Е многу љубам свадби. Лажам. Љубам секакви веселби. Лажам. Ги љубам луѓето шо се весељаци на свадбите. Шо знает бре песна да нарачет, права песна за правиот момент кај шо песната на настанот и дават симболика. Праќат некоја порака.

Ев да речиме на неколку свадби сум биден последно и незнам кај ми е глата од веселост ко ќе му ја нарачет на младенците:….ние двајца многу можевме, а среќа немавме, да се земeме.…..“. Симболика шо викет кавадарчани у пичку мајчину. Уште не зeмени ги разведоа. Опааааааа зетов напред. И јас ќе нарачам. Ајде маестро ќе ти имам за давање 128 денари….писнија: Играј коњуууууу играааааааааајјјјј…..Па викат: .…Розо мојаааа црвенаааа.….му викам на тој шо ја нарача е ај кажи овде шо симболика имат..викат: Менче (невестата) уште од средно имаше и сега имат многу брадајци и се зезаме стално, демек ружа полна со трња како Менче со брадајци.

Алал да му е на нарачувачов. А пак на една свадба еден опна еден петстотка и пејачов ја акна:…..свршена Спаса побегна……Пак кај се трефна симболиката невестата три пати беше разведена. Ојме еднуш на бебе, се веселиме, идат една стрина, седна со нас да попеела и ја црцна некоја народна, јас прв пат ја слушнав песната ама имаше вистинска симболика, ‘рсна...таман пороооод добииииив, мајка се сторииииввв, мајка што го љубиииииии, ама гром го убиииии….оф леле леле црнаааа јааааас.….Симболика у пичку мајчину.

Ама немат симболика пак во желбата кај американцине НСРМ да станит член на НАТО. Искреност. Абре ко рече онај шо е за втервење во НАТО: никој појќе од Америка не сакат НСРМ да влезит во НАТО од нас. Се наежив. Се расплакав и се размрсулајв искрено. Ко размислив и така е. Чек да попуштам…..играаааајј коњуууууу играј.

Абре ние и да викаме дека нејќеме и да опињаме да не влегвиме тие со сила ќе не втикачат во алијансата па мајка Костадинка да е. Уште ко рече: столчето на кое седи Македонија пред вратата на НАТО е цврсто и никој не може да и го земе од пред влезот во НАТО. Одма седнав и на батецот му напишав е-мејл во кој го замолив столчето да го заменит со кревет зш галиба појќе време ќе дремиме пред вратата, да си прилегниме, си прилегнав и јас и си ‘рснав една симболика: лажиииии лажиииииии Верееееееее.

А ќе забораев. Ќе ја продам колана. Да бе. Ќе си купам трактор. И то од големине. Фергусон. Или ИМТ. Свеедно. Важно да можам да се возам низ градов. Зш кај им прдна легнати полицајци акнаа. На секој 100 метра. Да се успорел сообраќајов за поголема безбедност. Жими Тасета. Не за онај шо ги редит да се наполнит со пари туку зш требело така. Тргни застани. Се сторив ко Алонсо во Монте Карло. За да поминам низ градон 2346 пати шалтам, прва, втора, трета, втора, прва, втора….Абе ….. играаааајј коњуууууу играј.

Ко может тие можам и јас. Да бе ќе си клам дома неколку легнати полицајци. Во двана ходници, пред дневнана и пред спалнана. Абре луѓе неможам појќе. Многу брзо децана се движат низ станов, ко фурии се.

А да. Ми текна. Ќе клам еден и пред влезнана врата. Ваљда некој инкасатор ќе се сопнит и ќе ја скршит глата. Зш последно време на врата појќе инкасаторими идет од колку шо Менче имат брадајци. Додуша ми текна да клам и еден жив полицаец, испраен. Сакав да го клам Мики. Штипјанецон. Ама пустион ќе заминвел Штип на пастрмајлијада, ќе трескал пастрмајлија. Даби в грло му застанала. Пет години му викам да напрајт и непрајт. Шо ќе беше она стегнат во газон. Абре железно 16-ка да му клајш во газон, намотај ќе извајт од 10-тина километри. Богами.

Та дал та не. Искрено. Не се секирам појќе. Имам јас и за то решение. Правец Ројал Вју, ќе си каснам брускети, мавам едно Старопрамен и после во аптека. Да да. Во аптека. Разбрав дека од први октомври докториве ќе имале право појќе лекој да препишвет. Абре алал да и е на ова владава НСРМ-овска. Секош е чекор напред во полза на сите НСМР-овци.

Ито како ќе ни требет лекој после ваква сезона на сите НСРМ-овци посебно на охриѓани. Само јас би менал. Не на рецепти да препишвет, туку на кило. И неморат сите лекој. Само дијазепам, депрозел и лексилиум. Си влегвиш и викаш дај ми пол кило дијазепам 10-ка и 300 грама депрозел. То ти е доза ако мојш да ги исплатиш кредитите и да преживејш зимава. А ако планираш да ојш папа земаш 3 кила дијазепам и маваш на екс. Чек малку чек …..од кај комшиве симболика……кредииииииититееееее да ми гиииии запишиииитееее на гроооооообоооот мооој …

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.