Море ова година некако терсене испадна со датумиве. Велигден се падна за први мај. Чоек да се збунит. Дал да ојт газот да го жулит по тревине за пикници или да кршит јајцата. Јас нормално си го чествував Христовото воскресение.
Арно ама имаше пак и некој кој ептем се збунаја и незнаејќи дал да се зафатат за г`зот или јајцата ја здувнаа за Грција и да ти кажам мајката им плакаја на грциштана. Прво им изнапотрошија еври таму, а да ти кажам и мислам дека тие непара го чествуваа најголемиот христијански празник. Не вервам. Гарант тие влегвет во оние прво спомнатине за г`зојте. Им ојдоа на грците напучени со г`зојте и парче им ги имет напраено нивните фалуси.
Е аку де. Само да им е убо. Ама криво ми е шо со г`зојте напучени ја паднаа она теоријана: грците први почнале да упражњавет секс, ама ко се појавиле македонците им кажале дека то мојт да се прајт со женско. Арно ама ако тие не не` пуштет нас да влезиме во иднината, ние, за Велигден, ги вративме назад во историјата и то со г`зојте наши. Напред македонски г`зници. Газите со г`зојте све пред вас па макар и фалуси.
А не е прв пат датум да ми напрајт ошмара во глава. Пред неколку години со кумот фамилијарно бевме излезени низ градов и седнавме во еден познат реномиран ресторан баш за први мај. Седнавме во 12 сатот , нарачавме да јајме во 12 и 45, салата добивме во 15, ручек во 16 и негде кај 18 ни беше првото ждригање пред да ја платиме сметката. Ко зборнав со газдада ми рече дека го изненадила гужвата. Не ја очеквел и зато не викнал доволно келнери. Рече и од нервоза пљуна на плочките. А јас му се пљунав на датумот и се прашвев како мојше та година први мај да се паднит за први мај.
А види. Јебено е со датумите ако се напрајт ошмара. И то заебано е ако се напрајт кармакараши само во една држава, а другите да терет таман. Ко кај нас во НСРМ. Види сега најдобар пример и најтазе. Ова година кај нас избори се закажаа за 24-ти април. Ама кој ти знаел бре дека пусти тој датум падвит на 5-ти јуни. Е овде да завршеше ујдурмата никому ништо. Ќе си се одржеа 24 –то априлските избори, на 5-ти јуни. Зш така падвит ова година 24- ти април.
Арно ама ко се отвори во календарот да се видит сега пак кога падвит 5- ти јуни…..стап. Нигде не пишит кога падвит овај бутурен датум. И сега избори кога? И сега чаре како? Абре се собраа еден куп странски дипломати дури и на крај дојде и специјален германски пратеник Јоханес Хајндл.
Специјален ами како. Кај нас све е специјално. Специјално обвинителство, ќе имаме специјален суд, специјален……абре генерално од Александар Македонски наваму ние сме си специјален народ. А мораше да дојт Јоне. Зш сите шо дојдоа пред него ја посраа работата. И башка ко сме неписмени сами да читаме календари морат да дојт некој писмен. Те некој од нив го најде 25-ти јуни во ноември, те до година те…
Абре уште толку све се врза на глуж. Дојде Јоне, седна со п……. уф….со лидериве на партииве, календарот пред него, гатаа, гатаа, те со грав, те со ченка, им зеде по едно влакно од косата на сите, те со посрани гашчи на полна месечина….и тој сирот никако да одлучит.
Џанам чоекот не замина без инструкции. И коректен беше. Пошто цел свет немојт да го најт 5-ти јуни кога падвит во НСМР, пред да заминит чоекот им рече дека дур тој го гледат календарот во Германија, нашиве да го свикет парламентот, хитно, ургентно, да се почнит чекор по чекор да се барат датумов. Зш види. Ако не за друго оние шо имет роденден на 5-ти јуни не знает шо да прает. Требит да напрает покани за да си ги поканет другарчињата, да резервирет во некоја игротека, па во која игротека….мада види….ова нашиве политичари цела НСРМ ја напрај ја игротека, така да…
Значи парламентарците назад и да пробет заедно да напрает нов календар за 2016 година, да се почнит од 1- ви Јануар, па датум по датум да излезит од негде грешката. Е сега остана уште еден чекор, кој ко ќе ти го објаснам ќе виш дека сум бил во право за една работа последниве 15-16 години.
Е требеше некој да побарат и официјално да се вратит парламентот цурик. И то го напрај кој ако не друг, најголемиот спасител на НСРМ, борецот за човекови права, чоекот кој две децении ги потроши за арно на сите шо бидисуваме во ова држава. Шок Али Амети. Фалимендерит. Виде дек бев во право дека е борец за права? Неколку дена се думав, анализирав зш баш тој то го напрај. И се сетив. Од четворицата п….. лидери де, изгледа само тој го чествуваше Велигден, изгледа само тој имат јајца, а останативе тројца, г`зот под рака и на цепење во Грција.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив