Тиииииии ебати сонот неубав морбиден. Абе ко да сум седел на сонот на тераса и гледам во телевизорот ко матно, ко некои фаци искривени, ко чудно…не знам како да кажам. Ко да се прајт муабет дека во НСРМ се апселе луѓе, дека све то било договорено, па нешто ко да чув некој уапсен лежел на стомак на асфалт 45 минути како прасе, па ко двајца да се кезат, да се ситат, а на телевизорот матно некако, ко крв низ уста да им излегвит…..Грозни сцени. Ко низ очите да им излегват отровни стрели ама во форма на тарантула……абе грозотии. Шо уште не видов и не чув на сонот. Шуќур се разбудив и видов дека е сон.
Ми олесна. Како ам. Зш се здрвив дека не постојт место на светот, а не е такво место мојата НСРМ да се случвет такви работи. Не мојт да постојат на светот толку болни умој да се ситат и така да договорет “ликвидации“ скраја да е. НСРМ не е таква.
А од друга страна случајно, нагласвам, случајно да се десит вакво нешто во НСРМ одма народот бре ќе скокнит и ќе ја зејт работата во свои раце. Ќе им речит на таквите СТОП. Додуша не досонвев до крај, можда народот на НСРМ само на сон станвит, не знам. Ама вервам дека одма би се побунил да е вистина. Не вервам дека би поминале појќе од 25-6 години, а народот да дозволит да се дешавет глупости како на сонот. Не сме ние таков поган народ. НСРМ не е таква.
Тук батали соној, да се вратиме во реланоста. Ми падна жал многу за Јоханес Хан колку бил насекиран за состојбата во државава. Солзи на очите му идеа ко викаше дека требит да се вратит СДСМ во парламент и сите работи да се решавет преку институциите. Многу насекиран кутриот. Разбрав, не знам колку е точно, од секирации веќе немал ни ерекција. Ексик.
А како не ќе е насекиран ко НСРМ е лидер во регионот и важен фактор за развој на светската економија, а сме и дел од гранката шо се борит против тероризмот, против угнетување на слободата на говорот…..едноставно за потполна светска демократија.
И не само тој. Со загриженост се огласи и Жорди Ксукла пратеник во Шпанија кој е 100 пати попознат од Цеца. И не само тој, загриженост изјавија и : ценетиот Алијас Лабахуа градоначалник на Сухуми од Апхазија, надалеку познатиот и преценет Хосе Ранос Хорта претседател на Источен Тимор со сите 14 деца како и жена му, па кајмакамот на областа Јарен како дел од државата Република Нуару, на чија загриженост се придружија и свеска му, најзизниот дечко со си братчињата, зет за сестра од прва брачеда, на втор комшија на него…..и многу други други ценети преставници на светскот политички естаблишмент.
Како ам. Не ценит светот нас, ние не сме мачкина кашлица. Мада мислам дека ние требит да сме најспремни, најмобилизирани за одбрана на нашата држава од секакви внатрешни и надворешни непријатели. Поготово сега то е лесно.
Се формирет единици за одбрана кои постирет на ФБ то шо требит да се постират, а ние само седвиме лајквиме, дури не морат и да читаме. Чим рекол да се лајкат Зајко или Никола, наше не е да читаме шо е постирано.
Сите ние како НСРМ-ОВЦИ имаме доволна свест, право за самоодлучување, право и обрвска да седниме на ФБ и со цела слобода самостално да седниме и да лајкуваме нон стоп. Сакаме цел ден , сакаме цели два дена. Никој немат право да ни се мешат. Значи не е морално да седниш. Сакаш седвиш, сакаш седвиш. То ти е демократија. Бираш. Е сега на пример ако беше нагласено дека ќе се пратет активностите на лајкачите, тогаш е друго. Ама во оваа демократска држава не мојт то да се десит ни на соне. Ко шо ми се деси на соне мене прислушкување и други гоменејнци шо можат да се десат во батал држави како Боцвана, Гвантанама ….а не во……
Не мјот зш ние сме спремни во секој момент да ја браниме нашата држава со свој разум, со свој мозок а не раководени од никакви ненаситни крвопијци и злобни луѓе. Така било од осамостојување до денес, така и ќе останит цел живот, за век и веков ќе си бидиме одважни НСРМ……ОВЦИ. Мислам дек се разбудив? А ти
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.