Ти велев јас, а ти не вервеше. Абе само во очине да го гледаш се познават дека е некој светец. Па и Артан Коридори го потврди то. Удри камен темелник и рече дека ни Свети Мицко немојт да го заприт овај проект. Мене ми беше сомнително одавна дека имат нешто. Ај присети се на неколку изјави кај шо не вервиш дека мојт нормален чоек да ги кажит. Некако ко во транс зборвеше ко да не е на земја, некако како….абе како светец. И ако тргниш од то размислување ќе да имаме многу нечоеци во политичариве.
Тук саде камења се напрајвме во државава. Кај стигна координаторов на проективе од “Бехтел и Енка“ мана камен. Каменолом ќе станит државава, ќе се сопинаме на секој ќош од овие пусти да пусти останале камен телмелници, кондури ќе искиниме. Аку. Ко шо рече Артанчо ова влада фрлат камења низ државава и истава влада ќе сечит ленти. Поарно ленти отколку глај. Само кај ќе најме толку ножици з`ш ко ќе р`снат во еден момент да се отворет коридориве вид виделина не ќе се видиме.
То не ме секират. Ме секират шо Пендар ја откачи Ката. Не ја помилува. Ќе си останит уште 3 и пол години да работит во затворската библиотека. На крај краишта та не е Бети Канческа Милеска да куртилит.
Ете Ељизабети ја ослободија. Не заради то шо со уште 7 ВМРО-ОВЦИ гласаја за промена на уставното име, кои исто беа помилувани, туку не се нашле доволно докази дека е вмешана во случајот “Тендери“. Судијата ко ја објави одлуката уште да речеше “жими мајка“ јас цврсто ќе повервев дека таа немат врска со местење на тендерот со “Бетон-Штип“ за изградбата на Музејот на македонската борба, како дел од проектот Скопје 2014.
А шо е за право ништо како доказ не се донесе. Нити песок, нити пур пена, нити стиропор, нити чементо…… Ништо. Освен двата прста кренати за промена на уставното име на кога некогашната НСРМ стана НСРСМ.
И не само за Ката туку и за Фатмира министерон ми е жал. Чоекот како и други 1060 функционери зеде 78% поголемо плата. Ебати то процентот. Ам или заокружи на 80 или на 100%. Ваков на гевшек процент дават некоја ни моја ни твоја сума на крај. Ај сега Фатмирчо како правилно да ги распоредит новите 125 960 денари? Пак и 60 денари. На мака е чоекот. Заокружи на 150 000 Господ да те видит.
А жал ми е з`ш на пресот рече дека некој тиквар си донесол одлука, а него никој не го прашвит од кај ќе ги најдит тие пари како министер. Свашта. За греаота. Дури и требит да сме биле задоволно з`ш уставниот суд го укинал спорниот член, а не го го поништил??????? Ако го поништел на функционерите ќе требело да им се исплатит заостанат долг за 11 години со камати.
Абе ќути. Од лошо имат и полошо. Ам како. Ова како вицот: Уживај си. Можеше да е со си ташаци. Абе Господ од полошо да не вардит.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите