Абе ал го знајш она….поговорка ли беше, умотворба ли беше гатанка ли ….незнам шо беше ама знам како беше…она знајш ко ќе ти е судено да те дупат  гашчите сами ти се слекват. Богами. Абре некако цела недела бев збунат, некако ко вџашен ко портпалорон на лустрациска, ко да ми се палардисвеше нешо, море место не ме држеше, како трема да имав, како пролив да ме фаќаше, како да чекав Бранко, да ме спасит,  гжс папир да ми донесит, да ме забришит….незнам.

А почна уште вторникот. Дента, ко шо си прам секој вторник, исмукав, кладов за штиркање она миленцињана веќе преку гла ми се дојдени, ги  кладов то гашчите да се варат во тенџерено губи шо варам, ги средив ноктиве и реков ќе пуштам телевизија душа да поземам и ќе се депилирам. Пуштам и …..ШОК… ШОК… ШОК… ШОК…Абре така не се имам здрвено од ко кажаа за Шехерзад ко избега од свадбата со Онура. Лелее мајкооооо.

Го гледам Филе, со оние за евроинтеграција, ги фрли слушалките, тропна на масата и ко пушти еден глас, лелеле мајко мила, абреТарзан: АБРЕ КОПУЦИ (вака бар преведоа, жими политичарине, да испукет до еден ако лажам) ДО КОГА САКАТЕ ДА СТОЈТЕ ПРЕД ВРАТАТА НА ЕУ??ААААААААААА???? Леле ко го видов ова. Лелееее. Си реков каква депилација какви бакрачи, ми се тресат рацеве, денес како секој вторник депони препилирам….не….препони депилирам. Седи тука си реков дан скиниш то дисаѓите та и жена ќе те остајт и никоја друга не ќе те ни поплукат и само Букефал  ќе останит во НСРМ со мадиња. Зш во ова нашва држава не оти имат чоек со мадиња. Како ам.

Останав гафил. Менав телевизија….ко на другата Филе не фалит. Реков ова дан е некоја реприза? Не бре онај Ивона, брат му на Латаса, ја гледам , а под знакон на “Бајковизија“ пишит во живо. Пак на предходната уште пиштит, викат, карат. Назат кај онај Ивона…убајни. А си реков и овај се стори ко нашиве. На една едно кажвит на друга  друго. Или него го стегет чорапине или нас ни се слеквет сами гашчиве. Се инзервирав. Зедов телефонот и му вртам на Филе…….претплатникот не е…… авејлбл плис кол лејтер…….паратагуаси нукашт н  диспозицоин јулутами провони мовон.

Знаев. Исклучен е. Ама знајт шо ќе му речев. Зш прошлиот пат му најавив. Му реков ако се премисвлиш како млада невеста во мубаетите, ако лажиш ко нашиве политичари  за тебе само еден лек имат да ја кажиш вистината. Те праќам кај другар ми Васко Ефтов. Леле леле мајко ко ќе ми те подберит: Кога дојде? Од кај дојде? Зш дојде? Со шо дојде? Исполнвит РМ ….да или не?….. Реков  со ДА или НЕ!!! Кој те возеше? Шо ќе речиш? Зш рече? Ќе не примите? Како рече кажи пак!!!!  Кој те чешлат? Тогаш рече…а сега викаш? Имаш дечко? Зш не не примите? А тогаш ко рече дека….а  сега ми се кријаш ко БИП поткошула…..Татко ти те имат ко мал малтретирано?????  Абре нефесот ќе му го зејт. Дур се свртит ќе кажит и во која градинка одел и која учителка за гжс ја штипел и кога изгубил невиност и со која, а можда и со кого. Ам така де. Васе многу многу не драпат и не се лигајт како политичариве наши и не лупат ко Максим по дивизија.

И таман се смирив ја наместив препонава, зедов то депилаторот кога таму притисок ми кренаа ова новинаришчава. Абре де бре ко  му запнаа на Ирфан Асани директорон на Македонски Железници зш немал донесено чоекот преведувач од албански на македонски на прес конференција која се оддржвит во Македонија???? Ејјјј…алооооо.  Абре убо ви рече, имат вие да си носите бре зш така е поефикасно. И плус то не му требит нему да си носит. Кому му требит нек си носит. Вас ви требит и носите си вие. Дан сакате чоекот да ви носит и гжс папир ко ќе ви се примочат? Или дан сакате да ги користите тоалетите од МЖ пред и по прес конференција???? Алоооооо. Абре и гуски и лопати и нокшири ќе си носите и мочајте тотолете се и преведвите ако сакате со гугл. Кој ве тркалат. Колку шо е држава твоја, толку е и негова и башка  уште толку појќе ние му ја даваме на Ирфана и на другарчињана негови на тацна и сега …..новинаришча. 

Нејсе се средив, се раскречив да депилирам левава препона, ко то : „Затвори ја устата и затни го носот. Изброј колку време можеш да издржиш без воздух“…..мајката….слушам понатака дека ова ти била лекција во учебникот од второ одделение по предметот “Запознавање на околината“. Браос. Аферим. Ашколсум. Значи поуба лекција амин. И да ти кажам едвај чекам да присуствувам на ваков час….елбете да видам колку деца ќе издржат, колку ќе паднат ко пупунци, колку ќе одат фира како пример за преживеаните да знает до кога да посинвет со затнат нос и уста.

Е сега не ја сретнав лекцијата  да научат децата како да преживеат во денешно време со малку храна. Мојт на пример да им дајме задача како да поминат една недела со 75 грамска паштета и со пола крајшник. Ако преживеат полека ќе им ја намалвиме обилната храна. Пример викам…… Абре то требит да трааааајт алоооооо. Не ќе ни се потапанвет децава. Абре тенко мачкање и крај.  Чек малку …..гашчиве сами ми се слекоа. А гледа и твојте. И од сите.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.