Оф оф , лелеле леле како се израдвав шо сум македонец. Абре Фикрет беше посмирена ко и се роди Умут. Лејла за Аху не се постра од радост толку ко јас денојве. То Хорхе тоооо. То Џокица. Е не. Тој на нас без придавка. И то кој? Баросо. Мочко. Му текнало тој на нас да не онадит, да не спомнит, без да ни го придајт. Ар си саглам ти?! Мислеше не ќе ти вратиме? Мислеше ние коњ за трка немаме? А? Е имаме. Хорхе.

Чоекот му збруси как шо требит. Му рече јасно и гласно: ти со нас немојш така. И Баросо се здрви. Целата европска комисија е во паника сега. Зш не е мала работа председателот на независна Република Македонија да ти го плеснит в очи. Ам како. Зш слушај. Кубурот за недај боже тука е. Немој сега Македонија да го свртит листот со долги и широки после да кукат цела европа. А ви стегниме едно ембарго тешко вас ќе бидит.

Знам дека сега ќе се укакет и од ЕК и ЕУ и од НАТО да не попримат кај нив, ама сега ние сме на потег. Е сега нејќеме да не примите со РМ. Сакаме и напред и назад да имаме FYRO и шо ни мојте сега? Не од инает. Ами од принцип. Сите ние во самостална Република Македонија си имаме свој принцип. Како ам.

И ова. Не е ич лошо шо за исти извештај тројца луѓе имет три различни мислења. Како ам. Хорхе едно, Коле друго а Теутка четврто. Верви ич не е лошо. Баш напротив. Супер е. Доказ е дека и покрај то шо во нашата евроинтегрирана Република Македонија владејт едноглавие сепак не владејт едно умие. Џанг. Браво.

Е сега ќејф ми скрши една друга работа. Абе да виш како ги чекав. Се избричив, се издепилирав, и на препони, нови тренерки зедов и деној ги чекав. Не дојдоа. И таман мене ми дојте редот го прекинаа. Пописот де. А мене да ти кажам празник ми е ко ќе требит да се попишам. Нормално ко на сите независни македонци. Искрено ние македонциве многу сакаме да се попишвиме. И не еднаш сме се попишиле, а знам и понатаму……абре цел живот сме се попишвеле и ќе се попишвиме. Едно попишвење за секој македонец е равно на два оргазми. Ко ти велам. Ама само за македонците. Не за србите. Зш кај нив попишвење имат друго значење. Или исто ко нашето? Незнам
Е сега, малку овде мелем на раната ми кладе вториот светски миротворец после Обама. Али Амети. Да бе. Се воздигна себеси и извај се шо му е интелегенција и во големиот и во малиот мозок и тресна ко Максим по дивизја: “Одлуката е оправдана. Ние не сакаме да придонесеме да се заострат меѓуетничките односи, вели Ахмети.“

Браво. Фалимендери шок Амети. Не дека не знајме дека ти не си за заострување ами убо е некош ко ќе чуеш. Не така?  Е кога бил тој за заострување на меѓуетничките односи??? Никош. И она шо беше во 2001 година беше од принцип. И зато го сакам. Чоек со принцип. Тогаш од принцип се затвори водата од Куманово. Имаше извидничка вежба преживување без вода, во која учествуваа Кумановци и успешно ја помина со помош на принципиелниот Амети.

Или пак она шо беше со работниците. Триста галами се кренаа за работниците зш чрктани биле на плештите, ова им се праело она им се праело. Как не. Пак беше то напраено со добра воља на принципелниот Амети. Да бе. Отвори чоекот албанска летна гобленска колонија. И младите албанчиња се учеа да прает гоблени на плештите на угнетувачите македонци. Е сега шо можда се претера со големината на гоблените ама пак такви беа темите:  “Тајната вечера“, “Сто  и еден ( баш со букви не со бројка) далматинец“ “Али Баба и неговите четириесет ( пак со…) разбојници“ и други интересно образователно едукативни теми.

Ме бендисвет вакви луѓе. Све сам организира во суверена Македонија и то како албанец. Додуша рака на нога не баш сам. Зш како ќе организираше ако не соработвеше со македонците. А? Каде простории за одржвење на албанаска летна гобленска колонија. А? Јес да тој све напрај ама ние му дадовме услови. Зато ме бендиса ова изјава негова. И многу е умен. Мислит шо ќе изјавит. Зш и нему мојт Хорхе да му го плеснит. Пример.

ЏИМИ
[email protected]


*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.