Ја имам честа меѓу првите да ви ја честитам Новата 2012 Година. Па нека ни е среќна и бериќетна, она што све било лошо  да си останит во старата, а во новата од арно да не куртулиме. А најмногу среќа ќе ни требит. Како и да е сите да си се свртиме кон подобра иднина. Но за да тргниш напред немојш а да не се свртиш назад, нормално за видиш кај си се покакал за да не го повториш ….покаквањето.

Зато изгледа е традиција насекаде, во сите медиуми да бираме настан, глупост или пак нешто шо не воодушевило во изминатата година. Јас некако тешко можам да се одлучам за таков настан. Бар во колумниситчка смисла. Зато шо толку убај работи имаше во нашата самостална, независна Република Македонија шо незнам дал сум бил толку препоептемнајсреќен во изминатава година и на сите им се радвев ко дете во дом во Танзанија на школски оброк.

Ама сепак не ни замисвлев дека толку ќе се радвам, ко мајка на посрано дете, на мадиња. Да бе. И то не какви биле туку коњски. Од Букефала. Од Ацета не се гледет. А дека се вредни пусти тие мадиња, доказ е шо ги напрчивме на плоштат. Како ам. Ај де истај го ти твоето на плоштат. Одма ќе те апсет или ќе те претепет до смрт. Тука сред плоштад. Па макар и прослава да имат. После ќејф ми е зш сите ние учествуваме во вајањето на букефаловите дисаѓи. Кој со дневници, кој со теренски, кој со студенски степендии, кој со социјалната помош, кој со хранарина. Па на крај краишта кој онакво ние потребна и плата ко сега си ги имаме нашите и само наши, македонски мадиња и то напучени сред плоштат во нашата метропола….Скупје.

Исто така в печаток ми остана и то шо Бранко и Коле си ги мереа….рејтинзите. Значи имавме избори. Е тогаш колку се радвам то не е нормално. И да пеглам се радвам ама на избори….. Мада на овие зш беа вонредни, не бев задоволенод поклонетите пенкала ама нејсе….“Ајде Николаааа на изборииии….абре ајде на изборииии…“. Коло ќутеше. Ко еден ден му текна “……Е ајде де. Бранкоо ајдеее на избори.“ Бане едно време ко да се потпостра, ко да го снема, ама сепак излезе. А најмногу ме бендиса изјавата на Бранко дека ако изгубит ќе се повлечит.

И пази сега. Коле го згази ко шлепер жаба ( незнам од кај ми е ова познато ) а тој не си ојде. Бев збунат малку ама после Баненце ми објасни. Рече дека“….на овие избори ја завршивме пола работа….а на следните“. Море Бранко, море машко дете. Ти дур ги собериш твојте полојни Коло ќе остарит како премиер. Богами. Да го немаше Банета , Николче требеше да го створит. Зш најака страна на Колета во политика му е Бранко. Многу се за Бане да си останит во СДС лидер ама совет мој до Колета е тој да е најмногу. Ич да не се секират.

Ко јас шо не се секирав и се радвев на лустериве…..лустраториве де. А како да не се радвиш ко си ја вршеа работава прецизно и смирено ко баба да везит гоблен на 92 години. Посебно се израдвив ко го зедоа на лустер некој бивш министер за внатрешни работи. Како ам. Абе како мојт првиот полицаец на државата да соработвит со полицијата. Алоооооо? Во кое време живејме. Онај од труд и социјала нека им  дават наредби и нека сорабтвит со полиција. Како ам. Како и да речиш, рака на нога, Аџиев и другарите си ја работат работата без никаква дискриманација. Не ме бендиса то шо му пишеа на куќата на претседателот на комисијата  дека е педер. Абе немој да пишиш нешто дур  не  го пробаш. Не така?

А пак никакво двоумење немаше за личност на годината. За мене. Медицинскиот спајдермен. Море детето палардисвење. Алал му вера. Абре им ојде Штип и Битола и се препрај во плочка, казанче, шприц, вата, писоар и ги фати сите на дело шо тантарет а не работет во медицинава. И пушат. Така бре се средвит. Влезиму прво од најдолните, чистачки, болничари, оние шо менвет патки, сестри, а пак за другите доктори, директори на болници, веле дрогерии…..здравје боже ак му стигнит мандатот.

Ќе забораев. Се израдвив за една работа ама не за мене ами за Шулета. Како ам. Блиски сме ептем. Е то беше Аце ко ги акна в корен липине. Липи јок, Шуле алергија јок. И не само овај , Аце имаше и други потези шо ме потпосраа од радост. Посебно она со рампарината. Сум да клајт рампа и јас.Само во едно ќе го корегирам. Дај клајт рампа шо не се креват. Да, да. Немат шо да се креват. До рампата една благајна и секој турист шо идат да си платит прво рампарина после во благајната да ги остајт парите шо планирал да ги потрошит за одмор кај нас и врти колата  назат. Шо потреба ние да се дандараме со туристи. Остај парите и од Подмоље назад. Ѓитла.

И искрени да кажам дека јас од Аце наш очеквам уште поголеми потези од овие. Да. Е сега јас  имам верба во Ацета наш дека ќе в тикачит уште поголеми идеи без разлика шо не е ко скопскион Аце, без разлика шо немат коњ, посебно шо немат мадиња.

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.