НСРМ 2037 гледам вести. А1. Море овај Латас ич не е менат од времето. Додуша од тогаш имат клаено уште три пати нови заби……Шуле гледај вестиве: Најава на денешните вести. Море пак шуштит Латас ко пред 22 години. И уште се држит. Ем му срушија замокот ем …..Чек бре Шуле, глеш ти се тресет рацете по тепих тури ракија ти само кренија од под маса горната вилица клај ја в уста јас ќе ти турам….И слушнија најава на А1 шо ја кажвит Драган Павловски Латас-Гобленовиќ.

“Од утре започнува Традиционалната “Гобленијада“ во Љубаништа, Премиерот на НСРМ го прими премиерот на САД и како знак за почит му даде два гоблена и тоа “Тајната завера во Куманово“ и “Рушењето на спомениците“, како и 40 џемпери за неговите деца, жена, сват, зет, тетин и неговите 7-8 братчиња. – Потпишан е договор со Германија за извоз на летни џемпери за кој председателот на оваа сиромашна земја се заблагодари на нашата држава за излезот од кризата –НСРМ и поклони 1 милион гоблени на сиромашната Франција за излез од кризата. Ете тоа го прави НСРМ за целиот свет кој е во криза, а ќе го праеше и пред 30 години ако ме послушаа мене ВМРО-вчиштата кој никогаш не сум ги сакал, а со сила ме тераа да сум во Сител, а јас секогаш сакав да сум во А1- и накрајот ќе ја видиме временската прогназа а низ неа ќе ве води – Алооо Шулееее не реди го то вуста, то е бомбона “Гобленит“ а не забот твој- ќе ве водит едно младо момиче а не ко во времето на смрдениот “Сител“ онај ваперон стар кој го мрзев и морав да го трпам. На крајот ќе го видите целосното интервју на председателот на НСРМ, Зоран Корнишоновски, кој само за вас директно од геријатрија ќе зборува за НСРМ како држава која го спаси светот од светската криза со плетење и везење“.

Е Шуле, Шуле, глеш до кај стигнавме. Аман бре…..Шулеееееее ти реков остај јас ќе турам…..Пустиов кај му се тресет рацете од времето шо плетеше и везеше тук и оглуве. Еееее како ова не го дочекав како помлад. Чек еве го внукот на телефон. “Да злато, да душо. Пушти им 100 шлепери на Швајцарците со џемпери и 50 со гоблени поклон од дедо. Да бре мило нека товарет грциштата, тие не се робој за да дремат. Да мило да…слободно дај им две зденки и 50 грама посебна салама и по една маслинка од нивните полиња шо се сега наши, да да за ручек. Нек се напукет. Е така мил на дедо“.

Е сега НСРМ е она шо беше, благодарение на владата со проектот за плетење и везење пред 20- тина години. Еееее какви бевме порано. Скинати…..а ко ќе ми текнит како почна све…

НСРМ 2015…..Оооо Шулееее не така не. Глеј ме и прати. Сврти, плети потплети, надфрли, сврти плети, потплети, надфрли…..Не секни го носот бре Шуле тука на тепих, ој в клозет. Ам немојш нормално. Како да мојш ко женати ти дала игли за крпење чорапи, зш нон стоп и крпиш чорапи гашчи ова она. Требит чингерлаки да ти дајт. Види го. Абре биди упорен зш имаме нарачка за Апхазија три шлепери со џемпери со апликација “Македонија лидер во регионот“. Ам така де. Не бевме на курс за да драпаме мадиња.

Немој така, немој. Владава не изгради можда 4-5 важни споменици за просперитет на НСРМ само да научиме да везиме и плетиме и да се збогатиме ние, а со то и да ја наткрениме државава. Морат парите да ги оправдаме. Ма да. Тиииии се мооолам. Видо го. Абе батали то. Како ги шинав дек сме жени то не е твоја работа. Ам му се јавив на Тодоров и ми кажав дека имат проблем со греењето за на зима. Го викнав Јован од “Екошпар“, седнавме во ајриш паб “Даблин“ и договорив за на зима да му дајт све шо требит. Да бе. И за догодина му средив кај Ацета, зш Аце ќе ги зејт апартманите над пабот, 10-тина дена одмор и тој ги прифати пап тестојте од женине наши , зш ништо не разбират и рече дека јас и ти сме жени. Е сега кај тебе примети дека имаш мало задебелување на ѕидот на матката, а кај мене нешто црвено кај јајниците ама столи те бојко. Свиркај си ти сега и плети.

Зш јас морам истовремено да везам гоблените за извоз во Либиска Џамахирија “Наочарите“ и “Бомба“….е како. На дупли курс одев за со раце и со нозе. Абре види го. Чворојте ги праев со хемороидиве. Да бе. Море Шуле, морат да се жртвоваме па и крв да пуштиме како шо велит владава наша. А ќе виш, сето то ќе ни се исплатит ако не поблуски во 2037 година. Слушај ме ти мене. Можда ние не ама ќе читет другите за то.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив