Е ги откривме. Ете виде?  Виде у ком грму лежел зецот за проблемите во нашата сјајна независна суверена република Македонија? А? Викај ние по политичири, функционери, пратеници, пљукај по нив, пцуј и мајка и шајка…златни тие срциња мили. Абе нека е забаено да не е забораено. Абре ој таму. Шо останало скриено пак ти. Мада овие новинариве жилави, жеки шо да ти кажам. Ама ете откривме дека новинариве ти били криви за сите пиздарии шо се во нашава држава. Уствари све е сјајно ама овие гадојве то ти го прикажвеле како така.

И убо им напраја сега ко се протестираше од страна на кутриве албанчиња. Како ам. Така бре требит, со камења со дрва со клоци да им се влезит по нив зш свешо прает, прает новинариштава. И искрено да ви кажам поради нив не мојме да влезиме во Европската Унија. Со нив ни в клозет не не примет, а не камоли…. Во моментов ко цутит све во државава наша, ко се почитуват уставниот поредок, е воспоставен ред и мир на секој ќош, тие за инет пишет глупости. Е сега можда поинаку е зад ќошон, ама пак шо ме болит мишка, не оти се гледат нешто позади. Зато немојте да ги слушате и читате нив з’ш ќе се шашардисате, а тие за инет пишет така. И то против политичариве наши златни. Јас да ви кажам одавна ги баталив. Новинариве. Гнаси гнасосани.
Па шојмат тие да измисвлет дека кутриве загрозени албанчиња викале: Илирида, етничка албанија, учк, Јанколоска е терористка, Груевски убиец…и други измислени глупости. А? И Искрено јас ни им вервам. Абре ич. За мене единствено нешто шо е меродавно е она шо ќе го слушнам од политичариве наши. И добро е шо се свестив навреме. И многу си ги љубам. И си ги ценам. А бре тие ни се бисери наши и требит да ги чуваме бетер од овој охридскиов. Е сега ти теквит Гоце ко ја пееше она песнана дека Македонија е “Бисер балкански”. Грешка. Македонија е “Ѓердан од бисери политички балкански”. Да бе.

Зато од сега не ги викам политичари, ами бисери. Само  шо бисериве не можат да пркнат и работава да си ја завршат од овие…..ај нејќам веќе името да им го спомнам новин….Не можам. А бре сите бели тие ги напраја. Од секош. Ти теквит порано , на пример, на она Снежа од некогашна А1. Шо мајка бараше тогаш да ојт кун Куманово, со камерите? Јас знам. Свадба снимаше. Шо не признај дека тезга бараше. Шо не кажа дека камерата и ја зедоа свадбарите з’ш кизнајт колку пари им побара? И така почна цела пиздарија и траеше две годни. За 100 евра и за новинарска глупост.

Сега пак пред некој ден ми кажвит еден прост шо ги слушат уште новинариве, во наша Македонија  имало, боже прости ми грев не пишими,  учки. Ам информирај се, не траскај зелени. Прашај некој од нашиве бисери, златни политичари, на пример, Гордана, з’ш та знајт најубо  и ќе ти кажеше дека во некој делој од безебдна Македонија  се снимат вториот дел на “Ловец на Елени”. И ловците зато се овде, з’ш една Елена фатиле и таму ќе останеле дур не ги фатет сите момичиња шо се викет Елени. Е сега кажи! На новинариве да им вервам или на Колета ко се испрај пред микрофон и ко ни  кажа дека Македонија наша ти била угледен партнер на меѓународната заедница, нато  и земја-лидер во регионот. Јас не знаев. Се штрецнав. Прво реков дан не слушнав убо, дан рече педер во регионот. Не знам. И дремев цела вечер до вторите вести ко во нив истото. Лидер велит.  Е сега не објасни за кој регион. Полошкиот ли, пелагониски ли, регионон на зајчев рид, не знам…..Как да е. Кај сакат нека е само лидер да си.

Зато баталете ги новина…… (пту, пту, пту сатано ајт у вода и таму нека останит ), слушајте ги бисериве наши. Таман работава тргна на арно, држава застана на свој меѓуноѕе сега копај, копај новинариштава. Не бадијала најглавниот бисер од ѓерданов наш, Хорхе, рече дека во земјава наша стабилноста е на завидно ниво и све е под контрола, а соработката е на уште повисоко ниво, а народот требит да е релаксиран. Би не лажел тој, би не заебавал, шо? Прво не би го напрајл то з’ш е бисер, а второ мислиш дека не ја имат читано приказнана за носот кога растит? Ја имат. З’ш да не ја имат. Писмен е. И така е. Ко шо велит.

Си слушнал бре ти дека се случвет некој грозни работи освен некој ситници, како син опрал татко со секира з’ш не му дал мунти, маж заклал жена з’ш му клала шеќер во кафето, отепан сопственик на менвачница, мило детенце пукало со картешници и фрлило две-три бомби, изрешетан и дотепан со куршумче во челцето и слични секојдневни нормални појави кои овие новина….(да би…) ги напумпвет. А?  Е за сите овие благодети не се борет новина…..( се грозам ) туку бисериве наши. Тие не донесоа до ваква благосостојба, да мојш кај сакаш да шеташ без страв до пет поручек, да влезиш в дуќан и ич око да не ти клепвит дал да купиш сто или сто дваесет грама мартадела, да си го пуштиш детето навечер кај сакаш и ич да не му се мислиш дал не ќе се вратит или не ќе се вратит. Се знајт. Не ќе се вратит. И сега кого да го сакам. Нивинариве ( скраја да е ) или бисериве наши. Кажи де, ама отворено. Ете сумирај и сам заклучи.  А најбитното ами. И ја разделија и ја распарчија и мајката и плакаја и пак си е нивна најмила.

ЏИМИ
[email protected]


*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се
ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност
за содржината на истите.