Шо не ќе се сортирани ко Охрид рај со цени го напрајвме. Ене дојдени беа и оние сиромашнине, шо немет пари за купачи, шо се со врвци во газон. Е ова е Охрид, е ова е туризам. Од кај немаше. Од Скопје, од Велес, од Прилеп, од Кочани, од Врапчиште, Сопот, Дабиле, Студеничани, Драчево, Подмочани…. Абре од цел свет. Светски туризам ами како. Цела сезона, сите два дена полно. Динга. Ко во старине добри времиња.
Гледам и од радост само насмеан. Вака колку шо видов јас, можда дури десет посто беа постари од 17 години. Пари трошење……по, по, по…Шо да ти кажвам. Оние малине момичиња, од три-четрнаест години, шо непијат алхохол, комшоно немојше бре со пиво да ги на ваксат. Кој плати му кој не, а тој насмеан. Абре трчат набавит и само насмеан. Браво за комшоно. Браво за сите охриѓани. И така ко ќе гледаш срцето тие полно. Само насмеан стојш. Како Андов на интервју кај Секулоска. Расположен, релаксиран, ни нервозен ни ништо.
Ама слушај. Ак знајш да работиш и овци ќе привлечиш а не туристи. Ама им се пучевме искрено да кажам. Ам како. И така требит. Ние охриѓани од туризмот живејме, не од дивоградби, узурпации, рекла казало и друго. Од туризам. И морат така да прајш. Значи кој сакат нека зборвит, спремни ја дочекавме сезонава. Одма им се најџвевме. Уште од автобуска, слегвет, цап за врат, кој е посилен, тргај ваму, тргај таму и дур се сетит дома го втервиш. Ич да не му ја мислит. Па цените им ги заокруживме за да не лутет по гужвиве за ситно. Од тристапеесет денари, на петсто за полкревет. Бадијала. Абре по терасине спиевме ак требит само да им се најш на луѓето не оти за пари. Шо не праевме за да им е погодено на луѓено.
На пример една вечер, штрап цигарите од сите дуќани. Немат. Нормално. Не ќе ги остајме да се трует. Луѓето дошле на свеж воздух а не да ми пушат. Еден ден пак лебот намерно им го скривме. Шо е то леб да се јадело со све. И со бајат помфрит и со недопечени кебапи, и со живи колбаси и со…..И само насмеан.
А пази имаше и провокации. Од завид,к. Ама не наседнавме. З,ш ова е туристички град и не смејш нервозно да вратиш. И да те провоцирет. Само насмеан. Слушам еден гостин: „ Дечко имаш „Бекс”? А овај: „Иам ама со поминат рок” – и само насмеан. После овај пак нему:„Дечко имаш „Лашко”. „Иам”. „Дај едно, ама зелено”. А овај нему: „ Господине извини иаме само обично, ко ќе го туриш жолто е.” И само насмеан. А очеквиш да се изнервират, з,ш овај го провоцират, ама јок. Овај само насмеан. З,ш и мало дете знајт дека пивана се жолти, а не камоли келнер во туристичко место ко Охрид.
Е сега на пример ќе сретниш луѓе шо све им сметат. Ко Аце другарми од Скопје. Се жалеше бил Пештани сместен, па џо му се јавил и братму ќе идат, па и побарал на газдарицата уште една соба ак имат. Пак после ми кажвит: „Ми рече газдарицата – Кај вас ве прибравме уште една соба ми бараш. Абре вие сте биле ѓубрина незадоволни.” Ам как да му речит де ај. Како да ти дајт соба ко разбрав не си пазарел кај нејзе в дуќан. Дан сакаш да ти се смејт дур пазариш на друго место. Дан се приштеше од лебот од кај незје да го купиш па се пикаше кај комшине. Чоече разбери. Ак си кај нејзе сместен неможит сам да одлучвиш за твој пари кај ќе пазариш. Ете еднаш си влегол и си ја посрал работата. Не си можел сладолет да го најш и зато ти рекла: „ Ам ете ти Пелистерка, Кожувчанка зад тебе. Тие наочарите за украс ти се”. Ам как да ти речит.А? Не те разбрала жената шо бараш. Пак најсетне и то, и то е за освежвење.
Јас да бев не ѓубрина. Абре одма ти го менвам пазарот од 350 на 700, ти наплаќам, за врат и ајт да не те видам уште еднуш. Ама насмеан. Па така е. Навистина. Ај прајму метании, ам пак за вакви ѓубрина не вредит да се раскинвиш. Ама без расправии. И само насмеан. З,ш ак е поинаку не ќе ти дојт некој. Пример ак чекат два сати за еден сендвич, топли пива ак даваш, масине ак се јок, светло по улицине ак немат, ак го казвет цајканине за глупости, ак не менвиш чаршави, ак не го собираш ѓубрено цела недела, ак му го исклучвет бојлерот од осигурач, ак имат тепачки по кафичине, ако на секој чекор ти велет дека си скопјанец шо ги сакаш луѓено од исти пол и дека ни се мочаш во езероно, ако си нон стоп намуртен, не оти ќе ти дојт некој. Ама тое минато. Во денешно модерно атомско време ете и ренде ви купивме. И не само то. Туку вежбавме, вежбавме се изнавежбавме и сега нон стоп сме насмеани. Еве градов се испразна, сите си ојдоа, а ние останавме насмеани со рендето в раце.