Тууууу да тибам да ти се прднам во короната. Абе само шо го завршув курсот за лапање на француски начин дојде ова коронава. Акнав за курсот 200 евреи и ме издупија америве го пуштија низ светов и јас не останав не излапан нити излапав некоја. Се иснервирав и решив да излезам низ град да набавам све шо ми требит за смаков на светов зш ние како народ сме асли паметни и знајме шо и како. Мада ми идат да си пукнам шо не го слушавме Перета Гошев во времето. Да го послушавме хаубица, топ не ќе не бијаше не корона.
Чек звонит некој. Кажи Мице. Да бе те гледам низ шпиункава. Каква монтирана бе. Ние македонциве се раѓаме со неа. Кажи. Их не е проблем бре. Ќе ти отворам ќе пијаме кафе. Арно ама чек вака….дали последниве две недели имаш јадено кинеска зелка? Ок ….миреееен степ бај степ и ќе пијаме кафе. А пица? Е добро де. Бијано сирење ок е ама дали јадеше во италијански ресторан или во….ееее така ми те сакам.
Даље….ги орепа рацете со камен за петици, ама со онај баба шо ги стружит? То бре дете. Се гледат дека го пратиш Венка. Мирен бе чек не ојт то така. Дали го истружи јазикот со шмиргла 20 – ка за стружење на венецијан? Не???? Иш. Сиктер. Не бре бате не те пуштам. Ак сакаш да влезиш на зад врата кај мене те чекат средство за дезинфекција, чешел против вошки, ренде за краста, селотејп за земање чмаров отисок и на крај цел да те поминам шо шлаферица. Не ти одговарат? Реков иш иш….јас ко сите пратам мерки и препораки и рекоа вака. Не сум глуп и не совесен. Ајт. Ебати то Мицкота не научи и не научи шо и како требит и да мислит со своја гла.
Женоооооо……женоооо го испегла сканафандерооотт? Не не не. Само подотворија вратата од ќенефот сам ќе си го земам. Мојш да кивниш или да се распрдиш па да….Е така. Абе си реков да излезам низ градов еме имам основни потребштини да си земам дур е кризива, нормално ги следам препораките на владава, арно ама сакам да видам и како се применвет низ градов. Абре каков шпиун. Чисто ради мене.
Е така, спремен сум со скафандеров, само да клам батерии на правосмукалкава и да поврзам едно црево исусно и издувно и топ сум. Не да кивет, нек се раскиселет ако сакет. Опааа ….еве она најмногу шо ми требит и шо е отворено по препорака. Дуќан за чорапи. Аирлија работа газдарице. Браво, морам да ти речам браво шо си отворена да си земам најнеопходното за против короноништево.
Ај шо ме бендисвиш вака физички туку и алал да ти е шо го следиш препоракиве на ….Ме бендисвиш ко ти викам не те лажам. Абре ко авион си. Видија….и по носивост ама и по …Значи 16 пара хулахопки месо боја со низок струк, ама ситен вез…како? Ам тие ми се за гости шо потпокашвлет и да не мојт балгам да им летнит. Дај ми 24 доколенки лила боја и….не мори мацо не…ова за носоњи шо ми идат. Да не ти викам доносонки немат да ме разбериш. Доколенки. Исто ти е. А шо си ти една. Не мори цуцо не е то шо мислиш. Од правосмукалката е то. Да да, цревото од правосмукалката не туку се радви ко мајка на посрано дете.
Седнав кај другар ми, му го чував дуќанот дур ојде да уплатит в банка промет. Мораше да ојт тој зш жена му е во карантин. Шо да прајт кутриот мораше да се жртвоват под ризик и да заразит некого да уплатит промет ебаго, следејќи ги препораките. Зш тој ак затворит вие кај ќе купите штекој за заштита од корона.
Опааа арно шо седнав овде. Чактисав уште еден круцијален дуќан е отворен почитувајќи ги мерките за притив корона. Машко ој земи ми 4 кила леблебии до дуќанчено. Како бре зш? Ам се посравме од страв од коронава се тотолиме дома се проливосвиме на 10 минути дома гс папир немат ни за салата камоли за г`с. Со леблебии ќе се затвиме.
Еј еј еј. Ар шо земаш 20 кеси г`с папир? Колку газој имат домати? Аааа се понашаш по препораките. Извини. Ама ак мојш бар два коктури да ми дајш. Абре доста ми се. По пола ќе киниме и ќе….аааа..ок бе мојт и така. Ќе чекам ко ќе се забришвите домати само не гужвајте ги многу и не в канта ами преку пенџере фрлајте ги, ќе си си земам, ќе си ги исперам и исушам и ние дома ќе се забришвиме. Уф извини. Е аку де незнаеф дек маш ти е на инфективно.
Фала, фала многу . Господ здравје да ми ти дајт, тебе и на цела фамилија и на роднинине шо ти дојдоа в чера од Италија шо не се пријавија нигде и на брат ти шо ојде инкогнито Дебар по овчо сирење, па и на женати шо беше на фризер дур детено ти е во играчница со уште 30 деца од мајки шо се нафризер и…Абе Господ здравје да ти дајт и да ми те чуват од корона со тој ум. А нас да ни е на помош со вакви тиквари.
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите