Добро бре луѓе. Шо да напрајме да дојдат гости во Охрид??? Шо? Да ви се спружиме? Ние да ви плаќаме за да фукате со без пари?А? Па нерви веќе искинав. Ти да се расалиш све да им погодвиш, а градов пак празен. Додуша не дека е празен имат по некој, ене гледам навечер по дестина луѓе се шутарет низ плоштад ама бре Господи простими грев не пишими ко цел Пустец да е дојден овде. Мада приметив и од други елитни градој ама не е то то. 
А све прајме да привлечиме гости. Све. Прво досега немаме никого убиено, друго ценине се багатела. Пример четири пива скоро сегде се десет посрани евра. Нецели. Една фамилија да седнит да вечерат, абре кај сакат нека седнит, по една салата од сува зелка, по една пијачка, е сега да не претервит ко невидени да јадет, нормално да си нарачет, да речиме по пола колбас ко секој нормален чоек и ете нека е тазе леб, парче и пол не вервам дека ќе ги фатит појќе од две илјади смешни денари. Како ам. 
После. Конечно го решивме проблемот со паркинг. Сегде имаме паркинзи. Шо од Талета шо другите од Талета важно кај сакаш мојш да паркираш. Еве јас неколку дена го барам да му ја  понудам и дневнана да ја искористит да зејт некој динар нека паркирет и тука. Ам шо. И то да паркираш ко чоек, да си прошеташ два три сати и со си ченка шо ќе купиш, само да не од поскапине ами од поефтинине од  седумдесет денари оние шо се, најсила најсила ќе платиш, да речиме не појќе од 500 денари со си ченка. Ам толку е море во сите елитни туристичка места. Ченката ја креват цената. Зш паркингон та си платил та не. Не оти ќе осетиш. Шо се 50 денари сат. 
Плус то заштитена ти е колана. И да ти украдат раткапни немојт појќе од две да ти земит зш ќе го видит онај шо трчат по колине како пес по месо да наплатит. Нормално се плашит чоекот дан паркират некое бебе, да ја остајт количката и дан му ја летнит без да платит. Мада и за то имат решение. Ќе му клајт од она скаламеријана, ќе му заклучит колцето и нек идат после татко му да го кренит за да на ојт пешки. После то нормално морат да платит ако не пак летна бебето со кривична кај Шврговски. Како ам. Ова средена држава е или шо е. 
Друго. Еве на пример од  ко имат паркинг ниедна скопска кола немојш да му ја помочаш на квакине ко порано шо му праевме. Зш гледат све онај ѓаолон. Мораш да застаниш до кола да се прајш дека гледаш кун Самоилова, да го свртиш надолу  и мојш да му го измочаш колцено задно или тро до браникот. Зш немојш да го поткрениш до гепекот, ќе те видит. Ама не е то то. Не така?
Пак види не бадијала се напрај цела финта за со паркинзите. Све само на туристиве да им погодиме. Тале му ги врати на Шаин, овај ги поработи тро и ѓо наддавање ова она пак ги зеде Тале и сврши работа. Све шо е улица стана паркинг. Сега рака на нога имат многу места и слободно без паркирање, како например од општина до скаличкине, после од општина до скаличкине, па имат и слободно и од општина до скаличкине мада имаш и онде од општина до скаличкине. Мада каков ни е склопов на туристиве годинава мислам дека појќето се дојдени со конбајните, тракторите, косилиците, кој на фризерка кој на плуг качен. Пример….
 
И пак немат туристи. Јас незнам шо да напрајме појќе. Еве гледаме и скроз, мада потешко е да ги елиминраме ендемичниве видој. Е сега се најџвит по некој зш немојш тек така да ги поништиш. Како ам. То ни беше долгогодишна традиција. Пример се најџвит некој чат пат, како на пример со кал само на левион палец или долга коса ама мрсна само на темено, зш долу му е расцветана, не се чешат појќе во газон ко ќе те служит, туку погоре малку на трткана, а пак шо е најбитно до сега неам видено како лани некој да ги драпат мадињана. Или пак можда ги драпат ама носет бели патики и не му се приметвит прфутон. 
И пак немат туристи. Еве гледам и ние како народ се имаме менато во односот према туристиве. До сега неам приметено некој од зградаво да му фрлит на некој на колата од тераса љушпи од пиперки или скапани патлиџани на шофершајбна. Само на хауба. И се водит сметка да е ладен моторот да не се запечит фрленото. Една кола неам видено да е изгребана со клинец. Ако ти паркират кај шо по наше мислење не требит, клутурно му пишиш на вратана со мрсен спреј: “Ве молиме г-дине скопски педеру не паркирајте вака не ѓевшек да не Ви ги издупам предна лева и задна десна гума. Ви благодарам.“
И пак немат туристи. А се трудиме. Навистина се трудиме. Еве како доказ прошетај низ чаршија ќе видиш колку трдуни жени имат. Ко ти викам. Абре све прајме за да имаме елитен туризам. А доказ за то е еве од денес и Бан ки Мун е тука. А дека сме добри домаќини се гледат по то шо од пола град ги тргнавме и контејнерите и градските власти апелираа до среда да се воздржат граѓаните од фрлање на џубре. Ваљда овие три дена ќе го го јадат..незнам. И паметно. Шојмат потреба Бан да ги гледат охридските ѓубрина. А  пак ако сум охриѓанец морам да признам дека во Охрид имат многу и разни видови на ѓубрина со кои морат да се справиме ако сакаме да имаме појќе гости. Зш ова не е решение ко ќе си ојт ки Мун да го вратиме охридското ѓубре назад. Не така?
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.