Слушај море. Абре какви 20 пратеници….опааа вдупка акнав, ојде бандажот…..ма какви 20 пратеници од дијаспората. Абре 30 да ги клајме, море ако……оф, оф, оф уше една дупка, ојде и левиот….ако требит и 40 ќе ги клајме све само за равој на интелектот во…..ах, ах, ах…..в знак мавнав, онај знак табла, му се посрав на браникот….значи да го зголемиме интелектот во НСРМ мојме и 62 – ца да ги……оф оф оф, пропаднав в шахта. Чек малку ќе ти докажам…..

Не туку свириииииии алоооооо. Па шо ак имат дупки, табли, шахти отворени, ендеци со кабли, ендеци за кабли и без кабли, тротоари искршени, паркирани коли…..па смири се. И Струга ќе се средит ко Охрид наш, не дери се. Еве јас еден сат вртам околу пазаров и од тезги, дупки, коли и магариња не можам да стигнам до него па не се нервирам. И ти да не се нервираш. Ќе ја средит Струга Села не се секирај. Е кога. Сега немојт. Секој ден од сабајле ојт на фризер под хауба ја редит глана ради фризурана и после имат работа во Косоврасти. И од каде време? Е потака…

И да ти докажам. Не знам како да те убедам дека морат да имат шо појќе пратеници од дијаспората. Мојме и по пола да ги поделиме. Например 31 од дијата и 31 од спората. Е како не ни ги знаеле проблемити. Море тврдоглав. Или ај ќе напрајме компромис. Разумен де. Ако не сакаш од дијаспората еве ќе клајме 30 пратеници од сиријциве. Па никој појќе од сиријциве шо дојдоа не ни ја познават нашава проблематика. Така?

Е така. Ама вака да ојт. Прво да видиме кој ќе победит за да мојме да му дајме уште 10 бонус пратеници од негојте, па 30 сириски пратеници од негојте, па уште 20 бонус за неговите сиријци, па 3 од картите, 10 од на татко му и на мајка му…..и така ќе добиеме нови не оние шо сме ги гласале пратеници, ама по објективни амин.

И не се нервирај. И ако некогаш се изнервираш не се секирај. Ќе си зејш лек и шупи си. Еве јас завчера си зедов еден лек во нашево бесплатно здравство со рецепт, на позитивна листа, чинеше само посрани 1 100 денари. Пари е иљадарка? Дури сакав да му земам и на татко му некое кутивче, ама зел самиот 2 кила лекој на позитивна листа.

Е сега јас неможам да не се нервирам. Последно време по фејсбуци, по други социјалски македонски и секакви мрежи под нозе ми го зедовте Хорхета. Те чоекот 7 години саде лежел Водно и само се дебелел, ништо непраел, те бил безгласна буква, те неможел ни да прднит дур не му дозволел Никола, те….

Немој те бре така луќе. Па државник ни е. Председател ни е. Мада по некоја логика и Зоцон, шо живејт Скопје, другар ми, е државник. И не сакам и другар ми да ми го вреѓате. Е сега искрено Зоцон не живејт на Водно, не се дебелит, многу работит, гласна буква е, прдит без да прашат….Важно работит во ЈСП и е контролор за карти.
Е како бре шојмат врска контролор со државник? Па главната работа му е во автобус. Пак не ти е јасно? Е па ак не ти е јасно земи некој од современине учебници кај шо имат песни, ќе најш една шо е со наслов “ТАТКОВИНАТА СМЕ НИЕ“ и во неа викат: Таковина е и автобусот „двојка“, што полн доаѓа и полна се враќа, и мустаклијата што катаден вози, што мафта и поздрав ти праќа“. За авторот…..алал даму е….стап.

Сега јасно ти е? Чим работит во автобус, а автубусот ни е татковина, тогаш Зоц шо е ? Е така…Државник. Шуќур. Мада то важит само за Скопје. Ако беше во Охрид контролор стап ќе беше државник, зш овде автобусине немет бројки.

Се изнервирав пак. Објасвам ко на тиквар цел ден. Ко си имам работа со луѓе никакви, глупи. А не сте глупи ко ќе јајте трици за специјлнана обвинителка, даде Кате, теваква била те таква била, од овега била од онега била. Само да се вреѓало. Ти бре злобни луѓе. Пак ко прочитав дека некој имаше јадено трици за Катувченценцуленцено дека многу глупо и стоело шо која избраа носела фустан со чипка и не и стоел. Е токмаци едни. Ај шо сте злобни туку и ќори сте. Каква чипка каков бутур. Миленце имаше клаено. 

И дан заборам. Денојве не туку се шетајте и фрцкaјте Скопје низ чаршијана. Жерновски најави контрола на сите ДУПО-ВИ во центар. 

ЏИМИ 
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив