Абре окапав на лап топ. Нерви искинав. Се убив чекајќи. А шо не пробав. И ништо и ништо. Овај Филе ти бил гнаса. Од ко беше дојде во државава му пратив френд реквест и на фејс бук и на твитер и стап. А шо не напрајв. Кај шо можеше му лајкнав му пишав по некој коментар и пак ништо. Море огледалото го пропрајв в клозет и се сликав, го тагнав на  сликата ….не бре и не. Нерви искинав. А морам да сум упорен. Е како зш? Па да разберам зш беше во државава. Зш само така можам да разберам шо муабет имат напраено, зш тој за развиени држави ко Боцвана и нашава не држит пресој, туку како наш добар френд објавит на твитер.

И сега само можам да нагаѓам шо се дрндало на состанокот. Ама не е то то да лупаш. Можда ги имат искарано на Бране и Коло, можда не. А вака ќе си видам на твитер: ноти ноти бојс. Можда му рече на Бранета да се приберит дома доста по улици скитат. Ам како. Имат тој жена и деца или немат? Да земит да запеглат, да  исперит на раце то шо е за на раце. Пример велам. Можда не перит на раце. Ко мене. Јас например гашчи в машина не редам. Додуша купвам све македонски долен веш, ама пусти тој ко ќе се извалкат за нигде е. Е то му е мана на вешов македонски, долниов. Никако не мојш да го средиш ако станит прљав веш, македонски. Мораш да го извријаш да трзаш да трзаш….како ам. А претпостављам дека на Бранка му е јок долниот веш, ептем прљав. А каков да му е ко по цел ден по улици е ко проматар.

Ај кај се нервирам со Филета, туку ми идеше да се самоизедам шо не гледав како Никола го бомбардирет пет сати кај Миленко во негована емисија. Немав разбрано кога ја давет. Дури и ете одеше и кајрон дека ќе ја репризирет по барање на гледачите. И то “гледачите“ како да беше нагласено. Демек дан сватиме ние тиквариве дека Коле му рекол на Миленка пак да ја пуштит. Скраја да е. Гледачиве барет. Како шо под притисок на гледачиве го репризирет Сулејман, Шехерзад, Долина на волците…..е така сега побараја да се репризират и голготата на Коле кај Миленко. Кизнајт колку се имат мачено чоекот, зш претпостављам колку незгодни прашања му се поставени. Ексик.

Дур чекам Филе да ме прифатит ми текна, ме сретна еден чоек пред некој ден  на улица и ме праша зш сум пишел само неубај работи во колумниве мој. Зш не сум расплетел некоја уба прикаска. Не му реков. А сакав да му речам. Или не ги читат колумниве или му смрдат чорапите. Зш напротив јас мислам дека само убај работи пишам. И не ми промаквет.

Ев сега како да не напишам нешто за генијалната идеја на Тодоров за студиите по медицина. убајна. Со новите негови предлози кој се запиша на медицина одма мојт да зејт пензија. Да бе. Зш види….да студирет две години, то по новото де, па после да полагале некој испит. И то англиски. После четвртата година пак испит некој. После петатта да имет три месеци пракса, па три години да стажирет, па пак испит. Ако сето то го поминет морат да поминет приправнички стаж во некоја аптека, седум осум години, па на биро десет години, па таксисти некоја година  и таман ќе си дојт време за пензија. Како ам. Она ти е двор ти е газот чаршија.

А да се разбериме една работа.  Абре морат докториве да знает англиски и точка. Зш НСРМ наша е полна од странци, џуба џуба е , и кај да е некој мојт да имат здравствен проблем. И замисли влегвит кај некој доктор и му велит: I have problem with my asshole, my hemorrhoids are out. И овај да бленит ко теле ак незнајт англиски. А ако си знајт одма ќе му дајт фак ту супозитории, за в гас и ќе му ги излечит хеморидите. Не така? Пример велам сега неморат да се хемориди. Шо сакат нека.

Чеј да видам. Ебати то Филето ебати. Уште не ме прифатил. Шо ли имат праено муабет ко дојде. Тук дур чекам еве уште една работа уба да ти кажам. Сум ти пишел само лоши…..абе ој шетај….Еве градов наш како се средвит. Аце не остават така ниту еден ќош забораен да не го средит. Еве пред некој ден врвев на Сирма Војвода под  баракине….милина. Години немаше сијалици по бандерине. Ко ќе одев кај Лопезон тук се матинав по дупчишта, по калој, во бари…..ко љиљак. Темница. Еве сега гледам чоекот клал сијалици. Ам како. Сега све се гледат. Одиш и си газиш кај сакаш. Сакаш во поплитко, сакаш во по длабоко. Сакаш во свежа не згазната кал, сакаш по трагите од некој шо пред тебе поминал. Милина.

Или на пример улицава наша. Ова зад собрание. За канцеларијана од градоначалникон. Еве кај да е готова е. Екпресно. Ни петнајсет години не поминија. Ни имет клаено тампон сега. Даааа бееее. Е сега од ко кладоја, еднаш ја копаја пак да клает за кабловска, само еднаш после то ја копаа за да доклает цефка зш забаројле за атмосферска вода, после то само еднаш зш скинале кабел за струја, па копаа само уште еднаш зш на еден од мајсторите му паднал кључот од подрумот….и знам дека само уште еднаш ќе ја копет зш првиот пат не го нашле кај е скинат кабелот. И толку.

Опааааааа….Кочи. Стој. Оф оф оф мераци….“Филе ис нау френд вит Џими“….. Јес јес. Мислев уште да пишам убај работи, ама морам да чатам со Штефана. Да разберам, ал ќе ја делат, ал не државава, ал ќе се приберит Бранко од по улици ал не, ал ќе ја репризирет емисијана од Миленко ал не, алСубрата е глумец на траги комедии ал не, ал на баба ќе и паднит брадајцана од носон ал не, ал ….

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.