Тооооо маестрооооо тооооо. Р`сни ја на увцево: Да си го продадеееееееееееш Коло чифликооооооот, за да купиш Колоооо канабииииииис“.
Ар ти реков ти реков? Трпение спасение. Ете го легализираа канабисот. Готово. Крај на сите проблеми. Кај луѓето немат појќе стрес, нервоза дапресија. Чаооо батоооо. Да ти се прднам на пароксетини од по 30 денари за месец дена ко мојш да си дајш 50 евриќи за пет дена. Не така. А не. Не. Јанглаш си. Батали ти то канцери, мултиплекс склероза, мероза. Ова е битно бре, народот да се очерупат. За ова имаше трибини, советување, тепање ова, она. Нас не секират појќе сресот од канцерот.
Многу работи ќе се средат сега. Ко шо рече еден др. Професор дека ќе престанит да се злоупотребвит народот, немат појќе да се купвит моторно масло наместо канабис ко досега. Зш и маслото за моторот и канабисот имет исти вкус и пациентите беа прелагани. Дури можда и ради ова се воведе овај сегашниот канабис зш почна да се појавуват недостаок на мотороно масло и све појќе и појќе коли зарибвеа. Ова е најбитно. А не то шо на црно само кубик од ова супстанца се продават по 50 евра.
А искрено да ти кажам јас немам искуство со благотворното дејство на сегашново ептем потребно масло шо го дозволија в чера, ама знаев дека ќе дојт до ова. Ене види го на пример Стевче Јакимовиќ. Мана чоекот некој срк од ова, ваљда мана, и виде во она интервјуно како му беше све погодено во НСРМ?
Ги шина и оние од Сител со си Латаса заедно. Имат манато, ваљда, цело шишенце и му се средија и медиумите, и избирачкиот список му се прочисти и му се отвори видикот за европска Македонија без криминалци и …..абре убајна. Е сега рака на нога, анализирајќи го Јакимовиќ, ова сусптанца имат и нус појави.
Прво те прајт камелеон. Така делуват шо ката месечина менвиш бои во зависнот од некој штаб шо врвиш до него макар и да си у пролазу. После немојш да сејш на едно место. Се нешто те терат само да се глупираш и да ојш од стап на маде. Почвиш да лажиш, траскаш зелени, а искрено и многу се просераваш. Важно, според Јакимовиќа, накрај ја постигвиш саканата цел. Е сега мое мислење е дека на крај све шо прајш ќе исповратиш. Ќе видиме. Ќе кажит времето.
Сепам мене ми е важно дека не не` излажаа, го пуштија и легализираја канабисот во слободна продажба кој многу или пак препоептемнајмногу ќе помогвит за каснато од мува лајнарка. Алал да им е.
Мада и друго ми е важно. Утре рано морам да се втурнан в езеро (не енЅеро ко шо траскет скопјанченцана). Не бе какво давење ти мрднат си. Таман го легализирааа….на шопинг одам. Да да. На шопинг. Како ам. Абре шо сакаш имат. Не виде гњурцине шо изваја? Телевизори, шпорети, кревети, шифоњери, фиоки, шољи, термо печки со си цигли, машини за веш….овие шо одет на трето дете можат да си купат колички за бебиња, после си имат и гаражи, мада од оние постарине, ама важно све би требало да е на попуст.
Е сега како се нашле таму? Ваљда имат фабрика па се прает таму иначе како би се нашле. Недај Боже немој некој да помислит дека некој од народов то го фрлат. Как да не. Кој така неосновано ќе обвинит да дајт Господ пролив да го фатит на раскрсница или да прднит на родителска пред учителката кај детето ко ќе ојт.
Е сега дел од овие убај работи ќе купвиме, а дел ќе се искористит за конкурсот кој го објави локалнава на Охрид за избор на “Сувенир на град Охрид“. Е според конкурсот елементите требит да ја отсликвет традицијата, автентичната природа и културата на градот.
Виш. Ти текна. Цел асортиман од овие производи поединачно мојт да конкурирет за сувенир на Охрид зш голем дека од нив ја отсликвет традицијата на поголем дел на сите нас НСРМ-ОВЦИ. Термопечките дека сме смрзнати и веќе неаме пари за струја, а циглите во нив дека години така ќе ни бидит соѕидана иднината. Шпоретот да не потсетит дека на него мојме да печиме пиперки и да мислиме дека јајме месо, ама само ако најме љуштенки за потпалвење. Машините за прање асоцирет на то дека НСРМ е полна со прљав веш. И да не бројам секој од нас знајт.
Дури мислам дека и групно мојме да конкурираме со сите овие убајни изваени од езерото зш како шо барат конкурсот, тие сигурно ја отсликвет целокупната култура на градот.
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив