Абе незнам шо учеа таксистиве во Скопје, англиски, манглиски ама кај нас во Охрид се најаки. Имет завршено медицина и то специјално ако требит да возат охриѓани. Алал да им е. И зато немојте написи против нив зш ќе си имaтe работа со мене. Прво, озбилно, сериозно и професионално си ја имет сфатено работата и шо е најнормално не возат охриѓани евентуално ако нешто си болен, бутуросан. Ама немојш тек така да ги убедиш.

Ми беше неарно со хемороидиве и почнав да одам ко Чарли Чаплин и застанвам кај еден таксист онде кај поштана отворав врата, а в н`тре како шо личит, возило спремно за возење на странци. Од чад неможев да го видам таксистот убо и незнаев дал под носот имат херпес или е недосекнат мрсул. Му кажав дека имам мака со цицкиве на газов и да ме возит ама не бре брате ми викат донеси цела документација јас да си проверам, не ќе те возам јас за посрани 300 денари до дома ти, ко можам некој странец да заколам 50 еври до Славија.

Тркна дедо ми, му донесе све и таксистов полека си зеде си прочита извештајот и дијагнозата. Ми рече дека ова немало врска со хемороиди. Додуша сум имал по некој надворешен и натрешен ама не било толку критично за да ме возит. Јас му тврдам дек неможам да прднам, мрднам де, глеш му викам дека одам ко влошка да носам без гаќи….јок викат. Овде пишит ќе ти праеле колоноскопија. Или за посигурно ој на фаројне, јас ќе пуштам долги, а ти напучи се јас да напрам преглед да се уверам.

Ми ја закачи хеблата в гас ме расцвета како перуника и рече: “Ти реков јас…..не туку ми симулирај и шетај, летово ќе возам странци“. Оки реков нека е така и го прашав дал можам да навратам кај него после септември ко ќе собирам шипинки па тогаш преку зима ќе возит шипинки. Дури не само јас мојме сите охриѓани да се организираме и шипинки нека возит. А?

Се довлечкав некако дома ко то глем на телевизија Латас шиштит насмеан, разгагален ко на компресор да седит и соопштвит дека НСРМ-овската возачка, Б категорија, меѓу останатите држави ја признале и во Шпанија. Абре ко скокнав ни на хемороид ми текна ни на маткава. Да не ми беше гнас и Латаса ќе го бацев преку малите екрани.
Морееее ми се оствари и мене желбата и на сите НСРМ-овци да го проораме светов. Зш сите чекавме на старт ко на формула 1, да му ја писниме и да се возиме сегде дури и за Шпанија. Зш причината шо останавме зачаурени во самосталнава држава беше возачката. Не друго. Сега очеквам пак да го видам Латас со плочкине насмеан и да соопштит дека возачката ни ја признале и Апхазија, Бутан, Гвинеа – Бисао, Зеленортска република, Мјанмар и други држави кај шо не ојдовме зарди возачката. А мене најќејф ќе ми се напрајт ако можам да појдам во Тувалу и то во главниот град Фунафути, ееее то најмногу го сакам.

Можда појќе од то го сакам овај предизборен период. Сега не ради пенкала и упаљачи зш појќе не давет такви тракатанци. Од пред некоја година почнаа да ни давет репроматеријали за леб, кифли и други печива, па свртија на кеш, а сега пак менват и намалвет глоби. Абе убајна.

Море до изборите сите закони ќе ги менат само да му погодет на народов. Еве глобиве ги намалија да плаќат кој колку имат, ако нема..здравје. Можда ќе напрает и бонуси за прво дете, море шо за прво, за 4-ти месец бременост дури и за прекин на меструација. Дури мислам дека ќе ни гледет на кафе и удри желба, а тие ќе ти ја исполнат.
Ќе ти кажвев уште ама морам да одам да ми напрает пап тест зш го викнав таксистот пардон докторот да му докажам дека имам вагинално воспаление да видам дал ќе ми повервит или ќе ме прегледат па ако се смилуват да ме возит. Ако не пак од баба имам извештај ко и ја вадеа матката, ама ак ја побарат баба за преглед?

Џими
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.