Абре каков чоек ќе беше овај Кољо Тупанче министерот за правда. Е ко ова дете бар 3-4 совесни да имаме во владава ќе станиме Холандија, зш ќе и цутат љаљиња на нашава македонска напатена земја. Ама ај најди ги де. Мојш 100 кубици борина да потрошиш ама јок. Ни на местен тендер немојш да го ќариш. Еден е во светов ваков. Друг немат зш ќе си сметет еден на друг од добрина и правдина.
Алал да му е. Кажа дек немат вечерва да бидит во Португалија да ја бодрит репрезентацијата во историскиот натпревар з`ш неговиот заменик не е во државава. Италија беше чоекот з`ш неговиот заменик си беше дома и делеше правда. А бидвело ваква држава без правда да останит ради една утакмица? Жртва си е жртва. Браво Кољо.
Можда и поарно шо не ојт. Пак неки зли језици ќе го нападнат дека на сметка на државава бил. Глупости. Ете пример Фетаи шо беше со него прикажа неколку сметки: една за бурек со маслинки, една за шпагети во Палермо….и уште некои битни. Зато одма не напаѓајте како муви без гла, ко Путин на Зелински…..мислите малку.
„Браво“ и за навивачите у Скупје шо славеа и шо скандираа против Албанците. Јас ги разбирам, ама не знам дал тие разбирет дека дел од репрезентативците баш се Албанци. Е сега не дека ги правдам ама според нив во репрезентација игрет: Адемоски, Бардовски, Муслиев и други??? Јок. Ама види….на пијан и неписмен не се замервит. Помочај им се.
Јас на пример не и замервам ни на Сузи Шуц, германкана, директорката за западен Балкан ко праша дека требит да се определиме дали сме за ЕУ или Русија. Всушност сакат да знајт дал сме против ЕУ и ако сме да ни ги одземат сите позитивни препораки за пристап кон пристапниот пристап за пристапување кон преговарање за ЕУ. А пази….не е една. Миљарда препораки имаме до сега добиено.
То не е за заебанција. Ај нек се пофалит некоја земја со такво богатство? Ај нек се пофалит нејзината Германија дека толку е препорачана. Стап. Значит шо? Љубомора бате. Љубомора. Ко за пијаниот и неписмениот јас и на љубоморниот не му замервам. З`ш ако имат љубомора имат и љубов. Значит шо? Не сакат бре Сузетоооооо. Исприштена е по нас, од љубов према оваа нација како и цела ЕУ.
Е сега не само браво. Туку и УА. Уа сведоците на последното рочиште за плацојте на Водно. Како можеше Мијалков цела вина за плацојте да ја префрлит на брачетаму Зоне. Абре крв сте бре алооооо. Ти за брачед да речиш дека сам купвел плацој па ги сменал за три станој со над 700 квадрати е просеравање пред правдата на Бога. Во каков тежок момент фрлаш невистини на братати. Тој онаму се мачит со јазикот, никако немојт да го пофатит унгарскиот. Секој ден в кафана нарачвит само гулаш з`ш грав покомплицирано му е. Абре чоекон се кромидоса од јадење кромид во гулашот. Санќим драчевчанец е.
Немој така Сашенце.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите