, мислам бесплатно да ги носат на порно филмој. Исто ќе е успешен.
Се крена голема прашина шо голем дела од админстративците од охридската локална самоуправа ќе се селит во Косел. Се подумав да пишам нешто за ова ама реков ај да не лупам ко Максим по дивизија, напамет, да не речам ко паушална сметка за вода, ми текна на народнана: Зад добрите коњи голема прашина се креват. И си реков дај да почекам да се расчистит прашинава да видам кој се коњите после ќе пишам.

И да. Се вртеа пешници, зелници, погачи со париња за бадник. И прочитав многу конспиративни и за нашата иднина, пред се економска, многу важни информации. Кај кого каде се паднала паричката. Ептем битно. Кај Хорхета, паричката се паднала кај Господ, а кај Никола паричката паднала, кај него. Заев вртеше во Брисел и парата и падна на Шеќерка. Информации од голема важност кажаа за просперитот на НСРМ во правец на натоизација и евроинтеграција.

Ами сега да си кажам и јас зш мислам дека и то е битно за просперитетот на НСРМ. Кај баба Дуфка му падна на стрико Ефтим, кај стрина Јосифица му падна на золвае од брачедае Ника, шо и е јатрва на стрина Коприна, жена на стрико Методи, шо му е зет од две сестри за прва брачеда на тетин Никофор.

Е така. Важно многу. Приметивте дека кај мене такво нешто немаше. Можда сум глуп ама јас колку шо знам то прво во историјава го напрајл Св.Василиј кој несакајќи директно да им дајт пари на сиромашните им ги криел во лебот за да испаднит дека има се насмеала среќата. А Василица или Св.Василиј е утре. Не така?

Оф сега видов. Во Охрид ќе се организирале серија обуки за бон –тон на давателите на услуги во туристичко – угостителскиот сектор во однос на приготвувањето и послужувањето на храна, однесувањето на угостителските работници, како и промоција и маркетинг на услугите. Во некој работи се сложвам и мојме да поработиме на то да си ги поткрениме за да ни идат појќе туристи, мада и овие ни се многу, ама не се сложвам шо кој онакво да им се држат обуки на келнерите.

Шо му фалит на: абре море ти шо вака касно на кафе…..дан сакаш ватерпол да играт мувата..море акмак ај сам исцедиси го или иш Скопје нека ти го цедат лимонот…алооооо момееее колку шо гледам ти имаш црвена коса, а влакново во чорбава е црвена, е на црц сменвење…..е да пукниш не го сечам ноктов на чулчево, то ми е за ушиве копање и кормушки вадење.…и некој други убај типично охридски фрази на изразвења кои се магнет за туристи зш ваков речник и однос на други келнери во светов немат.

Горе го спомнав Зајко во Брисел. Дал од вртење на лепчето му се сврте во глата незнам, ама знам дека нигде не видов и не чув негова изјава на англиски. А сигурен сум дека знајт. Жими него. Ко знаеше да прајт такви тендери, а то е многу потешко , гарант знајт и англиски да спикат. Јас мислам дека не е до јазикот ами до дијалектот е . Замисли англиски со струмички дијалект? Страшно. I will never опраам м`кдонија жими коремо. Грозно.
А го видов и Бранко. Неговиот екс лидер кој всушност е пак лидер ама не е, зш Заев е ама не е зш Бане е, ама не е Бане зш Зајко е, мада тој не е зато Бранко е ама не е зш е Зоки…..ај как да е, го видов ко ни честита Божик и палаше свеќа. Ваљда ко ја палеше му се молеше на Бога за народецов од НСРМ и за неговата СДСМ. Незнам. Само не видов дал запали горе или долу.

Замалку ќе заборев на крајов. Ве молам , исто како шо политичариве ги молам 25 години за подобар живот, така и вас , не ми ја го чепкајте го ја Ивончето од Сител. Кренавте толку прашина шо возела ауди, земала тендери и други триста глупости. Не кревајте прашина зш Ивончето не е коњ. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.