Јес, јес, јес. Абе тиквар еден ти викав јас све ќе се средит. Ти не па не. Абе таквите ко тебе ја сјебаа држава зш немет верба во правиот пат на решавање на правите луѓе од правниот систем, на правните луѓе во НСРМ. Ко разбрав во моментот бев во Јужна Македонија илити Поранешна Турска Република Грција, како прав Македонец, станав, опнав на музиката 100 еври, нарачав сиртаки, уште двеста еври на старата македонска “Марија мета китрина“ и опаааааааааааа батоооооо.

Абе крај. Алооооо откриен е прскачот со спреј. Алоооо. Свесен ти каков потег е напраен во НСРМ. На сите дневници, вести, постој на ФБ, споменари и календарчиња за обележвење на дојдена и сиојдена менструација се објави дека е најден прскачот со спреј во школото. Крај на сите пиздарии во НСРМ, крај на случајот со Кежароски, на “Монструм“, крај на…..море прдниму се на бомбите од Зајко, кој го вртит “Маџар телеком“, па за специјателната чипкаста обвинителка……Го најдовме прскачот. Уште да му го разоткриеме прскалото и НСРМ е во ЕУ. Браво за надлежните органи на државата ни.

И да. Завчера имавме во нашата држава одлучувачка акција за просперитетот на нашата држава. Ја чистевме нашата татковина од џубриња и јас бев воодушевен. Све шо беше џубре се чистеше. Све шо беше џубречистач се ангажираше. Посебно ми е ќејв шо се вклучија школите, а нај посебно шо надлежните ги ангажираа основците да чистат места кај шо се полни со кондоми, влажни марамици и шприцој. Шо побргу се соочат со својата иднина шо им ја нудит нашата држава то поарно за нив. Само мислам дека оваа четврта акција за чистење на џубрињата од Македонија е мал чекор напред од предвидените 136 акции зш државава е преполна со џубриња. Џубросани.

Додуша ме прашвеа собраните џубриња кај се одложвет. Јас колку шо имам информации би требало да е одложено или на поклон даено во конзулатскиот град Битола. Ова све со цел да не се нарушит имиџот на најсмрден град кој со години се градит под раководната палка на Талевски илити Двојче. Некои од Битола го викет и поинаку, ама не се мешам тука.

Абре чоекот здушно работит години да го досмрдит градот и успеват во то. Вети и остварвит. Тој не е глумец да глумит џо работит. Работит. Еве саботата на пример се чистеа џубрињата во Драгоро, а тој не престана да носит вода и да турвит во реката. Зш река е да и’ се прднам. Неморат ама би требало да имат вода. Не така?

Мада за сите информации сакавме да го прашаме Двојче ама неможеше никој да го најт. Галиба се скри кај Туфи. Ќе морат двајцата пак да се здружат зш за кратко то ќе им останит. Од градоначалници да се вратат на емисија “Здрави серијалци“. Така беше?

А овие пак никаквиве новинари одма измислија приказни дека се криел чоекот наводно зш бил викнат на распит, за наводно некој 4-5 пријави, за наводно злоупотребена службена, наводна должност, за наводно крадење, за навистински пари. Глупости. Абе не го чепкајте наводниот градоначалник. Море….зато не се редит глумец за градоначалник. Клај некој трубач или фризер…ќе виш дал ќе се кријат.

А и договорот помеѓу СДСМ и ВМРО е прикрај. Се пржит решението, мада и едните и другите фрлет по малку масло. А морат полека да се пржит зш е потпишан во Пржино. Шуќур шо не го потпишаа во Свирипичино. Кизнајт шо ќе праеа дур се договораа.

Останаа уште некој мали ситици. Околу избирачкиот список. За глупости и ситници неможат да се договорат. Или пак намерно прает така нас да ни е интересно. Никако да се договорет околу то од ко ќе гласаме дал да не прснат на палецот или на газот. Можда е заебано на газот зш ко ќе ојме да гласаме ќе морат секој да му се напучит на спроведувачите на изборите без разлика дал се од власта или опозиција. А пак ако не прскет на прстот имат будали меѓу нас намерно ќе го закачит палецот в гас и ќе одет пак да гласет. Незнам шо да речам.

И уште едно прашање отворено остана. Умрените дал да гласет во саботата или понеделникот. Мислам дека понеделник е поубо ќе се видит на кого колку гласови му фалет за победа па ќе се одлучит колку умрени да се ангажирет или да се ојт во нивниот дом. А за гласање ќе гласет. Јас не гледам причина зш да не гласет како сиве предходни избори.

Е за побргу да се решет овие недоразбирања се ангажира Амбасадорката на ОБСЕ во НСРМ, она речија бе как се викаше….Нина….ама презимето как и беше, некако Саумоли….не Суомоло….чек чек ….Суома…..тиииии не ми теквит Суома….а дааааааааа бееее ЛАЈНЕН, да да Суомалајнен. Е то е. Каква држава таква Суома…

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив