Ете. И то се случи. Абре да ти се прднам да ти се напрдам на то судбината на Mакедончето. Останавме без татковци. Да да. Не без татко. Баш без татковци. И чуди се шо е Mакедончето така килаво. Ам шо да излезит море од појќе татковци? Или килајца или монструм. Ние сме и то и то. Види го. Абре и јас и ти сите НСРМ-ОВЦИ. Од денес сите сме сираци на Балканов. То ни било судбина. Пред години Tурчинот нè остај сираци, сега градоначалницине. И ај шо немаме , Господ знајт до кога ќе немаме татковци.
Колку шо ми е жал за нас толку и за нив ми е. Море појќе за нив ми е. Така ќе останет пустите, ќе се запустат, а и градиштава, метрополиве македонски, ко Кочани, Ресен, Берово….ќе се испустат ќе се расштрафет. А од друга страна и тие ќе се разбегет, ела собери ги. Мада кој кај ќе ојт. Не е лесно од коњ на магаре да ојш. Мада еден од нив имат шо ќе слезит од коњ и сега ќе морат да подржит коњ. Ама пак коњ е коњ. Не мојш нему газот да му го лижиш за да напредвит ко досега.
Некој ќе морат пак да снимат емисии за деца и на 50 години да се глупират. Мада и дур беше градоначалник се изнаглупира, така да…. до душа си имат тој една другарка ќе го чекат и ќе се лигајт во некој театар за деца. Абре све ќе се испревртит. Мада мене ми е за една работа.
Ај шо ќе се закочат платите во образование, посери му се на то, не оту е важно да земат професориве плата. А? И онака тие години се затуркани во општествово пак не ќе им е прв пат. Ете каратистон во времето им даде упаљачи и нека сурфет на FB со нив. Туку она другоно. Абре знајш колку млади ќе останат неонадени? Мада тие ќе си се онадат ама не ќе можат да си се земат.
Тука е болката. А то си повлеквит и други катастрофи. Пропадвит проектот “Трето дете“. И Господ знајт кај ќе се пренасочет тие пари. А од друга страна ене на евровизија пред милионски аудиториум Јана ја запросија, не ќе может да ја венчет за жена. Прекрасно беше. То досега никој во светот и пошироко го немат напраено. Не не не….не мислам дека никој на евровизија не запросил никого, туку општо до сега не е запросена ниедна жена на светов. Е овие беа први. Зш ние ко се мажевме, женевме, не се просевме директно се земвевме со тула по гла. Ова беше единствено.
И она ме воодушеви шо кажаа дека е трудна. Па па па. То ти било чудо од жена, чудо во медицинана. Јас немам до сега слушнато некој да е труден, па да родит дете. Ова не дека е реткост, ами прв пат. Знам јас се сеќавам во наше време не затрудвеа жениве. На пример двене мој деца се напраени без затрудвeње.
Каква бременост во времето наше. Туку од брадајци се развија. Додуша едното од брадајца, едното од чирче на препона и си пораснаа во деца. А замисли Јана да ти е трудна. Ц ц ц ц ….одма чудово од жена СЗО итно да ја викнит во Женева и лично Маргарет Чан да и дајт доживотна пензија. И нормално да се испитат сета работа околу бременоста, да се добијат резултати така да ако се најдит шо како и во иднина да се применит истиот процес и кај другите жени. Да бе. Како и да е друго е да забремениш и да родиш дете отколку од чир да го израсниш.
Мада имам една змаерка. Требаше комплетна слика да ни се дајт за овaа вуднер-жена. Не знам зш не кладоа во спотот и кај шо и прает пап тест? Ам кај се снимките од контролата за кламидија и други полови болести? А? Можда пак ќе видевме дека можда имат и вагина. А не ко другиве жени без вагини. Ама ај. Бидна.
Све ќе бидит. Само без нервоза. И професорите и негователките во градинките од денес ќе напреат пауза со платата и само трпеливо пак ќе проземат плата. Ако не овај петок друга среда. Само трпение. Ќе се организирет и локалните кај да е. Само прво требит да поминит тендерот за завој, гази, конци за крпење рани, средства за дезинфекција, фластери……
Шшшшшш….станви. Ја пуштија химната на НСРМ. Од кај знајш, можда последен пат ја слушаме. Тук да побрзам да ја однесам гаранцијава од фрижидерот кај Ѓорета, зш тој ак не ја видит, Младен немат да ми дојт за сервис. Да бе.
ЏИМИ
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите