Лангзам народе лангзам. Немат брзање зш не бадијала Анјштајн рекол “брза кучка слепи кучиња раѓат“. Како ам. Ехеееее до 2025 имаме време да ги спроведиме сите реформи, да ја напрајме НСРМ Швицарска на Балканот. Јас се тресев ко прат дан неж напикет одма во ЕУ, та кој гжс ќе расалвеше од работа и ќе се потеше. Јасно ни кажаа и потврдија дека во 2025 година можда, највероватно, би требало, ако не, така да , скоро сигурно ќе влезиме во ЕУ.
Имат сега време и плати да креваме по 0.1 % на 18 месеци, та теренски и хранарина да се вратет за 4-5 години, ама не наеднуш зжш мојт срчката да не акнит и па па. Пчејнца. Па полека за 5-6 години и директори и комисии да се менат, нека покрадет уште малку де, кај не ошло.
Еве ко позавчера си добивме старо нов директор на аредоромот Дубаи. Како бре на МТВ не на Дубаи??? Аааааа извини. Јас помислив на Дубаи зш разбрав станал директор на фирма со 852 вработени. Как да е важно Зајко темелно работеше по она старана: тимот шо победвит не се менвит.
З’ш да се менит директорот кој не сакаше да ги објавуват бомбите? Зжш да се менит чоек кој се заканвеше со помала плата ако паднит власта? Зжш да се менит паметниот кој наместо јавен сервис МТВ ја напрај сервилен сервис на Грујо кој го пушташе нон стоп на програмата како да е производ од “Топ шоп“? Чоек кој во една изјава рече дека го болит ( не кажа шо) дека неговиот Дубаи е најмалку гледана ТВ? И шојмат да ја гледат некој ко телевизијата е напраена е за плетење, ама мрежи плетење, дал рибарски, дал…..важно да се плетит.
Зато викам јас лангзам Зајко, лангзам народе. Полека. Све ќе си дојт на место. Та и Колета да го осудет ако праел беља, а дотогаш нек им се фраерит тој на судиине, нека им кажвит гатанки и народни мисли.
Пак мажов зеде засил з’ш е судивка, виде? Абре ој натопори му се на Жерновски да те видам и залепи му некоја шамарчина а? Тук не ти држит. Ти клокотит газето. Тук и за то го пуштате Миленцено з’ш тој по стамен од тебе, машала пту пту пту да не го урочам право мажиште ко она за на јасли е. А бре маже? Море не те правдам ич.
Ај за некој работи рака на нога те правдам. Пример ко ги пушти Бетмен, Дурло и компанија да лајет по микрофони знам дека ми те болеше грлото. Те видов ко купвеше “Септолете“ ми беше зарипнат паше ти. Не од друго. Ко се собираа пред собрание и ти сакаше да ојш и то здушно, ама ај кутриот шо мојше да прајш ко во моментот беше на санитарен преглед, шо си го чуваш газето, з’ш веќе во план ти беше да отвориш сендвичара.
Исто азар беше ти да ги отвориш вратине од собрание, ама пусто ти се руши гумата од точачето шо одеше кун собрание па мораше да ојш бајлак да ми ти клает. И реално како мојше ти да стигниш на време, мада брзаше ко за на “Тур де франс“, ама то пустото бајлачиште ко шо потфрлаше со задното колце и газето ми ти се тресеше. И ти суми дека дека ако уште малку побрзаш ти да ги отвориш вратите, мојт газето фира да ми ти ојт и ги пушти Мукета и Салета да ги отворат.
Ти и сега би ошол Шутка да ги посетиш сите нив ама јас не те оставам. Немој брате немој личен кај ќе возиш до таму со бајлак ќе ми си го расалиш газето, ќе ми ти се расцветат. Молим те чувај си го ти газето свое, а за тие шо скокаа за тебе имат време, можда и за нив ќе кажиш некој муабет некогаш. Ама сега е најбитно газето твое. Па така сите лидери во НСРМ прает со членството нивно прво морат да си го зачувет своето газе.
А сигурен сум дека и членството твое да го прашаш истото ќе ти речит, а не ко шо викет некој зли јазици дека сите си ги остајл на цедило, дека си ги искористил како куртон фрлен зад МТВ, дека си ги заборајл. Не бре Кољо не си го продавај чифликот туку префрлиси го во странство и од таму ќе потпрашаш за твојте пулени.
Абе види….мене многу пати знајт во колумниве да ми летнит да речам наместо лидер, нешто друго. Можда зш вака сите лидери прајте со газината, не знам.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите