За греота. Ах леле да не иж си во кожата на Вики. Она Виолета Дума. Ах леле по неа се гледат дека живејме во држава за нигде. Абре жената на 100 години се опра од работа. И требаше да ојт во пензија и не ојде зарди доброто на НСРМ. Е ова е пример како требит да се жртвуваш за татковина, за својата родина, за ова парче земја шо чизма го имат газено, земја на која кој стигна и се посра, а Вики…..Вики како Јованка Орлеанка, како Ибе Паликуќа, како млада партизанка која бомбу носила, како Шварценегер во Конан, застана на страната на својата напатена држава.
Нејадена Вики наша спасителка преработена која од 24 часа деноноќие, 20 ги поминуваше во таа пуста ДИК-вска канцаларија да би пуста останала и списоци избирачки везеше, резултати за избори ни даваше та на пусти да би пусти останале како парламентарни така и на локални избори дури и на вонредни да би дамла ги удриле избори, та нашето Вики го мачеја, та луштенка ни го напраја.
И сега шо? Па шо ако зела море 14 000 еври бонус. Па морат да сме искрени дека г-жа Дума не е некоја лајпрда или тинејџерска шипарица да работит толку та да лажит. Па бре човече та ти е возрасна да не речам стара жена , која машала ја видов кизнајт колку иж се јајт. Само ми е криво шо дур толку се мачеше ние не знаевме та да ојдевме тро понада да и дајме, некое сендвиче за нејзе и за нејзините другарчиња. И незнам сега зш олку прашина се креват зад нејзе. Не оту е коњ. Абе да не си и во кожана. Јас не би издржал и фала му на Господ златен шо и јас не сум ДИК, како е шо е Вики ДИК.
Таа не, ние требит да сме жртви, ние ради рецесија немаме мрднато со плата и не земвиме кој теренски кој хранарина. И шо ќе ни е нас да јајме нека јајт та пиле наше убо. И ете рече дека ќе ги вратит, да ни се најделе за свешчи и за пчејнца. Абре алал да и е на женава. Ете и Чичакоски ги поклони парите во добротворни цели. Абе све си средвит во НСРМ. Све ќе си дојт како шо требит.
Еве здравје Боже, ако дајт Господ златен можно е да имаме и министер за здравство. Како ам. Море ние не сме мачкина кашлица, не тук така, ние сме државиште, уредено и средено, не само да се подјебавет со нас кој како ќе стигнит. Не скокај не скокај, не се радви одма, не е баш сигурно за министеров. Јас само онака спомнав. Е шо да прајш? Дотогаш и ти ќе се воздржиш од транпслантација на бубрегот. Закочи го малку и речи му да поработит уште малку не само така да откажвит, кажи му дека немаме минустер.
Како? Не бре како фрлање в ѓубре. Не губи надеж. А пак ако дојт нож до коска поарно чувај го да се спасиш од некое куче бездомник. Па ако те нападнит, ако те бркат извај го бубрегот и вабиго песот со бубрегот и трчај. Ко ќе видиш дека немаш излез, дека немат каде, фрли му го бубрегот кун запад, а ти бегај кун исток и шо е Господ.
Е сега ак била глутница….ак е цела глутница спреми го уште од дома по џебојте целиот уринарен тракт и фрлај од џебот едно по едно. Те бешиката, мада види нејзе мојш на три да ја поделиш, те мадињана, те мочоводен канал а….како?…..не не…не само така да ја фрлиш простата. Ќе пазиш да ја фрлиш на водачот на глутницата, посебно ако е некој добер ман. Специјал ако е добер воман.
Па човече све ќе прајш за да си ја спасиш глата, нормално ак ти е мила. То? Како? Ти си бил ојден!!!!! Никако. Н И К А К О О О О . Нити со зрно ориз да не си фрлил не камоли со камен по песчината бездомници. Ти ре будала будалосан си бил. Абре поарно кучето да те растргнит од колку здружение за заштита на животни. А не дај Боже пак да им падниш враце на оние љубителине на животни шо му викет на кученцена: Елај си кај мама ти. Ар какви претервење, не претервет тие. Тие ги изедначвет по статус децана свој со песојне не тебе ќе ти се думет да те земет на душа.
Па шо знам шо да ти речам. Незнам. Ак не пак за секој случај покрај уринарниот в кеса спреми си го и дигестивниот тракт. Само на поситно исецкај го за да имаш појќе парчиња да фрлаш. Така….и никако со лошо со тие песој. Ни лош збор да не чујам, а не камоли да се браниш дур те јадат. Речи им наздравје и свиркај си.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите